Забава
Новите откритија покажуваат дека нашите предци почнале да ја готват храната пред 780.000 години
Научниците во археолошки локалитет во Израел ги пронајдоа најраните познати докази за готвењето. Преминот од конзумирање на сирова кон зготвена храна беше драматичен пресврт во човечката еволуција, а откритието покажа дека праисториските луѓе можеби намерно палеле оган за да зготват храна пред најмалку 780.000 години, пишува Си-Ен-Ен.
Деталната студија на рибините заби откриени на местото Гешер Бенот Јааков, лоцирана на работ на античкото езеро Хул, откри дека некои од нашите рани предци – најверојатно Хомо еректус – можеле да готват риба, вели авторот на студијата д-р Ирит Зохар, истражувач во Природонаучниот музеј Стајнхард на Универзитетот во Тел Авив. Жителите на областа околу езерото јаделе големи видови слатководни риби, додава Зохар.
На локалитетот не се пронајдени човечки останки, но камените алатки се совпаѓаат со оние пронајдени на местата на Хомо еректус низ Африка. Зохар вели дека езерото е плитко и дека е лесно рачно да се ловат големи риби како изумрениот луциобарбус долгицепс, кој може да порасне до два метри.
„ Ова е неверојатно важно откритие. Доказите за контролирана употреба на оган во раното камено доба во најдобар случај се минливи. Затоа, доказите за антропогени (поради човечката активност) акумулирани и варени остатоци од риба ќе имаат големо влијание врз истражувачката заедница “, изјави археолошкиот геохемичар, д-р Бетан Линскот од Универзитетот Оксфорд, кој не бил вклучен во студијата.
Преминот кон готвената храна значеше дека луѓето интензивно трошат помалку енергија барајќи и варејќи свежа, сирова храна, ослободувајќи повеќе време за развој на нови социјални и системи на однесување.
„ Исхраната имаше големо влијание врз еволуцијата на нашиот вид. Се смета дека консумацијата на месо особено придонела за зголемување на релативната големина на мозокот на нашите рани предци, но патогените бактерии го прават јадењето неварено месо ризична активност“, вели Линскот и продолжува:
„ Меѓутоа, готвењето ги убива бактериите и ја зголемува енергетската вредност на месото, создавајќи нов, сигурен извор на храна за раните хоминини. Затоа, разбирањето кога се случило тоа е тема од голем интерес, бидејќи може да помогне да се објасни зошто нашите предци хоминини еволуирале токму така”. Истражувањето беше објавено во понеделникот во списанието Nature Ecology and Evolution.
Претходните истражувања на Зохар, кој работел на локацијата 16 години, откриле дека слоевите на седиментот во кои биле пронајдени камени алатки – што укажува на човечка активност – биле поврзани со голем број рибини заби од два специфични видови (luciobarbus longiceps и carasobarbus canis ) кои биле дел од семејството на краповите, а сега се изумрени.
Меѓутоа, имало многу малку рибини коски, кои за разлика од забите, омекнуваат на високи температури и лесно се распаѓаат. Друга работа на коавторот на студијата, Нира Алперсон-Афил, професорка на одделот за израелски студии и археологија на Универзитетот Бар-Илан, идентификуваше траги од огништа – некои од најраните надвор од Африка.
Со цел да се утврди дали праисториските жители таму навистина готвеле риба, односно ако не фрлале само остатоци од риба во оган, истражувачите идентификувале промени во големината на кристалите на забната глеѓ, кои различно реагираат на промените во температурата.
Во експериментите, Зохар и нејзиниот соработник д-р Јенс Најорка, шеф на лабораторијата за рендген во Природонаучниот музеј во Лондон, анализирале 56 заби на праисториска и слатководна риба, што им овозможило да ги идентификуваат промените предизвикани од готвењето на ниско и високо ниво на температура. Резултатите покажале дека рибата била варена на температура меѓу 200 и 500 степени Целзиусови.
„ Не знаеме точно како се варат рибите, но со оглед на недостатокот на докази за изложеност на високи температури, јасно е дека тие не се варени директно во оган и не биле фрлени во оган како отпад или како материјал за согорување“, изјави Најорка за Си-Ен-Ен.
Научниците исто така успеаја да утврдат дека рибата е редовен дел од исхраната, односно дека не била само сезонски деликатес или последно средство кога исчезнале другите извори на храна. Истражувачите го постигнале ова со разгледување на геохемискиот состав на изотопи на кислород и јаглерод во глеѓта на забите за да откријат во кое време од годината умрела рибата. Резултатите покажале дека рибата се варела и јадела во текот на целата година.
Хомо еректус бил првиот хоминин кој мигрирал надвор од Африка, а истражувањата сугерираат дека древното езеро Хула можеби било клучна дестинација за време на тие рани миграции.
Не е познато точно кога луѓето првпат почнале да готват риба – или кој било друг вид на храна – и не постои консензус за тоа кога древните хоминини првпат ја развиле способноста да прават оган и да готват. До оваа студија, најраните цврсти докази за употребата на оган за готвење биле поврзани со неандерталците и хомо сапиенсот, кои готвеле скробни корени во денешна Јужна Африка пред околу 170.000 години.
Кумулативната тежина на доказите презентирани во студијата сугерира дека рибата била варена, вели Џон Мекнаб, професор во Центарот за археологија на човечко потекло на Катедрата за археологија на Универзитетот во Саутемптон. Тој не бил вклучен во студијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Денешниот датум 12.12. е еден од најмоќните во годината – направете неколку симболични чекори за да ве следи среќа
Датумот 12.12. во нумерологијата се смета за еден од посилните во годината поради повторувањето на бројките и нивната симболика. Според нумеролозите, овој ден е поврзан со засилена интуиција, промени и завршување на еден животен циклус.
Бројот 12 симболизира транзиција – спој на индивидуалноста и иницијативата (1) со рамнотежата и партнерството (2). Нивниот збир дава број 3, кој се поврзува со креативност, комуникација и изразување. Кога датумот се повторува, како на 12.12., се верува дека оваа енергија е засилена.
Нумеролозите наведуваат дека 12.12. е погоден ден за донесување одлуки, затворање на стари ситуации и јасно дефинирање на насоката за наредниот период, особено пред крајот на годината. Денот се поврзува и со потребата за поставување граници, искрена комуникација и интроспекција.
При збир на целиот датум (1+2+1+2) се добива бројот 6, кој симболизира хармонија, дом, семејство и одговорност, поради што 12.12. често се поврзува со емотивна зрелост и приватниот живот.
Според нумеролошките и духовни толкувања, датумот 12.12. може да се искористи преку едноставни, симболични чекори кои не вклучуваат сложени ритуали. Простување и отпуштање – на хартија да се запишат работите што биле товар во текот на годината, а потоа безбедно да се уништи, со симболично „отпуштање“ на товарот. Јасна визуелизација – во 12:12 часот, со затворени очи, да се замисли една конкретна желба како веќе остварена, со фокус на чувството што таа го носи. Чин на добрина – да се направи нешто убаво за непозната личност, како симбол на давање и поврзаност.
Во текстот се споменува и т.н. „техника на огледало“, при која лицето гласно изговара позитивна порака пред огледало, што се толкува како психолошка поддршка за надминување на сомнежите и зајакнување на самодовербата.
Според овие толкувања, 12.12. се гледа како симболичен момент за носење одлуки и лична посветеност, без чекање на почетокот на новата година.
Забава
(Фото) Повторно облече проѕирна кошула и покажа сè: „Вистинска бомба“
Пејачката Дуа Липа секогаш наоѓа начин да привлече внимание, главно на социјалните мрежи. Покрај своите вокални способности, таа може да се пофали и со беспрекорен стил, а атрактивните, малку провокативни изданија се нејзин заштитен знак.
И се чини дека повторно играше на таа карта…
Неодамна објави компилација од жешки фотографии на Инстаграм, во различни пози. Сепак, вниманието го привлече нејзината облека, поточно, проѕирна маица со златни детали што откриваа „проблематичните“ делови од телото.
Липа намерно го оставила градникот дома и ги покажала своите атрибути.
Својот стајлинг го комплетираше со миди здолниште со интересен принт, чанта од кожа и крзно и преголеми златни обетки.
Што се однесува до фризурата, таа се одлучи за модерна, неуредна пунџа, како и шминка во земјени тонови што совршено го заокружија овој необичен моден изглед.
Следеа коментари на Инстаграм.
„Вистинска бомба“, „Прекрасна си“, „Ја обожавам таа кошула“, се само неколку…
Забава
(Видео) Поранешната на Ди Каприо во опасен корсет од 3.800 евра: покажа многу повеќе од очекуваното
Поранешната девојка на Леонардо Дикаприо, актерката Камила Мороне (28), блесна на премиерата на втората сезона од серијата „Night Manager“ во Лондон, а нејзиниот изглед привлече големо внимание.
@camilamorronebrasil Camila Morrone wearing Carolina Herrera for the The Night Manager season 2 premiere! @Carolina Herrera #camilamorrone #tomhiddleston #thenightmanager #diegocalva ♬ Feel Good – Clara La San
За овој важен настан, таа избра смела модна комбинација која се состоеше од златен корсет вреден дури 3.800 евра и проѕирно црно здолниште од брендот Carolina Herrera.
@camilamorronebrasil Stories posted by Cami today ❤️ #camilamorrone #tomhiddleston #diegocalva #thenightmanager ♬ original sound – Tom Walker The Music Man
Златниот корсет ѝ помогна на убавата актерка да ги привлече сите погледи, а своето убаво лице го истакна со дискретна шминка.
@camilamorronebrasil The cast of The Night Manager season 2 ❤️🔥 #camilamorrone #tomhiddleston #diegocalva #thenightmanager ♬ Tuyo – Rodrigo Amarante
Имаше и лежерна фризура, а уште еднаш нè потсети зошто Леонардо Дикаприо „се заљуби“ во неа.
@camilamorronebrasil Camila Morrone, Tom Hiddleston and Diego Calva for the Night Manager season 2 premiere 😻 #camilamorrone #tomhiddleston #diegocalva #thenightmanager ♬ safety net – Ariana Grande
Целиот стајлинг го комплетираше само со ѓердан и црн лак за нокти, а беше одлично расположена во текот на вечерта. Позираше со своите колеги и се шегуваше пред собраните фотографи.
Таа беше во врска со Леонардо Дикаприо повеќе од четири години, а нивната врска беше една од најгледаните во светот на славните, делумно поради големата разлика во години – дури 23.

