Спорт
Најважните рекорди на светските првенства
Светското првенство во Катар почнува со денешниот натпревар меѓу домаќинот и Еквадор. Ова ќе биде 22. издание на Светското првенство, а првото се одржа во 1930 година во Уругвај.
Во текот на 98 години на Мундијалите се одиграа големи натпревари и беа поставени различни рекорди.
Најчесто се зборува за рекордниот број на голови. Првото место го држи германскиот напаѓач Мирослав Клосе со 16 голови. Од активните играчи кои ќе играат во Катар, најблиску до него е сонародникот Томас Милер со десет гола. Ова се другите рекорди.
РЕКОРДИ НА СВЕТСКИТЕ ПРВЕНСТВА
Земја со најмногу настапи на Светското првенство: Бразил (21)
Играч со најмногу титули на Светското првенство: Пеле (1958, 1962 и 1970 година со Бразил)
Играч со најмногу настапи на Светското првенство: Лотар Матеус (25 за Германија)
Играч со најмногу голови на СП: Мирослав Клосе (16 за Германија)

Најстар играч кој настапил на Светското првенство: Есам Ел-Хадари за Египет во 2018 година (45 години и 161 ден)
Најстар играч кој го освоил Светското првенство: Дино Ѕоф со Италија во 1982 година (40 години и 133 дена)
Најмладиот играч кој го освоил Светското првенство: Пеле со Бразил во 1958 година (17 години и 249 дена)
Најмладиот играч што се појавил на Светското првенство: Норман Вајтсајд за Северна Ирска во 1982 година (17 години и 41 ден)
Најмногу победи по пенали: Германија и Аргентина по четири натпревари
Најмногу порази по пенали: Англија, Италија и Шпанија по три натпревари
Најмногу елиминации во групната фаза на светските првенства: Шкотска со осум од осум мундијали и Јужна Кореја со осум од десет мундијали.
Најголема победа на Мундијалот: Унгарија против Ел Салвадор во 1982 година (10-1)
Најголемата победа во нокаут фазата на Светското првенство: Шведска против Куба во 1938 година (8-0)
Најмногу пласмани меѓу четирите најдобри репрезентации: Германија (13)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Шокатнтен пораз на Баерн среде Минхен
Фудбалерите на Баерн Минхен, во 19-то коло, го забележаа првиот пораз сезонава во Бундес лигата. Лукалниот ривал од Баварија, Аугсбург, го шокираше шампионот среде Минхен.
Делуваше дека актуелниот шампион ќе забележи уште една рутинска победа кога поведе со голот на Ито во 23-та минута. Сепак, тотален шок следеше во последната фаза од натпреварот, кога гостите ги постигнаа двата гола.
Артур Чавез за 1:1 (76-та минута) и Маенго во 81-та минута.
Баерн се обиде да израмни на крајот, но Аугсбург успеа да ги одбие сите напади и да освои три важни бода во борбата за опстанок. Најдобрата шанса ја пропушти Олисе, кога ја затресе пречката.
Резултати:
Баер Леверкузен – Вердер Бремен 1:0 (1:0)
/Лукас Васкез 38/
Ајнтрахт Франкфурт – Хофенхајм 1:3 (1:0)
/Калимуендо 18 – Бургер 52, Кабак 60, Аменда 65/
Мајнц – Волфсбург 3:1 (0:1)
/Тиц 68, Бел 74, Амири 84 пен.- Амура 3/
Хајденхајм – РБ Лајпциг 0:3 (0:0)
/Баку 62, Нуса 68, Раум 71/
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Комо со шест парчиња го честеше Торино
Во италијанската Серија А се играат натпреварите од 22-то коло, а попладнево екипата на Комо го декласираше Торино со 6:0.
Дебаклот на „биковите“ го најави Гркот Дувикас во седмата минута. Само осум минути подоцна, Комо ја дуплираше предноста со прекрасен гол на Батурина.
Серијата голови во вториот дел ја отвори Де Куња од пенал, во 59-та минута. Седум минути подоцна беше постигнат четвртиот гол, по акцијата на Батурина, Дувикас го постигна својот втор гол.
Д крајот по гол за Комо постигнаа Кун и Какра.
Комо сега има 40 бода на петтото место, а Торино е сè уште на 23 бода, по четвртиот последователен пораз.
Foto/ EPA
Спорт
Историски меч – Франција ја прегази Португалија
Франција ја прегази Португалија со 46:38, во првиот мел од второто коло, во Групата 1 на ЕП.
Нестварен меч одиграа Французите, а победата ја најавија по само 10 минути игра. На крајот, Португалците загубија со само осум голови разлика.
Неколку рекорди беа постигнати на овој натпревар. Франција постигна најмногу голови во едно шолувреме (28), го изедначи сопствениот рекорд за најмногу голови на една селекција (46).
Франција и Португалија постигнаа најмног голови во едно полувреме (28:15) и најмногу голови на еден натпревар (84).
Мем со осум и Ричардсон со шест ја предводеа Франција, на спортивната страна со по пет гола се истакнаа Бранкиљо, Роча, Итуриза и Брандао.
Foto/ EPA

