Македонија
Средба Петровска – Филипиду: Северна Македонија и Грција изградија интензивна сојузничка соработка во одбраната
Денеска во Министерството зa одбрана министерката Славјанка Петровска одржа средба со новата амбасадорка на Грција во Северна Македонија, Софија Филипиду.
На средбата беше потенцирана сеопфатноста на одбранбената соработка меѓу двете земји, која особено доби на интензитет по потпишувањето на Договорот за соработка во 2019 година.
Одбранбената соработка меѓу Северна Македонија и Грција ја отсликува нашата заедничка, сојузничка определба за мирен, безбеден и стабилен регион и безбедна евроатлантска област, беше речено на средбата.
Петровска ја потенцираше важноста на единството на сојузниците во осудата на руската агресија врз Украина и нивната одлучност во гаранцијата на безбедноста на земјите членки.
Амбасадорката Филипиду порача дека Грција е посветена на развојот на одбранбената соработка со Северна Македонија и потенцираше дека тоа е една од областите со највисок интензитет во севкупната билатерална соработка меѓу двете земји.
На средбата беше изразено задоволство од високиот степен на реализација на овогодишниот План за билатерална соработка кој содржи 42 активности, средби на највисоко ниво, обуки за специјалните сили, обука за НАТО стандардизација, заеднички обуки на полигонот „Криволак“, курсеви во образовните центри во двете земји и јазична обука.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

