Спорт
Канадскиот селектор одби да се ракува со Далиќ, овој му порача: Имаш уште многу да учиш
Хрватскиот селектор Златко Далиќ открива дека неговиот ривал, канадскиот селектор Џон Хердман не му честитал по 4:1 победата во мечот кој предизвика многу внимание поради претходните изјави на Хердман дека треба да ја „е.ат Хрватска“.
„Јас кога ќе изгубам, секогаш се ракувам со противникот и му честитам. Канадскиот селектор не ме почека, веднаш си отиде. Господинот очигледно е лут по поразот. Тој е квалитетен тренер со тоа што ја донесе Канада на Мундијалот, но очигледно некои работи уште ги нема научено“, вели Далиќ.
Ова е само кулминација на „војната на зборови“ пред мечот, откако по контроверзната изјава на Хердман, хрватскиот „24 Сата“ го постави на насловната страница со фото-монтажа со јаворови листови (симболот на Канада) на интимно место и со порака: „Имаш голем јазик, но дали имаш големи мадиња?“.
Croatian tabloids seem quite unforgiving towards Herdman, putting him on the cover despite Dalić's claim that 'Croatia will speak on the pitch'.
"You have the mouth (tongue)", this one says, next to the, well, stripped Herdman. "But do you have the balls as well?" pic.twitter.com/Z7b4Ncdomk
— Juraj Vrdoljak (@JurajVrdoljak) November 25, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Наполи добива големо засилување пред Суперкупот во Ријад
Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку (32), кој беше надвор од терените четири месеци поради повреда, почна со тренинзи и би можел да игра за Наполи оваа недела во Суперкупот, кој се одржува во Ријад, Саудиска Арабија, објавија италијанските медиуми.
Пред почетокот на оваа сезона, кон средината на август, Лукаку го повреди бутниот мускул на пријателскиот натпревар против Олимпијакос.
Поради ова, Наполи мораше да бара замена и во летниот преоден рок го доведе данскиот напаѓач Расмус Хојлунд од Манчестер Јунајтед.
Со 89 гола, Лукаку е најдобриот стрелец во историјата на белгиската репрезентација. Тој е член на Наполи од летото минатата година, а на 38 натпревари забележа 14 гола и 11 асистенции.
Во полуфиналето на италијанскиот Суперкуп, Наполи игра против Милан (18 декември), а во второто полуфинале се среќаваат Болоња и Интер (19 декември). Финалето е закажано за 22 декември.
Foto/ depositphotos
Спорт
Бразилецот Да Силва ќе го засили РК Вардар
Бразилскиот среден бек Жоао Педро да Силва од јануари ќе го засили Вардар. Искусниот организатор на игра ќе потпише договор до јуни 2028 година, со што „црвено-црните“ добиваат искусен играч во бековската линија за следните две ипол сезони.
„Да Силва (1994) е препознатлив е по брзата реакција во играта, игра „два на два“ со линијата и веруваме дека со таков профил на играч Вардар го ќе добие на поголема разновидност во нападот.
Доаѓањето на Жоао Педро да Силва се вклопува во амбициите на клубот за силна пролетна полусезона во Лига Европа и во домашното првенство, како и во стратегијата да се гради костур на тимот на подолг рок“, објави клуб от на социјалните мрежи.
Деталите од договорот ќе бидат официјализирани со неговото пристигнување во Скопје во јануари.
Вардар во февруари и март ќе игра мечеви од главната фаза на Лига Европа, а исто такa пролетва ќе бидат и мечевите од разигрувањето за титулата во домашното првенство.
Izvor/ facebook.com/rkvardar
Спорт
Бруно го најави своето заминување од „Олд Трафорд“
Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандес, по спектакуларниот натпревар со Борнмут (4:4), реши да ја „отвори душата“, пред новинарите и да го навести заминувањето од клубот. .
Португалецот беше играч на натпреварот по којзнае кој пат, но тоа не беше доволно за Јунајтед да победи.
„Клубот сакаше да си заминам ова лето и така се чувствував. И им го кажав тоа на директорите, но не мислам дека имаа храброст да ја донесат таа одлука. Решив да останам од семејни причини, но и затоа што ми е грижа за клубот. Разговорите со тренерот ме убедија дека треба да останам. Но, од страна на клубот, чувствував дека тие мислат „ако си замине, тоа нема да биде толку лошо за нас“. И тоа многу ме повреди, но и ме растажи, бидејќи сум играч кој не заслужува критики. Секогаш сум достапен, играм добро или лошо, но секогаш давам се од себе на теренот. А ја гледате целата ситуација, играчи кои не ја ценат доволно големината на клубот и не ги бранат неговите бои колку што треба“, рече Бруно Фернандес.
Не заврши тука, бидејќи тој одговори и шпекулациите за трансфер во Ал Хилал, кој понуди огромни пари за неговиот потпис.
„Претседателот на Ал Хилал ми се јави лично. Рубен Невеш ми испрати пораки дека сака директно да разговара со мене. Тие сакаа да играм на Светското првенство за клубови за Ал Хилал. Тоа беше „љубов“ што започна од периодот кога Жорж Жезус беше на клупата, во 2023 година. Тоа беше првиот пат кога ме повика“, откри Бруно и продолжи:
„Не можам да се жалам, платен сум многу добро, но разликата е очигледно огромна. Сепак, тоа никогаш не ми било важно. Ако еден ден морам да играм во Саудиска Арабија, тогаш ќе играм таму. Мојот начин на живот ќе се промени, моите деца ќе имаат сончеви денови, по шест години во Манчестер со дожд и студ. Ќе играм во лига која расте со познати играчи. Можев веќе да заминам, како многу играчи и да кажам „Сакам да заминам, не сакам да тренирам, сакам да имам 20 или 30 милиони евра“, за да добијам уште повеќе пари. Но, никогаш не го направив тоа. Не чувствував дека сум во позиција да го направам тоа. Секогаш чувствував емпатија и наклонетост кон клуб“, рече Бруно.
Капитенот на Јунајтед сигурно ќе биде главна тема на медиумите по неговото признание и очигледнаото навестување за напуштање на клубот следното лето.
Foto/ depositphotos

