Македонија
Ѓорѓиевски: Ги решивме сите барања за легализации за кои беше поднесена целосна документација
Ветив за две, а за само една година од мојот мандат ги решивме сите предмети за кои беше поднесена целосна документација или не беа предмет на судски спор, истакна денес градоначалникот Ѓорѓиевски. Додаде дека во наредните три дена на граѓаните ќе им биде доставен до дома решениот предмет.
„Кога ја барав поддршката на граѓаните и кога пред нив излегов со мојата програма, ветив дека за две години ќе бидат решени сите предмети за легализација што се решливи и не се предмет на судски спорови. Иако ветив за две, денес на само една година од мојот мандат завршени се сите барања за легализација за кои моите сограѓани поднеле целосна документација.
За една година од мојот мандат, решивме 2.474 легализации, кои во наредните три дена на сите подносители ќе им биде доставен решениот предмет до дома.
Оние пак, што не се решени, се предмети за кои не е доставена комплетна документација и во согласност со законот изготвени се заклучоци за прекин за кои граѓаните навремено се информирани.
Со ова ги завршуваме чистите предмети и апелирам до граѓаните што сѐ уште не го направиле тоа, до Нова година да ги достават своите барања до Општината за да може да се постапи експресно и позитивно како што беше случај во изминатата година и, конечно, да се заврши проблемот со дивоградбите за секој граѓанин да си добие имотен лист за својот дом.
Тука сакам да се заблагодарам и на општинската администрација, која во текот на целата година напорно работеше за сѐ ова денес да биде една успешна приказна и да биде решена една голгота со која моите сограѓани се соочуваа во изминатите години.
Кисела Вода се менува, мојот народ го заслужува тоа, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

