Македонија
Петровска – Аџиќ: Заедничка посветеност на регионалната безбедност

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска го прими министерот за внатрешни работи и вршител на должноста министер за одбрана на Црна Гора, Филип Аџиќ, со кого разговара за безбедносната состојба во регионот, како и за интензивирање на билатералната соработка помеѓу Северна Македонија и Црна Гора како две сојузнички земји во алијансата.
„Северна Македонија и Црна Гора како членки на НАТО имаат одговорност и обврска да ги штитат мирот, безбедноста и стабилноста во регионот. Најдобар одговор на безбедносната нестабилност предизвикана од руската агресија врз Украина е уште посилната и посеопфатна одбранбена соработка, која придонесува за зголемување на капацитетите на двете армии и зајакнување на интероперабилноста со сојузниците“, истакна министерката на средбата.
Двајцата министри се заложија за продолжување на соработката во доменот на школувањето и обуките. Министерот Аџиќ, пак, се заблагодари за можноста за обука на припадниците на војската на Црна Гора на армискиот полигон „Криволак“.
Министрите се осврнаа и на справувањето со хибридните и сајбер-закани, особено имајќи предвид дека сме сведоци оти цел на напади се и држави од регионот, земји членки на НАТО. Петровска и Аџиќ се согласија дека остануваат посветени на развојот на билатералната одбранбена соработка и дека и двете земји како НАТО-членки претставуваат столб на безбедноста во регионот.
На Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ се школуваат и питомци од Црна Гора, што е доказ за нејзиниот квалитет и приказ на доверба од Црна Гора дека Воената академија продуцира офицери со воени и лидерски вештини. Во моментот на Академијата се школуваат 15 питомци од Црна Гора.
Северна Македонија и Црна Гора во областа на одбраната соработуваат од 2007 година кога беше потпишан и меморандумот за соработка. Планот за билатерална соработка за 2022 година предвидува 17 заеднички активности, од кои 11 се во Северна Македонија, а 6 во Црна Гора. Во овој план се опфатени средби на највисоко ниво, билатерални консултации, експертски разговори во одбранбената политика, набавките и модернизацијата, како и школувањето питомци на Воената академија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фото) Герасимовски со водњанци: Реконструирани 20 улици во општината, приоритет се безбедноста и подобра инфраструктура во маалата

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, во рамките на караванот „Се гледаме во маало“, се сретна со жителите на Водно. Средбата помина во конструктивна атмосфера, каде отворено беа споделени проблемите и предлозите за унапредување на маалото.
Жителите побараа поставување урбана опрема на повеќе локации, а изразија загриженост за безбедноста во сообраќајот, поради несовесните возачи. Побараа „лежечки полицајци“ и сообраќајни знаци за намалување на брзината, како и редовно кастрење на зеленилото што го попречува пешачкиот простор. Ја пофалија и работата на хигиеничарите кои , како што рекоа , се постојано на терен и посветено се грижат за чистотата, известува општина Центар.
Герасимовски посочи дека континуирано се работи на подобрување на патната инфраструктура во општината. Во делот на Долно Водно е завршена реконструкцијата на улицата „Елисие Поповски“, на потег долг 700 метри, за што се издвоени 13 милиони денари.
Претходно беше реконструирана и улицата „Антон Панов“.
„Инфраструктурата и поврзаноста на Центар ни се приоритет. Реконструиравме 20 улици низ целата општина, затоа што секое маало заслужува уреден јавен простор и безбедни улици“, истакна градоначалникот Герасимовски.
Караванот продолжува денеска во Пајко Маало (кај Филхармонија), со почеток во 18:30 часот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Криминалецот Ацо Велковски, кандидатот на СДС за општина Лозово, е сигурна формула за длабок пораз

„СДС нема квалитетни кадри и како резултат на тоа по четврти пат во Општина Лозово го кандидира Ацо Велковски. Доколку СДС имаа луѓе со капацитет, немаше да го кандидраат човекот кој има доживеано два локални порази и кој зад себе има повеќе кривични дела“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Велковски е осуден за повеќе кривични дела и тоа за несовесно работење за кое му е изречена казна затвор од времетраење од 1 година и 6 месеци. За кривичното дело проневера во служба, на Велковски изречена му е казна затвор од 8 месеци која беше заменета со алтернативна мерка условна осуда.
Освен овие две Велковски има и уште едно кривично дело и тоа за неовластено навлегување во компјутерски систем, за што судот му изрекол казна затвор од 3 месеци и истата е заменета со алтернативна мерка-условна пресуда.
И ова како да не е доволно за криминалната матрица на СДС, Венко Филипче повторно го избра Ацо Велковски да биде кандидат на локалните избори.
И ова не е ништо друго освен сигурна формула за загарантиран и длабок пораз на СДС на претстојните избори.
СДС повторно ќе „трча“ со истите луѓе кои имаат длабоко криминално досие, но граѓаните препознаваат и нема да дозволат општината да се врати во времето кога се бркаа бремени жени од работа, и кога се изживуваа со вработените во општинската администрација.
Ацо Велковски, кој работеше исклучиво само за свои лукративни цели не може да биде вистинскиот избор за Општина Лозово.
Наспроти овие кадри, кои се и повеќе од познати во јавноста по своите криминали, ВМРО-ДПМНЕ нуди кадри поткрепени со знаење и професионализам“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
„Влен“: Али Ахмети, дијаспората заслужува одговор – со каков договор ја предаде?

По долго молчење, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, конечно реши да проговори. Да се каже дека „пописот бил во рамките на договорите“ не претставува само јавно признавање на одговорност, туку и шокантен доказ за политичките пазарења направени на грбот на албанската дијаспора. Оваа изјава не е објаснување, туку скандал, велат од Влен.
Затоа, додаваат од коалицијата, Али Ахмети мора јасно да одговори: со кој договор, со кого беше постигнат, во чие име и дали тој договор значеше бришење на албанската дијаспора од официјалните регистри?
„Ако е така, тогаш тоа мора јавно да се признае. Дијаспората заслужува одговор, а одговорноста е неизбежна. ВЛЕН ќе продолжи да го крева гласот за правата на секој Албанец, во земјата и во дијаспората. Дијаспората не е бројка што може да се избрише, туку срцето што ја одржува живa економијата и надежта на оваа земја. Ние го цениме нивното жртвување и сме решени да не дозволиме ниту една политичка измама да го негира нивниот придонес“, велат од Влен.