Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Афера „Паразити“ – над 2 милиона евра тежат хонорарите и платите за 11 функционери
Владата бара од граѓаните да штедат, да готват во помали тенџериња, се правдаат дека нема пари за стопанството, нема пари за здравството, земјоделството, студентите, ама затоа не им ги чепка баснословните хонорари и плати на своите функционери, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Вчера, објавивме дека само тројца функционери ја чинат Македонија околу 500 илјади евра за еден мандат.
Кире Наумов како директор на македонската банка за обнова и развој зема 2.500 евра, или за еден мандат ќе инкасира 120.000 евра. Директорот на АЕК во услови кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај, има месечна плата од над 2.000 евра или 30.000 евра годишно. Во „Телеком“, пак, каде што Владата има свој удел, Славко Пројковски како финансиски директор има плата од над 6.000 евра, односно за еден мандат добива дури 288.000 евра.
Ако на овие плати ги додадеме и надоместоците на функционерите, кои претходно беа обелоденети во аферата „Паразити“, како што се тие на Жерновски, Љушев од „Телеком“, Станкоски од Тутунскиот комбинат, Хамиди и Крстевски од М-НАВ, Тунтев од Цивилното воздухопловство, Ѓорѓиев од ПУИК, Зиков од МЕПСО, тогаш доаѓаме до фантастична бројка од над 2 милиона евра за еден мандат за 11 функционери“, велат од опозициската партија.
Од таму прашуваат: Колку семејства може да живеат со 2 милиона евра? Колку студенти може да се прехранат? Колку медицински апарати и лекови може да се набават?
Аферата „Паразити“ го откри лицемерството на оваа власт на СДС и ДУИ. Оваа афера покажа дека за елитата на власт нема криза. „Паразити“ покажа дека лажните социјалдемократи кркаат дебели хонорари додека народот гладува. Аферата „Паразити“ и денес ќе открие нови случаи на аздисано трошење“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Герасимовски: Даваме субвенции за нови фасади за зградите и ги обновуваме
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека во вториот мандат се обновуваат фасадите и се зголемува енергетската ефикасност на зградите.
„Станарите добиваат субвенции за нови енергетски ефикасни фасади, што ги намалува трошоците за греење и ладење, а истовремено добиваат современ и уреден изглед на своите згради. Со обновувањето на фасадите, Центар добива нов, модерен, но и автентичен лик. Ја чуваме старата архитектура и ја уредуваме градската средина“, рече Герасимовски.
Тој потенцираше, дека паралелно се поставуваат и фотоволтаици на училиштата и општинските објекти преку претпријатието „Енергија Центар“.
„На тој начин, штедиме енергија и ги намалуваме трошоците за електрична енергија и до 50%. Работиме одговорно, современо и одржливо. За Центар што го сакаме!“, изјави Герасимовски.
Соопштенија
Манасиевски: Од историска победа нè делат само неколку дена
На 2 ноември сите заедно да го заокружиме бројот 9, за финалната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, Карпош, Шуто Оризари и Градот Скопје, повика Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од оваа историска победа не делат само неколку денови. Со 33 освоени општини во првиот круг, водство во 21 од 27 општини во вториот круг и доминација во советничките листи, ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните заедно ќе ја потврдат промената што ја започнавме. Имено, во Аеродром победивме со околу 9.500 гласови разлика. Во Карпош водиме со околу 1.500 гласови. Во Скопје убедливо сме пред второпласираниот со над 60.000 гласови. Во Шуто Оризари обединети, одиме кон пресврт и конечно враќање на довербата во локалната самоуправа. Советите се клучни за реализација на нашите проекти и визии. Имаме убедливо мнозинство од 15 советници во Аеродром, 11 во Карпош, 18 во Град Скопје и 4 во Шуто Оризари. За оваа победничка слика да биде целосна, потребна е вашата поддршка. Поддршка за проекти, за визии, за граѓаните“, рече тој.
Соопштенија
Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух
Кандидатот за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, Aлександар Јовановски, во предизборната програма предвидува нови садници во општината за почист воздух.
„Почитувани, нашиот град Кичево беше познат по богата шума, по огромен шумски појас, по боровите, по чистиот воздух, по убавата животна средина. За жал, еден дел од тој шумски појас се уништи со несовесно користење и дел со изградбата на големиот проект за автопатот кој ќе не поврзува со Охрид. Кога ќе дојдам на позиција градоначалник, веднаш ќе преминам кон проект за пошумување и враќање на старата шума со што ќе допринесеме за почист воздух, почиста животна средина и поубав живот за сите нас во Кичево“, вели тој.

