Спорт
Полска води, Шчесни одбрани пенал
Полска има минимална предност по првото полувреме против Саудиска Арабија. Ова е првиот натпревар од второто коло, во Ц-групата на Светското првенство.
Неколку моменти го обележаа првиот дел, кој мина во целосна доминација на Саудиска Арабија.
Во 20.минута бразилскиот судија, Сапмајо, не му го покажа вториот жолт картон на Метју Кеш.. Лактот на левиот бек заврши во лицето на еден од саудиските репрезентативци.
Во 39.минута, токму Кеш повлече контра, по која Левандовски му асистираше на Зјелински, кој од пет метри ја погоди мрежата на Саудиска Арабија.
Голманот на Полска, Војичех Шчесни, стапи на сцена во 45.минута. Најпрвин го одбрани пеналот на Ал Давсари, а потоа на неверојатен начин во корнер го исфрли и ударот на на Ал Брејк.
Another look at this spectacular double save by Wojciech Szczęsny 🧤🚫🚫 pic.twitter.com/otJAJj2jZ9
— FOX Soccer (@FOXSoccer) November 26, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Повредата на Кејн не е сериозна
Фудбалскиот клуб Баерн Минхен соопшти дека првите дијагнози за повредата на напаѓачот Хари Кејн се „позитивни“.
Кејн се повреди во саботата на натпреварот против Баер Леверкузен (1:1) во Бундеслигата. Тешко чекореше кога го напушти теренот во 86. минута, по еден дуел со играчот на Баер, Амин Адли.
Баерн изјави дека Кејн добил „болен удар во скочниот зглоб“, но дека лекарските прегледи утврдиле дека „развојот на настаните е позитивен“, објави Би-би-си.
Клубот од Минхен во среда гостува во Бирмингем против Астон Вила, а Кејн по натпреварот против Баер изјави дека ситуацијата не е толку лоша и дека очекува да игра на „Вила Парк“.
Спорт
(Видео) Симеоне до Куртоа: Кога славиш гледај во тревата немој да провоцираш
Тибо Куртоа е најголемиот виновник за инцидентите поради кои на 15 минути беше прекинато градското дерби меѓу Атлетико и Реал.
Од таборот на Атлетико, го осудија потегот на дел од навивачите и посочија дека проблемите во градското дерби почнале кога Белгиецот бурно го прослави голот на Едер Милитао во 64.минута, а потоа продолжи со гестикулациите, што предизвика бес на трибината каде се наожаат ултрасите на Атлетико.
„За да не се повторуваат вакви работи треба да помогнеме. Вклучувајќи ги луѓе кои фрлаа запалки на теренот, исто како што се случи на дербито на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, кога Куртоа бранеше за нас и беше погоден во главата. Тоа не беше во ред. А можеби ние како протагонисти не помагаме кога ги потценуваме луѓето. Ги навредуваме, ги провоцираме и потоа тие луѓе се лутат“, изјави Диего Симеоне, потсетувајќи на инцидентот од 2013 година кога Куртоа беше на спротивната страна, а навивачите на Реал го погодија во главата.
Courtois es muy de recibir mecherazos, ya le pasó en el Bernabéu en el 2013https://t.co/oTsBJSk5CP
— D. Eduardo de Atleti (@EduardoDeAtleti) September 29, 2024
„Народот нема друг начин да го изрази своето незадоволство освен на лош начин. Не е добро, сепак, мора да се погрижиме да ги смириме тензиите. Во ред е да се слави гол, но не мора да се слави со провокации кон трибините, со гестикулирање во насока на навивачите. Можете да гледате во тревата. Претпоставувам дека знаете дека луѓето се лутат. Тие не го прават тоа сами. Ние актерите им даваме причина. Секако, не го оправдувам однесувањето на нашите фанови, но не го оправдувам ниту првичното однесување на актерите, што доведе до ова. Мора да се признае, ние секогаш сме жртви“, подвлекува Чоло.
Камерите го фатија Аргентинецот како доаѓа на трибините на паузата и бара од навивачите да се смират.
„Мораме да се обидеме да идентификуваме кои се овие луѓе, за да не се вратат на стадионот. Не ни требаат такви луѓе, туку луѓе кои ќе навиваат за тимот“, изјави тренерот на Атлетико.
Спорт
Поранешен италијански фудбалер пронајден мртов во хотел по забава со пријателите
Поранешниот италијански фудбалер Андреа Капоне (43) е пронајден мртов во хотел откако се забавувал со пријателите. Од полицијата засега информираат дека смртта била ненадејна, а се сомневаат дека е повреда на вратот поради пад.
„Газета дело Спорт“, пишува дека Капоне бил на вечера и забава со пријателите, а следното утро бил пронајден во несвест. Брзата помош се обидела да го оживее.
Капоне е поранешен играч од средниот ред кој поголемиот дел од кариерата го помина во Каљари. Кариерата ја започна во 1998 година, а ја заврши во 2010. Играше и за Сора, Тревизо, Виченца, Гросето и Салернитана, кој беше неговиот последен клуб.