Контакт

Вести

САД првпат на Русија ѝ предале податоци за локациите на умерената опозиција во Сирија

Објавено пред

САД првпат на Русија ѝ предале податоци за распоредувањето на сириските вооружени опозициски групи кои ги поддржува Вашингтон, и нивната анализа покажува дека разграничувањето на ткн умерена опозиција и исламистичките терористички организации уште не е спроведено, како што предвидува американско-рускиот договор од минатата седмица постигнат во Женева со цел да се создадат услови за заживување на политичкиот процес за завршување на пети и полгодишната војна во Сирија.

dobivaj vesti na viber

Ова во петокот на новинарите им ги соопшти специјалниот претставник на руското министерство за одбрана во целната група за надгледување на прекинот на огнот и хуманитарни прашања во Женева, полковникот Александр Зорин во текот на видеоконференцијата со Националниот центар на одбранбената управа во Русија, пренесува агенцијата РИА:

Според него, руската страна ги добила документите за време на средбата со претставниците на Пентагон и разузнавачките служби на САД во Женева.

„Ги проучуваме денеска предадените материјали, кои се однесуваат на регионите во коишто дејствуваат формациите кои се поддржувани од САД. Но прелиминарната анализа укажува дека тие не овозможуваат да се направи разграничување меѓу умерената опозиција и Џебхат ан-Нусра“, изјавил Зорин.

Истакнал дека при контактите со американската страна, Москва особено внимание посветува на „барањето за итно обезбедување информации, неопходни за разграничувањето на територии коишто се под контрола на терористите и опозицијата“.

Руското министерство за одбрана во одделно соопштение претходно објави дека сириската опозиција 39 пати го прекршила прекинот на огнот во последните 24 часа и дека САД не реагирале на доказите за кршење на примирјето. Министерството, исто така, тврди дека сириските владини сили го повлекла оружјето од автопатот Костело кај градот Алепо, додека опозициските групи кои ја имаат поддршката на САД тоа не го сториле.

Руското министерство за внатрешни работи, пак, објави дека шефот на дипломатијата Сергеј Лавров го повикал во петокот американскиот државен секретар Џон Кери да го исполни ветувањето и да ја одвои умерената сириска опозиција од Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда коешто се преименуваше во Џебхат Фатех ал-Шам и наводно ги прекина односите со Ал Каеда, како и со другите терористички групации кои дејствуваат во Сирија.

Лавров во телефонскиот разговор со Кери, исто така, нагласил дека треба да биде објавен „целиот пакет“, кој се однесува на примирјето во Сирија, се додава во соопштението на руската дипломатија кое го пренесува агенцијата Reuters.

Иако Лавров и Кери оцениле дека примирјето во Сирија главно се почитува, Москва предупредила дека единствено Русија и владата на Сирија ги извршуваат своите обврски од спогодбата која ја договорија Москва и Вашингтон.

Дипломатски извори во петокот за светските агенции потврдија дека за ситуацијата во Сирија подоцна во петокот ќе се расправа на состанокот на Советот за безбедност при Обединетите нации.

Во понеделникот, на 12-ти септември, на сила стапи новиот пакет од американскиот-руски договор постигнат по 15-часовни преговори меѓу шефовите на дипломатиите Џон Кери и Сергеј Лавров во Женева. По првите 48 часа, примирјето беше продолжено за уште два дена, а потоа тоа треба да се одржи уште пет дена.

Договорот бара од двете завојувани страни да дозволат пристап на хуманитарната помош во опколените подрачја, во прв ред во најпогодените, како што е северниот град Алепо, втор по големина во земјата.

Доколку примирјето и хуманитарниот пристап се одржат цела седмица, САД и Русија ќе воспостават соработка против џихадистичките групации Исламска држава и Џебхат Фатех ал-Шам, порано позната како Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда, кое го смени името поради соработката со некои бунтовнички групации кои ја имаат поддршката од САД и нивните регионални сојузници./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

МВР: Во Чашка приведени две лица поради сомнеж за изборен поткуп – фатени се со пиштоли, списоци и пари

Денеска во 15.20 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го приведоа И.И.(52) од село Мелница,...

Македонија10 часа

Од полноќ почнува изборниот молк

На полноќ почнува изборниот молк пред парламентарните и вториот круг од претседателските избори, кои ќе се одржат в среда. Изборниот...

Топ11 часа

Деца натепани од врсници на Бит Пазар пред зградата во која живеат

Триесет и четиригодишната Ч.М.А. од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот пред зградата во која живеат на подрачје на Бит...

Топ11 часа

Избоден малолетник во Куманово, пренесен е болница

Малолетно момче било избодено синоќа во Куманово. Од МВР велат дека момчето се здобило со повреди и било пренесено во...

Свет11 часа

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Италијанскиот министер за одбрана изјави денеска дека економските санкции наметнати на Русија не успеале и го повика Западот да направи...

Свет18 часа

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

  Владимир Путин му наредил на Генералштабот да се подготви за вежби за употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти Министерството...

Македонија18 часа

Возач загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, повредени жена и две деца

Триесет и деветгодишен маж загина, а три други лица, од кои две малолетни, се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа...

Македонија18 часа

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски кој му посака здравје низ целата година

Вицепремиерот Фатмир Битиќи бил на гости дома кај екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод празникот Велигден. „На...

Македонија18 часа

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Охридската гимназија, цела година е со раскопан двор. Учениците се заложници на неспособната локална власт, предводена од ДПМНЕ. Парите на...

Македонија19 часа

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

На полноќ завршуваат кампањите за вториот круг од претседателските избори и за парламентарните. Кампањата за претседателските избори започна веднаш по...

Свет19 часа

Израел почна да ги евакуира палестинските цивили од Рафа

Израелските вооружени сили почнаа да ги евакуираат палестинските цивили од Рафа пред заканувачкиот напад врз тој град на југот на...

Свет19 часа

Во Северна Кореја за првпат оваа година се положи заклетва на лојалност за роденденот на Ким Џонг Ун

За прв пат откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја презеде власта во 2011 година, од севернокорејските граѓани беше побарано...

Свет19 часа

Во Мексико пронајдени телата на исчезнатите туристи, биле најдени на дното во бунар

Мексиканските власти потврдија дека двајца австралиски и еден американски турист, кои беа пријавени за исчезнати во северно Мексико, се мртви...

Свет20 часа

Белоруски министер за надворешни работи: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Министерот за надворешни работи на Белорусија Сергеј Алејник изјави дека Украина често провоцира обиди за транспорт на оружје и експлозиви...

Свет20 часа

Во регионот Суми, високонапонски објект на Укренерга оштетен во руски напад

Високонапонскиот објект на Националната енергетска компанија „Укренерго“ е оштетен во рускиот напад со беспилотни летала и ракети врз регионот Суми...

Економија2 дена

Хрватска е привлечна за балканските работници поради платата, станува збор за многу пари

„Сезоната за извоз на работна сила практично започна веќе во април, поточно за келнери, готвачи и други работници во угостителството...

Македонија2 дена

Митрески: Заедно и сплотени да ги надминеме сите предизвици

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во име на пратениците и во лично име, упати честитка по...

Македонија2 дена

Мицкоски: Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, ближниот и да направиме се утре да биде подобро од денес

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од негово лично име и од име на партијата упати честитка до сите верници по...

Македонија2 дена

Ковачевски за Велигден: Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ, храбрите одлуки секогаш носат успех

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитика до...

Свет2 дена

Изборот за песна на Евровизија започнува за два дена, Шведска го очекува во страв

Мониста и штрас или пропалестински демонстрации и пароли? Изборот за песна на Евровизија, кој започнува во вторник во шведскиот град...