Македонија
Утре и в понеделник пороен дожд и грмежи, на планините снег

Под влијание на циклонска активност утре и в понеделник претпладне времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои утре попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе бидат обилни (над 25 л/м2 за 24 часа). И во Скопската Котлина утре попладне и во текот на ноќта врнежите ќе бидат обилни и поројни.
Локално ќе биде нестабилно со поинтензивен пороен дожд и грмежи (се очекуваат и над 30 л/м2 воден талог за 12 часа), особено во југоисточните и источните делови од земјава.
Повремено ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час).
Поради заладување в понеделник на повисоките врвови на северозапад ќе врне снег.
Нов влажен бран се очекува во вторник кон крајот на денот и во среда претпладне.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и студени утра. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец. Потоа следи период на стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура.