Економија
Азески-Маричиќ: Бизнисот бара департизација на институциите за олеснување на преговарачкиот процес со ЕУ
Делегација на Стопанската комора, предводена од претседателот Бранко Азески, денеска имаше работна средба со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на која се разговараше за зајакнување на соработката на полето на евроинтеграциите и учеството на Стопанската комора во процесот на преговори.
На средбата претседателот Азески потенцираше дека улогата на комората во процесот на преговорите со ЕУ има клучна улога имајќи предвид дека транспонирањето на регулативата и обврските што ќе се преземат треба да ги имлементираат самите компании. Беше истакнато и дека е потребна департизација на институциите, а како пример го наведе Државниот завод за статистика кој има клучна улога во оценката на реалните параметри на државата. Истовремено, на средбата Азески нагласи дека бизнис-заедницата очекува земјата во преговарачкиот процес временски да ги усогласи и да не презема обврски кои имаат финансиски импликации за компаниите, во делот на прилагодување со ЕУ-регулативата, ако тоа не е потребно, односно може да се одложи за одреден временски период.
Маричиќ информираше дека во декември ќе биде организирана јавна расправа за економските поглавја и кластери, каде што анализите и инпутот од бизнис-заедницата имаат огромно значење за државата.
Со цел што е можно подобро исполнување на обврските, во следниот период ќе се врши подготовка за вклучување на претставниците на бизнис-заедницата во работните групи кои се однесуваат на поглавјата поврзани со слободното движење, трговските марки, индустријата, либерализација на пазари во одредени области (како железницата, поштата) и системот на државна помош. Комората ќе го поткрепува целиот процес на преговори со соодветни анализи и консултации со засегнатите компании како поддршка на нивните барања.
На состанокот беше заклучено дека улогата на коморите, посебно на Стопанската комора, како највлијателна бизнис-заедница, во процесот на преговарање со ЕУ е од голема важност бидејќи имаат клучна врска со компаниите и ќе обезбедат транспарентност на процесот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.
Економија
Биткоинот забележа силен пад
Цената на биткоинот денеска падна под 67.000 долари, првпат од ноември 2023 година, во услови на засилена распродажба и намалена доверба кај инвеститорите, објави Си-Ен-Би-Си.
Биткоинот се тргуваше по цена од околу 67.500 долари, откако претходно во текот на денот падна под психолошката граница од 70.000 долари, што дополнително ја засили распродажбата. Само оваа недела вредноста на криптовалутата е намалена за околу 20%, а во однос на рекордното ниво од октомври минатата година е пониска за речиси 47%.
Аналитичарите предупредуваат дека нивото од 70.000 долари претставува клучна техничка и психолошка граница и дека нејзиното пробивање отвора простор за понатамошен пад, потенцијално кон опсегот од 60.000 до 65.000 долари.
Падот на биткоинот се случува паралелно со слабеењето на технолошките акции во САД и зголемените присилни ликвидации на криптопазарот. Според податоци на Coinglass, оваа недела се ликвидирани повеќе од 2 милијарди долари во долги и кратки позиции.
Во исто време, институционалните инвеститори се повлекуваат. Аналитичката куќа CryptoQuant наведува дека побарувачката од институционални инвеститори значително се намалила. Другите криптовалути исто така бележат значителни загуби.
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

