Свет
(Видео) Пукање во геј клуб во Америка, има мртви и ранети

Пет лица загинаа, а 18 други се повредени откако вооружен маж отвори оган во геј клуб во Колорадо Спрингс.
Очевидци сугерираат дека во инцидентот биле погодени „повеќе луѓе“ и дека имало повеќе жртви.
„Club Q“, каде што се случи инцидентот, се рекламира како „ноќен клуб ориентиран кон возрасни, кој е домаќин на тематски вечери како што се караоке, драг шоуа и диџеи“, пренесува Мирор.
🚨#BREAKING: Mass shooting with multiple injures at a gay nightclub⁰
📌#ColoradoSprings l #CO⁰⁰Multiple law enforcements and EMS are responding to the scene of a Mass shooting at a gay nightclub called Club Q in Colorado Springs with reports of 12+ people have been shot pic.twitter.com/ZYQk1I8UTi— R A W S A L E R T S (@rawsalerts) November 20, 2022
Снимките споделени на социјалните мрежи покажуваат голем број полициски и возила на брза помош кои се наредени на улицата пред клубот.
#Breaking: Colorado Springs Police confirm five are dead and 18 injured in the Club Q shooting! pic.twitter.com/RZuP6cEaYp
— Brian Sherrod (@briansherrodtv) November 20, 2022
Неколку часа по хоророт, полицијата во Колорадо Спрингс потврди дека во престрелката во клубот загинале пет лица, додека други 18 се повредени.
Тие се уште не откриваат во каква состојба се лицата кои се хоспитализирани,пренесе Телеграф.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Невреме ја зафати Србија, два авиони кружат на небото чекајќи подобри услови за слетување

Силна бура со грмотевици го погоди Белград, поради што два авиона не можат да слетаат веќе некое време. Станува збор за летови од Виена и Анкара, а овие два авиона кружат над Смедерево.
Бурата придружена со грмотевици и дождови ја погоди цела Србија, а потоа и Белград. Црни облаци се надвиснаа над главниот град. Републичкиот хидрометеоролошки завод предупредува дека се очекува силен град и бурни ветрови, пишува „Телеграф“.
Србија е под влијание на циклони и студени фронтови, кои носат посилна промена на времето, со дожд и грмежи.
Свет
Катар: Ќе продолжиме да се бориме за мир и покрај израелското дивјаштво

Катар остро го осуди најновиот израелски напад во Доха, при што загинаа шест лица, меѓу нив и катарски безбедносен функционер, но истовремено вети дека нема да се повлече од посредничките напори за прекин на војната во Газа.
„Израелското дивјачко однесување нема да нѐ поколеба да ги продолжиме искрените напори заедно со Египет и Соединетите Држави за ставање крај на овој војна“, изјави катарскиот премиер и министер за надворешни работи Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани на состанокот на високи дипломати од арапските и исламските земји во Доха.
Ал Тани предупреди дека нападот може да ги поткопа преговорите за примирје и ослободување на заложниците, кои со месеци се во ќор-сокак.
Во неделата во Доха се собраа министрите за надворешни работи на Арапската лига и Организацијата за исламска соработка (ОИС) во пресрет на итниот самит што ќе се одржи во понеделник. Целта е усогласување заеднички став околу израелскиот напад врз Катар, кој предизвика глобална осуда и дури ретки критики од американскиот претседател Доналд Трамп.
„Овој самит ја отсликува пошироката арапска и исламска солидарност со Катар во соочувањето со израелската кукавичка агресија“, изјави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџид ал-Ансари.
Според катарските медиуми, лидерите на самитот ќе разгледуваат неколку можности – од недвосмислена осуда на нападот и координиран дипломатски притисок врз Израел на меѓународните форуми, па сè до економски мерки што би можеле да прераснат и во бојкот.
Израел, според официјалните извори, целел врз лидерите на Хамас во егзил. Меѓу жртвите е и синот на Халил ал-Хаја, една од највлијателните личности на Хамас во странство, како и неговиот началник на штаб.
Хамас соопшти дека врвното раководство го преживеало обидот за атентат, но нападот остави сериозни последици врз регионалните дипломатски иницијативи и дополнително ја заостри кризата околу војната во Газа.
Свет
(Видео) Шон Пен за вечерата со Путин: На крајот сфатив дека тој всушност ме измами

Холивудскиот актер Шон Пен се присети на вечерата со Владимир Путин и Џек Николсон, велејќи дека рускиот лидер го „измамил“.
Шон Пен се присети на еден необичен момент од минатото кога делел маса со рускиот претседател Владимир Путин, признавајќи дека сè уште се чувствувал – измамен.
Во емисијата „Џими Кимел во живо“ на 11 септември, актерот реагираше на стара фотографија од себе и Путин со легендарниот Џек Николсон.
Во видеото, тројцата седат на иста маса, во Москва, опкружени со бројни гости, а Кимел се пошегува дека изгледа како сцена каде Путин ќе отруе актер.
Пен веднаш го разјасни контекстот, велејќи дека сè се случило во 2001 година на Меѓународниот филмски фестивал во Москва, каде што пристигнал со Николсон за да го промовираат филмот.
Путин, се присети Пен, неочекувано се појавил на вечерата.
Холивудските актери разговарале со рускиот претседател преку преведувач, но Пен е убеден дека рускиот лидер „знаел и разбирал англиски многу повеќе отколку што покажувал“.
Главната тема на разговор во тоа време била татковството. Имено, Пен веќе имаше две деца, Дилан и Хопер, кои ги дели со својата поранешна сопруга Робин Рајт, додека Путин, според познатите информации, е татко на најмалку две ќерки.
Пен ја опиша атмосферата на масата како речиси кинематографски – околу дваесет од нив седеа на долга маса, но сите ги слушаа исклучиво Николсон и Путин. Тој додаде и дека не е сосема сигурен дали Путин е негов обожавател, но дека несомнено покажал големо восхитување кон Џек Николсон.
И покрај донекаде мистичната и напната атмосфера, Пен денес се навраќа на тој момент со чувство на горчина: „На крајот, сфатив дека тој всушност ме измами“.