Спорт
Барселона доби забрана за купување во јануари

Ла Лига ги урна плановите на Барселона за зимскиот преоден рок. Проблем повторно е финансискиот ферплеј, поради клубот, доби забрана за трансфери.
Џоан Лапорта, првиот човек на Барселона, не може да го разбере овој потег на Ла Лига.
„Моравме да направиме некои тешки, непопуларни потези. Тоа беа економските операции, кои го спасија клубот од пропаст. Сега сме во фаза на закрепнување и набргу ќе застанеме на нозе. Очекувам добивка од речиси 270.000.000 евра, но и покрај тоа, според правилата за финансискиот ферплеј на шпанската лига, не можеме да донесеме нови играчи. Односно, не можеме да ги регистрираме“.
Лапорта смета дека прописите треба да им овозможат на клубовите да водат пофлексибилна кадровска политика.
„Се обидуваме да ги убедиме дека правилникот треба да биде пофлексибилен, да треба да се толкува и на поинаков начин. Овој правилник е прилично бесмислен“.
Според неговата перцепција, постојните правила треба да се усогласат со оние во другите европски лиги.
„Не треба да има нееднаквости како што ги имаме денес. Во Премиер лигата, на пример, сè е пофлексибилно отколку во Шпанија. Сите ние треба да имаме исти можности и обврски“.
Лапорта призна дека сезонската елиминација од Лигата на шампионите во групната фаза е голем удар за клубот додавајќи дека позицијата на Чави како шеф на стручниот штаб не е загрозена.
„Елиминацијата од Лигата на шампионите беше голем удар за нас, но на сите им е јасно дека оваа сезона примарна цел е освојување на домашното првенство. Сигурен сум дека тимот со Чави само ќе се подобрува. Среќни сме што го имаме за тренер, тој знае како дише овој клуб и како треба да игра“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Донарума во солзи, ужасна повреда на Мусијала

Првото полувреме од четвртфиналниот натпревар на Светското клупско првенство во Атланта помеѓу ПСЖ и Баерн ја обележа ужасната повреда на Џамал Мусијала.
Третиот четвртфинален натпревар на Светското клупско првенство, кое се игра во Атланта, во најавата изгледаше како вистински фудбалски спектакл, а дуелот помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн Минхен ги оправда очекувањата, барем до крајот на првото полувреме.
Пачо прво го блокираше Џамал Мусијала, а потоа интервенираше Џанлуиџи Донарума. Голманот на Италија успеа да ја фати топката во обид да стигне до топката, но во таа прилика незгодно го закачи и германскиот репрезентативец.
Мусијала остана да лежи на тревата во болки, а медицинскиот тим веднаш се упати кон теренот за да му помогне. Впчаток е дека станува збор за фрактура на зглобот.
Así le quedó el tobillo a Musiala. No se puede creer! pic.twitter.com/KiiuAaQHHW
— Mateo Aymard (@Mateoaymard) July 5, 2025
Донарума брзо ја сфати сериозноста на ситуацијата – се фати за главата и го „закопа“ лицето во дресот, видливо потресен од она што се случи.
Heavy emotions for Donnarumma as Musiala appears to have suffered a serious injury 🤕 pic.twitter.com/CvbzmFHDCU
— 433 (@433) July 5, 2025
Спорт
Дејвид ќе го предводи нападот на Јувентус

Она за што се зборуваше со денови, во саботата доби потврда, Џонатан Давид е нов играч на Јувентус.
25-годишениот фудбалер потпиша договор со Јувентус до 30 јуни 2030 година, а во клубот доаѓа како слободен агент.
Канадскиот фудбалер, ја започна својата кариера во Отава, а потоа играше за Гент и Лил.
Дејвид играше во Лил во претходните пет години и постигна 109 гола и 30 асистенции во 232 натпревари.
Тој одигра 67 натпревари за канадската репрезентација и постигна 36 гола.
Во моментов се шпекулира дека доаѓањето на Дејвид е знак дека раководството на клубот одлучило да го продаде Влаховиќ ова лето.
Останува да се види што ќе се случи во следните неколку дена.
Foto/ EPA-EFE/MOHAMMED BADRA
Спорт
Ферстапен со брилијантен круг до пол-позицијата на Силверстоун“

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Велика Британија, 12-та трка од овогодинешното првенство во Формула 1.
Актуелниот шампион стигна до најдоброто стартно место со неверојатен круг и време од 1:24.892 минути, со десетинка предност во однос на Оскар Пјастри во Мекларен.
Вториот возач на Мекларен, Ландо Норис, го имаше третото време, а неговиот сонародник Џорџ Расел од Мерцедес ќе стартува веднаш до него од вториот ред.
Рекордерот по број на победи на „Силверстоун“, Луис Хамилтон, ќе стартува од петтото место. Третиот ред го комплетира неговиот тимски колега Шарл Леклер.
Следува Андреа Кими Антонели, но возачот на Мерцедес има казна од три позиции и ќе стартува од 10-то место. Осмие е Оли Берман од Хас, зад него се Фернандо Алонсо (Астон Мартин) и Пјер Гасли (Алпин).
Големата награда на Велика Британија е закажана за недела во 16 часот.
Foto/ EPA/PETER POWELL