Спорт
Луис Енрике: Нормално е играчите да имаат секс пред натпревар

Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Луис Енрике, одговараше на прашањата на навивачите на Твитер за време на Светското првенство во Катар. Секако, нив најмногу ги интересираше дали фудбалерите смеат да имаат секс пред натпреварите.
„Смешно е да им се забранува на играчите да имаат секс пред натпревар. Тоа е сосема нормално. Оргиите на ноќ пред натпреварот очигледно не се идеални“, изјави селекторот на Шпанија.
„Кога бев тренер во клубот, играчите беа дома ноќта пред натпреварот и тоа не ме загрижуваше. Тие го прават тоа затоа што сакаат и треба. Здрав разум, повторувам – секој со својот партнер. Кога играв, ако вечерта пред натпреварот бев дома со сопругата, го правевме тоа што требаше“, одговори Енрике.
Шпанија е во групата Е со Јапонија, Германија и со Костарика. Во првиот натпревар ја победи Костарика со 7:0, додека во второто коло ќе игра против Германија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Трамп се закани: Градоначалничката не е добра, ќе во ги одземам натпреварите на СП

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) изјави дека се надева дека сите 16 градови во САД, Канада и Мексико ќе бидат подготвени да бидат домаќини на Светското првенство следната година, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе му го одземе домаќинството на Бостон.
„Безбедноста и сигурноста, секако, се одговорност на владите, кои одлучуваат што е во интерес на јавната безбедност“, се вели во соопштението на ФИФА.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека натпреварите од предградијата на Бостон би можеле да бидат преместени поради немирите во тој град.
„Можеме да им ги одземеме натпреварите. Ги сакам луѓето од Бостон и знам дека натпреварите се распродадени. Но, вашиот градоначалник не е добар“, рече Трамп за градоначалничката од Демократската партија, Мишел Ву.
Администрацијата на Трамп претходно испрати членови на Националната гарда во Вашингтон и Мемфис, додека обидите да се стори тоа во Чикаго и Портланд предизвикаа правни спорови.
Американскиот претседател претходно сугерираше дека би можел да прогласи одредени градови за „небезбедни“ за домаќини на Светското првенство, менувајќи го планот на ФИФА од 2022 година.
Тој план вклучува, меѓу другото, фудбалски натпревари на стадионите на НФЛ во близина на Њујорк, Лос Анџелес и Сан Франциско.
Одлуката за организација на натпреварите ја носи ФИФА, а Трамп истакна дека во случај на безбедносна закана, ќе го повика претседателот на таа организација, Џани Инфантино.
„Ако некој лошо си ја врши работата и чувствувам дека нема безбедност, би го повикал Џани – шефот на ФИФА кој е феноменален – и би рекол: „Ајде да го преместиме натпреварот на друга локација“, и тие би го направиле тоа.“
Светското првенство во фудбал е закажано за следната година од 11 јуни до 19 јули, со учество на рекордни 48 национални селекции.
Во САД, домаќинството е потврдено за 11 градови (Лос Анџелес, Сан Франциско, Сиетл, Далас, Хјустон, Канзас Сити, Атланта, Бостон, Мајами, Њу Џерси, Филаделфија).
Спорт
„Ќе се иселам од земјата ако не се пласираме на Светското првенство“

Италија забележа две победи во овој квалификациски циклус, но им треба чудо за директно да се квалификуваат на Светското првенство.
Тие ќе мора да ја победат првопласираната Норвешка, која ги победи во првата средба, со вистинска канонада, за да се насмевнат за да одат во плејофот.
Би бил вистински дебакл ако Италијанците повторно не одат на Светското првенство, но ќе мора да го направат тоа на потешкиот начин.
Селекторот Џенаро Гатузо е свесен за важноста на квалификациите на „аѕурите“ за Светското првенство, па затоа даде интересна изјава.
„Ако Италија не се квалификува на Светското првенство во 2026 година, ќе се иселам од земјата. Веќе живеам доста далеку, но ќе одам уште подалеку.“
Спорт
Премиер лигата воведува ограничување на платите? Клубските челници во паника: Ова може да нè уништи

Контроверзното ново правило за ограничување на платите, за кое многумина веруваат дека би можело да ја уништи Премиер лигата, би можело да стане реалност веќе следниот месец. Во наредните недели, клубовите од англиското елитно фудбалско ниво треба да гласаат за таканареченото „закотвување“, систем што ги ограничува трошоците за плати, пишува „Дејли Мејл“.
Двата клуба од Манчестер се противат на овој систем, кој би се имплементирал заедно со новите правила за „коефициент на трошоци на тимот“. Тие веруваат дека „закотвувањето“ би ја лишило Премиер лигата од нејзиниот статус на најдобра во светот и би довело до масовно заминување на најдобрите играчи во светот. Некои исто така веруваат дека тоа би предизвикало хаос во Чемпионшип и би го отежнало опстанокот на новите тимови од првата лига.
Критичарите на овој потег веруваат дека тоа би ги спречило англиските клубови да се натпреваруваат со платите што ги нуди остатокот од европската елита, како што се Реал Мадрид, Барселона и Баерн, кои нема да подлежат на такви правила. Ова би значело дека врвни играчи како Ерлинг Халанд и Мохамед Салах би можеле да ја напуштат Англија.
Исто така, одливот на ѕвезди во Саудиска Арабија би можел да се зголеми, а со текот на времето таквото губење на квалитетот би довело до пониски приходи од ТВ права, што би можело да се покаже како катастрофално.
„Ова ќе го уништи статусот на најдобрата лига во светот и сите пари што ги носи“, рече еден извршен директор.
Како функционира „закотвувањето“?
Познато како „закотвување од горе до долу“, правилото би значело дека сите клубови би можеле да потрошат максимум пет пати повеќе од она што му било исплатено на тимот што завршил на дното на табелата. Овие трошоци вклучуваат плати на играчи и главен тренер, амортизација на трансфери и провизии на агенти.
Врз основа на бројките за сезоната 2023/24, ова би значело ограничување од приближно 600 милиони евра, при што некои тимови се во непосредна опасност да ги прекршат правилата. Предложената казна за второ прекршување е одземање од шест поени, со дополнителни поени за поголеми прекршувања.
Ко-сопственикот на Манчестер Јунајтед, Сер Џим Ратклиф, веќе го изрази своето мислење. „Закотвувањето би ги попречило врвните клубови во Премиер лигата“, рече Ратклиф, а потоа додаде: „И последното нешто што го сакате е врвните клубови во Премиер лигата да не можат да се натпреваруваат со Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, ПСЖ – тоа е апсурдно. И ако тоа се случи, тогаш престанува да биде најдобрата лига во светот.“
Противниците на правилото, исто така, тврдат дека тоа би ги намалило стимулациите за клубовите да инвестираат во раст, со оглед на тоа што би биле ограничени во реинвестирањето во сопствените тимови.
Премиер лигата е подготвена да воведе „закотвување“ за да ги замени постојните правила за профит и одржливост. Тие тврдат дека тоа би било „превентивна заштита“ што би стапила на сила само ако има значајни промени што ја загрозуваат конкурентноста на лигата.
Сепак, противниците го отфрлаат тврдењето дека постои проблем со конкуренцијата на врвот, посочувајќи дека четири различни тима биле шампиони во последната деценија и дека пет од осумте титули на Сити се освоени на последниот ден од сезоната.
Нивниот аргумент е дека пониската лига, EFL, би се чувствувала обврзана да го следи примерот, што би значело дека секој клуб кој ќе испадне од Премиер лигата автоматски би го пробил ограничувањето на трошоците поради таканаречените „падобрански плаќања“.