Свет
Маск го врати профилот на Трамп па му испрати порака со провокативна фотографија
Mилијардерот Илон Маск, новиот сопственик на популарната социјална мрежа Твитер, го врати профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
Маск се обидува да го натера Трамп повторно да се активира на Твитер. Toj со последната објава, како што пишуваат медиумите, се труди да ја изрази својата имагинација.
На својот профил сподели провокативна фотографија со цитат од Библијата.
And lead us not into temptation … pic.twitter.com/8qNOXzwXS9
— Elon Musk (@elonmusk) November 21, 2022
„И не воведувај нè во искушение“ – напиша тој на фотографијата на која се гледа како човек се моли за да не падне во искушение пред него.
Својата верзија на објавата Маск ја дополнува со логото на Твитер, кое е поставено на грбот на жена, додека на молитвеникот е напишано „Доналд Трамп“.
За напишаното следеа бројни коментари. Некои продолжија да се шегуваат на истата сметка како Маск, додека други истакнаа дека неговата објава е непримерна.
Медиумите потсетуваат дека на Трамп му беше забранет пристапот на Твитер на 6 јануари минатата година кога неговите поддржувачи ја нападнаа зградата на Конгресот.
На прашањето дали планира да се врати на Твитер, тој кратко одговори дека „не гледа причина за тоа“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама
На француската политичарка и екстремно десничарка Марин Ле Пен, заедно со уште 26 лица, ќе и се суди под обвинение за финансиска измама, која наводно траела од 2004 до 2016 година.
Според обвинителството, Марин Ле Пен и нејзините колеги од партиите Национален фронт и Национален собир користеле пари наменети за плаќање помошници на претставниците во Европскиот парламент за да им платат на луѓето кои работеле за партијата во Франција.
Поранешниот кандидат за претседател на Франција демантираше се. Според неа, станува збор за „политички прогон“, додека од Европскиот парламент велат дека се оштетени финансиски, но и дека им е уништен угледот.
Доколку биде прогласена за виновна, максималната казна за овие кривични дела е 10 години зад решетки. Сепак, поголем проблем за Марин Ле Пен е фактот што може да биде осудена и на долгорочна забрана за политичка активност.
Ле Пен особено сака да го избегне овој дел од реченицата, бидејќи според сегашните анкети, веројатно има најголеми шанси да стане шефица на Франција на изборите што ќе се одржат во 2027 година, имајќи предвид дека сегашните анкети велат дека таа има поддршката на 40 отсто од граѓаните на оваа земја.
Се очекува дека Ле Пен ќе се обиде да направи политичко прашање од нејзиното судење, по примерот на Доналд Трамп и дека нејзината популарност ќе се зголеми доколку биде осудена. Не се знае кога ќе заврши судењето.
Свет
Зеленски: Никој не знае што му е на ум на Путин
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека не е прв пат рускиот лидер Владимир Путин да му се заканува на светот со можна употреба на нуклеарно оружје и дека „никој не знае што му е на ум“.
„Никој не знае што навистина има Путин на ум. Тој може да користи нуклеарно оружје во која било земја, во секое време, или не. Не сум сигурен дека ќе го стори тоа“, рече Зеленски во интервју за Фокс њуз.
Тој нагласи дека не може точно да знае кои се намерите на рускиот претседател.
Свет
Пентагон: Подготвени сме во краток рок да испратиме дополнителна војска на Блискиот Исток
Aмериканскиот секретар за одбрана Лојд Остин ја овласти американската војска да го зајакне своето присуство на Блискиот Исток.
„Остин ја зголеми подготвеноста за дополнителни американски сили да се распоредат, за да можеме подобро да одговориме на различни непредвидени ситуации“, објави портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Патрик Рајдер во соопштението.
„Остин јасно стави до знаење дека ако Иран или неговите сојузници го искористат овој момент за да го таргетираат американскиот персонал или интересите во регионот, САД ќе ги преземат сите неопходни мерки за одбрана на нашиот народ“, додаде тој.
Во соопштението на Пентагон се вели дека може да распореди сили на краток рок и дека САД се уште се фокусирани на заштита на американските граѓани и сили во регионот, одбрана на Израел и деескалација на ситуацијата.