Спорт
Саудиска Арабија сака да ги привлече Меси и Роналдо во својата лига
Владата на Саудиска Арабија има амбициозен план да ги донесе Лионел Меси и Кристијано Роналдо во својата домашна лига и нема да штеди да ја оствари целта, тврди британскиот „Дејли мирор“.
Роналдо е слободен агент откако во вторникот се договори со Манчестер јунајтед за раскин на договорот по остриот напад на менџерот Ерик Тен Хаг и американските газди (меѓу другите) во интервјуто со Пирс Морган минатата недела. Од друга страна, договорот на Меси со Пари Сен-Жермен завршува на крајот на сезоната и според француските медиуми, тој одбива да потпише нов договор со францускиот гигант.
Меси, кој по слабата мината сезона со ПСЖ, оваа година игра во топ-форма, има посебна врска со азиската држава, откако има богат договор за да биде амбасадор на туристичкиот борд на Саудиска Арабија. Тој претходно рече дека ќе направи одлука за својата иднина по Светското првенство.
Неодамна, министерот за спорт на Саудиска Арабија, принцот Абдулазиз бин Турки ал-Фаисал, во интервју за „Скај њуз“ потврди дека има планови да го донесе Роналдо.
„Кој не би го сакал во својата лига? Тој е вистински пример за толку млади фудблери, тој и Лео Меси. Ако може, би сакал да ги видам двајцата да играат во Саудиска Арабија“, изјави тогаш Ал-Фаисал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Алкараз урна два рекорди стари речиси еден век
Речиси еден век, тенисот чекаше и дочека да бидат урнати два гигантски рекорди. И двата беа постигнати денес во Мелбурн од Карлос Алкараз. И двата се нешто што навистина одекнува во историјата.
Првиот стар 88 години, на 22-гпдошна возраст Алкараз стана најмладиот играч во историјата со кариерен Гренд слем, односно ги освоил сите четири најголеми трофеи во белиот спорт. Претходниот носител на рекордот беше Дон Баџ, кој го постигна во 1938 година.
Само седум други тенисери го постигнале ова: Фред Пери, Род Лејвер, Рој Емерсон, Андре Агаси, Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.
Кај тенисерките, оваа листа е малку подолга: Морен Коноли, Дорис Харт, Ширли Фрај Ирвин, Маргарет Корт, Били Џин Кинг, Крис Еверт, Мартина Навратилова, Штефи Граф, Серена Вилијамс и Марија Шарапова.
Вториот подвиг на Алкараз е уште потежок за постигнување. Никој не го направил тоа од 1935 година и Фред Пери. Поминаа дури 91 година откако тенисер ги освои своите први финалиња на сите четири Гренд слем турнири.
Алкараз е помлад од Пери, кој имаше 26 години кога го постигна овој подвиг. Во 2022 година, Алкараз го победи Каспер Рудо во Њујорк, 2023 година во Лондон, Ѓоковиќ, 2024 година во Париз, Александар Зверев, а сега повторно Ѓоковиќ во Мелбурн. Во осумте одиграни финалиња на Гренд слем турнири, тој има само еден пораз – минатото лето на Вимблдон против Јаник Синер.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA

