Економија
Директорот за енергетика на ЕБРД и директорот на АД ЕСМ во посета на фотонапонската електрана ,,Осломеј- 1” во Кичево

Генралниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот за енергетика во Европа од ЕБРД, Грегош Зеленски ја посетија фотонапонската електроцентрала ,,Осломеј- 1” од 10 MW во Кичево, чија изградба беше финансирана со поволна кредитна линија од ЕБРД и која е веќе функционална.
Европската банка за обнова и развој ќе продолжи со финансиска поддршка на зелената агенда на АД ЕСМ. Со поволни финансиски услови ќе се влезе во изградба и на два други проекти, кои се веќе во фаза на подготовка, а тоа се фотонапонска електроцентрала ,,Осломеј-2” со инсталирана моќност исто така од 10 MW и фотонапонска електроцентрала ,,Битола-1” од 20 MW.
Овие три електрани ќе бидат доволни за снабдување со електрична енергија на околу 10.000 домаќинства.
При посетата, директорот од ЕБРД, Грегош Зеленски порача дека е многу важна транзицијата на зелена енергија низ земјите од Европа, особено во земјите од западен Балкан кои се зависни од фосилни горива.
„Апсолутно задоволство е да се види завршената изградба на соларните панели. Ова е најдобар пример како ЕБРД во соработка со нашите бизнис партнери може да испорача транзиција на зелена енергија, во овој контекст ЕСМ може да смета на нашата континуирана поддршка“ – изјави Зеленски.
Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски се заблагодари на ЕБРД за соработката во рамките на зелената аенда.
,,Ние сме насочени кон изградба на нови сончеви електрани и ни значи целокупната поддршка која континуирано ја добиваме од нашите партнери како енергетска компанија ориентирана кон инвестиции во обновливи извори и
спроведување на енергетската транзиција, за што сме препознати како пример од страна на Енергетската Заедница”-изјави директорот Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Скенирањето сметки на апликацијата „МојДДВ“ е со прекини, УЈП извести за технички проблеми

Управата за јавни приходи извести дека мобилната апликација „МојДДВ“ во моментов работи со прекини. Тимот на УЈП интензивно работи на отстранување на проблемот, со цел апликацијата да биде целосно функционална.
„Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање. Тоа значи дека сите сметки, кои се во рамки на овој рок, ќе можат да бидат скенирани веднаш штом апликацијата повторно биде ставена во функција. Ги молиме сите корисници за трпеливост и разбирање. Тимот на Управата за јавни приходи е целосно ангажиран и работи на надминување на техничките пречки“, соопшти Управата за јавни приходи.
Од таму не откриваат за какви технички проблеми се работи, ниту пак кога очекуваат да бидат надминати.
Економија
Мицкоски најави нова инвестиција во Штип

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавата на директорот на Технолошко-индустриските развојни зони за 4 нови странски инвестиции, изјави:
„Во текот на вчерашниот ден, во разговор со директорот, имаме добра вест, нова инвестиција, потврдена во индустриската зона во Штип. Фабрика којашто ќе вработи до 150 луѓе. Фабрика којашто ќе инвестира некаде околу 35 милиони евра. Којашто во својот пик за три години од денес ќе извезува 300 милиони евра коишто ќе влезат во Бруто домашниот производ и ќе произведува батерии и тоа е добро. И тоа е добро, а за сите овие други, да имаме и потврди и полека ќе ги објавуваме. Ова е веќе договорено со инвеститорот и заради тоа го кажав, инаку фабриката е од земја од Европска Унија, да немаме дилема.“
Економија
Дизелот поевтинува за 2,5 денари

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поевтини за 2,5 денари, додека цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 28.6.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 77,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 79,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 70,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 72,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 40,188 (денари/килограм)
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,499 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат.