Македонија
Маја Морачанин единствен предлог за претседател на ДОМ
Општинските организации, младинската организација – МОДОМ, Форумот на жените и Извршниот одбор на зелената партија ДОМ, како единствен кандидат за претседател на ДОМ на претстојниот петти конгрес, кој ќе се одржи на 27 ноември, ја предложија актуелната претседателка Маја Морачанин.
На денешната седница на Извршниот одбор на ДОМ беа разгледани и усвоени предлозите од општинските организации на ДОМ, младинската организација и Форумот на жените за кандидати за претседател, членови на Централниот и на Надзорниот одбор на ДОМ.
Во согласност со внатрепартиските демократски принципи, кандидатите за претседател и членови на Централниот и на Надзорниот одбор на ДОМ ги предлагаат членовите на општинските организации, МОДОМ и Форумот на жените на ДОМ.
На 18.11.2022 година ДОМ објави јавен оглас во два печатени медиума, во кој ги повика членовите на ДОМ да се пријават до општинските организации во своите места на живеење за изразување интерес за кандидирање за членови во органите и телата на ДОМ што ќе бидат избрани на конгресот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

