Спорт
Англија ќе биде казнета поради порака на капитенската лента
Извршниот директор на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), Марк Булингам, за англиските медиуми изјави дека се подготвени да бидат казнети поради капитенската лента што Хари Кејн ќе ја носи на Светското првенство во Катар.
„Една љубов“, пишува на лентата покрај срцето во боите на виножитото. Според ФА, ова е симбол на инклузивност.
Булингем за „Скај њуз“ изјави дека пред два месеца испратиле барање до ФИФА да носат повеќебојна облека, но не добиле одговор. ФИФА вообичаено забранува додавање неодобрени слогани на дресовите и нареди тимовите да не делат морални лекции.
„Не одговорија на нашето барање. Мислам дека постои можност да бидеме казнети. Ако бидеме, ќе ја платиме казната. Важно е да ги покажеме нашите вредности и тоа е она што ќе го направиме. Тажно е што многу наши ЛГБТ-фанови решија да не дојдат во Катар“, рече Булингем.
ФА ги увери хомосексуалните навивачи дека е безбедно да дојдат во Катар, каде што, како што рекоа, локалните власти нема да ги дискриминираат.
„Кога ќе видите што е направено во последните четири години, постигнат е позитивен напредок. Сепак, за нас е клучно да ги решиме последните прашања. Заедно со другите европски земји ќе ја притиснеме ФИФА“, додаде Булингем.
Англија в понеделник против Иран ќе го одигра првиот натпревар на Светското првенство. Во групата Б се натпреваруваат и САД и Велс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Михаел Шумахер времето не го поминува само во кревет
Британските медиуми ги објавија најновите информации во врска со здравствената состојба на Михаел Шумахер, седумкратниот светски шампион во Формула 1.
Според неколку добро информирани извори, легендата на Формула 1, кој претрпе тешка повреда на мозокот додека скијаше во Француските Алпи пред нешто повеќе од 12 години, не е врзан за кревет.
За жал, тоа можеби е најпозитивната медицинска вест. На 57-годишна возраст, Шумахер не може да оди. Наместо тоа, тим медицински сестри и терапевти го водат низ неговата вила во инвалидска количка, дел од 24-часовен пакет за нега што чини десетици илјади фунти неделно.
Во согласност со желбата на неговата сопруга Корина, Шумахер не е виден во јавноста од несреќата на 29 декември 2013 година. Никогаш не се објавени негови фотографии во сериозна состојба, и покрај обидите да се продаде таков материјал на „темниот интернет“.
Foto/ depositphotos
Спорт
Гризман на принудна пауза
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, го повреди бутниот мускул на левата нога за време на последниот тренинг. Според првите проценки, тој ќе паузира десет дена.
Шпанските медиуми објавија дека Гризман сигурно нема да игра во недела против Мајорка во Ла Лига и во среда против Бодо/Глимт во Лигата на шампионите, и дека е неизвесно дали ќе биде подготвен за следниот викенд и натпреварот против Леванте.
„Гризман направи магнетна резонанца за да се утврди степенот на повредата што ја здоби на тренингот во петокот. Французинот има мало истегнување на левиот бутен мускул, што го дијагностицира медицинскиот персонал на клубот. Неговото враќање на натпреварите ќе зависи од напредокот на неговото закрепнување“, се вели во соопштението на клубот.
Гризман (34) одигра 30 натпревари за Атлетико во сите натпреварувања оваа сезона, постигнувајќи 10 гола.
Foto/ depositphotos
Спорт
Ѓоковиќ е во осминафиналето на АО, со мали проблеми го победи Ван Зандшулп
Новак Ѓоковиќ, по речиси три часа игра успеа да се пласира во осминафиналето на Австалија опен. 10-кратниот шампион во Мелбурн, 18-ти пат во кариерата ќе игра во осминафиналето на првиот гренд слем турнир во сезоната.
Новак Ѓоковиќ славеше победа над Ботик ван ден Зандшулп 3:0 (6:3, 6:4, 7:6). за Србинот ова е јубилејна 400-та победа на гренд слем турнирите.
Уникатен е во тој поглед, вклучувајќи го машкиот и женскиот тенис.
Меѓу неговите колеги, по него следуваат Роџер Федерер (369), Рафаел Надал (314), Џими Конорс (233), Андре Агаси (224).
400 – Novak Djokovic (400) is the first male or female player in the Open Era to claim 400 Singles match wins at Grand Slam events. Milestone. #AusOpen | @AustralianOpen @atptour pic.twitter.com/zfQNHVIGOc
— OptaAce (@OptaAce) January 24, 2026
Ѓоковиќ речиси перфектно одигра сет и половина. Го доби првиот, а во вториот со два брејка поведе со 3:0. Холанѓанеот не се предаде врати еден брејк, не успеа да го одбрани сетот, но го подготвеи теренот за она што ќе се случува во третиот сет.
Најголемиот преодозвоик досега на турнирто за Ѓоковиќ беше третиот сел. Ван Зандшулп прв направи брејк, Ѓоковиќ експресно возврати. Со помали или поголеми проблеми потоа двајцата ги добиваа своите сервис гемови.
Драма се случуваше во 11-от гем, кга Ѓоковиќ спаси две сет топки. На крајот релативно лесно го доби тај-брејкот.
Во осминафиналето, Ѓоковиќ ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу Јакуб Меншик и Итан Квин.
Foto/EPA

