Спорт
Пензионерот Федерер најмногу заработува во белиот спорт
Легендарниот Роџер Федерер, иако се пензионира пред два месеца, сè уште најмногу заработува во светот на белиот спорт.
По долгогодишна соработка со „Најки“, Роџер во 2018 година потпиша десетгодишен договор со „Уникло“, вреден дури 100 милиони долари.
Откога се повлече и заработи околу 130 милиони долари, само од турнирските награди, Федерер од овој јапонски производител на спортска опрема ќе добива само добри пари до 2028 година.
На почетокот на овој месец во чест на спонзорот Федерер се појави на егзибиција во Јапонија.
Сите овие договори, најверојатно, ќе бидат мали во споредба со еден друг извор на приход.
Одлуката на Федерер да се откаже од договорот со „Најки“ му овозможи да инвестира во On Running, производител на патики, на почетокот на проектот.
Федерер набргу посериозно влезе во сопственичката структура на оваа швајцарска компанија, а процените моментално велат дека вредноста е дури 10 милијарди долари.
On Running дебитира на Њујоршката берза во 2021 година со вредност од 7,3 милиони долари, а во овој момент делот на Федерер изнесува околу 300 милиони долари.
Ова дополнително значи дека Федерер моментно вреди 500 милиони долари од тековни инвестиции и спонзорски договори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Челси го декласира Вест Хем, Ливерпул убедлив против Тотенхем
Ливерпул и Челси забележаа убедливи победи во 36.коло, а Брајтон минимално ја победи Астон Вила.
Ливерпул одигра брилијантно во поголемиот дел од натпреварот. Поведе во 16. минута, кога Гакпо го проигра Салах, а Египќанецот го постигна својот 18. гол сезонава во Премиер лигата.
Кон крајот на првото полувреме „црвените“ го удвоија водството, со голот на капитенот Робертсон.
Ливерпул, во ист ритам продолжи и во вториот дел, Гакпо погоди во 50.минута, а потоа и Харви Елиот.
Во тој момент тимот на Јирген Клоп застана, а гостите од Лондо го искорситија да изборат чесен пораз. По гол постигнаа Ришарлисон и Сон.
Челси во градското дерби го декласира Вест Хем со 5:0. Дуелот беше решен во првиот дел кога „сините“ постигнаа три гола преку Палмер, Галагер и Мадуеке. Во вториот дел Џексон со два гола стави точка на натпреварот.
Ова е најубедлибата победа на Челси во историјата на меѓусебните дуели со Вест Хем.
Брајтон славеше победа над Астон Вила со голот на Жоао Педро во 87.минута.
Спорт
Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41
Еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња, Дирк Новицки откри зошто во кариерата го носел бројот 41 на својот дрес.
Легендарноот Германец бројот 41 го носеше во Далас Маверикс, додека во националниот тим за него беше резервиран бројот 14.
„Почнав да играм кошарка со број 11 бидејќи татко ми го носеше бројот 11 кога играше ракомет. Потоа Чарлс Баркли го носеше бројот 14 на Олимписките игри во Барселона, а јас го сакав Чарлс. Искрено, кој не го сакаше Чарлс во тоа време? Почнав да го носам бројот 14. В репрезентацијата играв со тој број“, изјави Новицки, а потоа додаде:
„Кога дојдов во Далас, го сакав бројот 14, но тој број го носеше Роберт Пек. Тој ми рече: „По ѓаволите, не, нема да го добиеш мојот број“.На крајот само направив рокада на бројките и 14 стана 41“.
Спорт
ПСВ шампион на Холандија по шест години
Фудбалерите на ПСВ Ајндховен ја освоија титулата во холандскиот шампионат, откако на домашен терен ја совладаа Спарта од Ротердам со резултат 4:2 во 32. коло од Ередивизија.
Головите за клубот од Ајндховен ги постигнаа Саид Бакари (автогол) во 19. минута, Јоан Бакајоко во 26. минута, Оливие Боскаљи во 67. минута и Џордан Тесе во 78. минута.
Метињо погодија за Спарта во осмата минута и Боскаља (автогол) во 29 минута.
ПСВ е прв на табелата во холандскиот шампионат со 87 бодови. Второпласираниот Феенорд има 75 бодови и меч помалку.
Спарта е на деветтата позиција со 43 бодови.
До крајот на холандскиот шампионат ќе се одиграат уште две кола.
Клубот од Ајндховен стигна до 25. титула во клупската историја, а прва по 2018 година.