Свет
(Видео) Експлозии на Крим, нападнат руски аеродром

Украинците јавуваат дека во текот на ноќта се слушнале експлозии во окупираниот град Џанкој на Крим. Според информациите на украинските медиуми, погоден е руски аеродром.
„Укринформ“ објави дека експлозиите се слушнале доцна синоќа цитирајќи локални канали на „Телеграм“.
Вторник, веројатно, беше денот кога беа извршени најмногу напади врз Украина во еден ден од првата недела од руската инвазија, соопшти британското Министерство за одбрана, поради што многумина го сметаат гранатирањето на Крим како одмазда против Киев.
„Муниција беше лансирана од воздушни, морски и од копнени платформи. Иако голем дел од проектилите беа успешно пресретнати, Украина се соочува со значително намалување на достапната електрична енергија од нејзината национална мрежа. Ова ќе влијае на цивилниот пристап до комуникациите, греењето и снабдувањето со вода“, се наведува во соопштението.
Explosions are being reported in occupied #Dzhankoi, #Crimea. Allegedly, a #Russian airfield was hit. pic.twitter.com/0QBZRxJplS
— NEXTA (@nexta_tv) November 17, 2022
Исто така, гранатирањето на Крим се случува по неодамнешните настани во Полска, кога две ракети паднаа на тамошната територија и загинаа две лица. Американскиот претседател Џо Бајден и претставници на НАТО објавија дека на територијата на Полска паднале украински проектили, кои биле лансирани за пресретнување на руските.
Володимир Зеленски ги негира овие наводи и побара докази, но Полска одби да ѝ дозволи на Украина да учествува во истрагата, а Бајден најави дека „зборовите на Зеленски не се доказ“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелски војници забележани во градот Газа

Палестински очевидци тврдат дека во градот Газа забележани се израелски војници.
Според нив израелските војници биле забележани во населбата Сабра, во близина на зграда во која порано се наоѓало училиште.
Израелските војници наводно се заблежани во градот Газа откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одобри план за преземање на градот, во кој живеат околу еден милион луѓе.
Израелската армија не ги коментираше палестинските наводи, истакнувајќи оти не ги открива позициите на своите војници.
Претходно Израел соопшти дека планира да евакуира околу еден милион жители од градот пред офанзивата, која се очекува да почне најрано во септември.
Свет
Зеленски вели дека постои вистинска можност да заврши војната во Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави дека следните денови ќе бидат готови безбедносните гаранции за неговата земја.
Тој, по телефонскиот разговор со премиерот на Холандија, Дик Шуф, на платформата Икс објави дека „во моментот тимови на Украина, САД и европските партнери работат на решение“.
Според Зеленски постои „вистинска можност да се заврши оваа војна“, додавајќи дека Украина е „подготвена за конструктивни чекори што можат да доведат до вистинскиот мир“.
– Русија од своја страна не покажува намера за мир и продолжува да ги гранатира нашите градови. Сите сигнали што доаѓаат од Москва овие денови ги толкуваме на ист начин. Ни треба притисок за промена на нивниот став, како и состанок на највисоко ниво за да се разговара за сите прашања, посочи Зеленски.
Свет
Северна Кореја тестираше нови ракети

Северна Кореја вчера истрела два нови противвоздушни проектили за уништување на различни воздушни цели, меѓу кои дронови и крстосувачки ракети. Тестирањето на новото оружје го надгледуваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Како што јави Корејската централна новинска агенција (КЦНА) новото оружје има „супериорна борбена способност“ и користи „единствена технологија“.
Тестирањето на ново оружје се одвива во време на зголемени тензии со Јужна Кореја. Официјален Сеул вчера соопшти дека на 19 август јужнокорејски војници отвориле предупредувачки оган кон припадници на севернокорејската армија, кои накратко навлегле во Демилитаризираната зона.
Исто така во регионот се одржува заедничка воена вежба помеѓу Јужна Кореја и САД, а за утре е предвидена средба на американскиот претседател Доналд Трамп со новоизбраниот јужнокорејски претседател Ли Џае-мунг.