Црна хроника
Скопјанка прегазила полицаец и удрила во две паркирани возила од кои еден бил полициски

Денеска околу 00:30 часот на бул. Гоце Делчев во Скопје, патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(32) од Скопје, удрило во запрено службено полициско возило.
Потоа, според полицијата удрилa во полициски службеник и уште едно запрено патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Х. (27) од Скопје.
Во незгодата со телесни повреди се здобила С.А. и полицискиот службеник, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Полицијата информира дека бил извршен увид на местото на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Лишени од слобода лихвар и неговата сопруга од Неготино

Црна хроника
Фатен малолетен крадец во Дебар, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот

Црна хроника
18-годишник пријавен дека сексуално ја злоставувал ќерката

Четириесет и шестгодишен маж од скопско пријавил дека во мај годинава, 18-годишен скопјанец извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
– На 09.10.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж од скопско, пријави дека во мај 2025 година, 18-годишник од Скопје извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, стои во денешниот полициски билтен.