Свет
„Газпром“ нема да ја прекине испораката на гас за Молдавија

Рускиот гасовод „Газпром“ објави дека нема да ја прекине испораката на гас за Молдавија, пишува рускиот весник „Комерсант“.
„Газпром“ минатата недела ја обвини Украина дека го задржува транзитот на гас за Молдавија додавајќи дека тоа би можело да го намали снабдувањето.
Украина ги отфрли тие обвинувања. Руската компанија извести дека сепак нема да ги намали испораките бидејќи добила пари за гасот што го испорача во ноември. „Молдавагаз“ во предвидениот рок исплатила авансно плаќање во износ од 21,4 милион долари, напиша Вадим Чебан, шефот на молдавската компанија, на „Телеграм“.
„Газпром“ потврди дека добиле пари за гас што треба да им биде доставен на клиентите во Молдавија, а во моментот, според соопштението на руската компанија, се наоѓа во Украина. Рускиот дневен весник „Комерсант’“ одделно објави дека „Газпром“ планира да ја задржи опремата за транспорт на гас на компресорските станици „Портоваја“ и „Славјанскаја“ на брегот на Финскиот Залив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Прекинот на електричната енергија во Португалија и Шпанија предизвикан од редок атмосферски феномен

Португалскиот оператор на електричната мрежа – РЕН објави дека прекинот на електричната енергија што ги погоди Португалија и Шпанија е предизвикан од дефект во шпанската електрична мрежа, поврзан со „редок атмосферски феномен“.
РЕН вели дека екстремните температурни разлики во Шпанија предизвикале „аномални осцилации“ на високонапонските далноводи.
Овој феномен се нарекува „индуцирана атмосферска варијација“, што потоа довело до осцилации што предизвикале дефекти во синхронизацијата на енергетските системи.
„Ова предизвика последователни прекини низ меѓусебно поврзаната европска мрежа“, додава РЕН.
Поради сложеноста на ситуацијата, РЕН предупредува дека целосната нормализација на електричната мрежа може да потрае и до една недела.
Шпанскиот оператор на електричната мрежа „Ред Електрика“ објави дека напонот е обновен во одредени трафостаници во северниот, јужниот и западниот дел од земјата.
„Продолжуваме да работиме со сите расположиви ресурси за што поскоро да го вратиме снабдувањето со електрична енергија на целата територија“, соопштија од „Ред Електрика“.
Шпанската национална железничка компанија „Ренфе“ соопшти дека сите возови остануваат во прекин поради прекин на електричната енергија.
Во меѓувреме, мадридското метро, исто така, известува дека сите линии остануваат затворени.
Свет
(Видео) Долгиот прекин на струјата во Шпанија и Португалија предизвика хаос

Сообраќаен хаос низ Шпанија и Португалија предизвика долгиот прекин на електричната енергија. Прекинот на струја зафати големи области од овие две држави, а меѓу погодените градови се Барселона, Лисабон, Мадрид, Порто и Севиља. Делови од Баскија исто така накратко беа погодени од прекинот.
Хаос има на метро станиците, улиците, аеродромите, семафорите се исклучени. Оневозможена е интернет и мобилната мрежа, банкоматите за плаќања, лифтовите се заглавени. Не се во функција ниту полначите за електрични возила и бензинските пумпи.
Градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез-Алмеида ги повика граѓаните да останат таму каде што се и да го намалат движењето на апсолутен минимум.
„Ги замолувам сите жители на Мадрид да излегуваат што е можно помалку и, ако воопшто е можно, да останат таму каде што се во моментов. Сакаме да ги задржиме сите патишта слободни“, рече Мартинез-Алмеида во видео пораката објавена на социјалните мрежи.
Говорејќи од интегрираниот центар за вонредни ситуации во Мадрид, тој рече дека покрај исклучувањето на семафорите, морале да ги затворат и тунелите на некои автопати.
Мрежите на мобилната телефонија исто така беа погодени.
Новинарите на АФП од Мадрид и Барселона известија дека луѓето излегле на улиците, држејќи ги мобилните телефони високо во воздухот за да се обидат да фатат сигнал.
Според агенцијата, многумина ги следеле вестите преку радио, а не преку мобилни уреди.
Се појави и видео од жичница во Билбао, Шпанија, каде луѓето морале да слезат и да продолжат пеш.
Gente bajando a pie del funicular de Artxanda en Bilbao#apagon pic.twitter.com/PthoY01CNq
— Javi Regalado (@djobi71) April 28, 2025
Португалската авиокомпанија ТАП Ер Португалија ги предупреди патниците да не се упатуваат кон аеродромите до понатамошно известување.
Во соопштението објавено на својата Фејсбук страница, ТАП наведува дека некои летови не се одвиваат според распоредот и бара од патниците да чекаат нови информации.
Пристигнуваат бројни извештаи дека многу граѓани на Шпанија и Португалија останале без вода.
Неколку луѓе изјавија за „Скај њуз“ дека забележале панично купување вода и други потреби во супермаркетите во Лисабон.
Свет
Белата куќа: Трамп сака трајно, а не привремено примирје

Американскиот претседател, Доналд Трамп, јасно стави до знаење дека сака трајно примирје во Украина, а не привремен прекин на непријателствата, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.
Таа зборуваше откако рускиот претседател Владимир Путин објави тридневно примирје од 8 до 11 мај, по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна.
„Претседателот сака да види трајно примирје што ќе ги запре убиствата и крвопролевањето“, рече Левит.
Таа додаде дека Трамп останува оптимист за можноста за постигнување договор, но дека е сè повеќе фрустриран од лидерите на двете страни, кои, како што рече, мора да седнат на маса и да преговараат за излез од конфликтот.
Левит, исто така, нагласи дека недамнешната средба меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во базиликата Свети Петар покажала дека Трамп сака повторно да биде претседател кој носи мир, како што беше во неговиот прв мандат.