Свет
(Видео) Руски филолог: Ќе создадеме голем руски дом, ќе се прошириме во Полска и на Балканот

На Руската државна телевизија се разговараше за планираната руска стратегија за наредните децении. Нивните експерти, заедно со изјавите дека украинскиот јазик не постои, предвидуваа дека Русија ќе ги присоедини соседните земји во „еден голем руски дом“, со евентуално проширување на Балканот и во Полска, пренесуваат медиумите во регионот.
Russia's strategy for decades to come is discussed on Russian state TV. Along with the claim that the Ukrainian language does not exist, pundit predicts Russia's absorption of the neighboring countries into "one big Russian home," with eventual expansion to the Balkans & Poland. pic.twitter.com/NfXxnAPozw
— Julia Davis (@JuliaDavisNews) November 27, 2022
„Сега, од една страна, многумина имаат причина да очајуваат, но ако ги видите работите од друга перспектива, Русија победнички се бори против повеќе од милијарда западњаци. Во текот на оваа година Западот не беше во можност да ја надмине Русија. Просечен Русин ќе се согласи со мене – имаме топла вода, храна, работа, градскиот превоз работи. Нашата економија се реконструира“, изјави филологот Николај Вавилов во емисија на каналот „Русија 1“.
„Всушност, станува збор за победа на Русија. Нема изолација за нас, особено сега кога ни се приклучи Кина. Ни се придружија и Индија, Југоисточна Азија, Африка и Латинска Америка. Нема изолација бидејќи ние сме победници во оваа голема специјална операција“, додаде тој.
„Јас сум филолог. Украинскиот е дијалект на рускиот јазик. Украинскиот јазик не постои. Има само украински дијалект. Ви требаат две недели да го изучите овој дијалект. Во суштина, зошто Западот толку се плаши од нас? Ако Западот не направи ништо, за 10, 15 или 20 години ќе ја вратиме целата територија“, рече Вавилов.
„Ќе им се придружиме на сите оние нации што тврдат дека се независни во еден голем руски дом. Што значи тоа? Во Европа со 500 милиони жители, ќе има колектив од 200 милиони луѓе што зборуваат руски, кои може мирно да полагаат право на Балканот, Полска и така натаму“, изјави рускиот филолог.
„Има 80 милиони Германци, вклучително Пакистанци, Турци и Арапи. Има 60 милиони Англичани, вклучително и Пакистанци и други. Ќе се појави водечка нација во Источна Европа. Западот нема да може да направи ништо“, додаде тој.
„За 10-15 години, ќе се појави огромна заедница. Што значи тоа? Тоа значи дека ќе го фрлиме костумот стар 20 или 30 години, истрошениот костум на глобализмот. Треба да го замениме со нова идеологија, нов светоглед, нови општествени и политички структури“, заклучи Вавилов, пренесе „Индекс.хр“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелски војници забележани во градот Газа

Палестински очевидци тврдат дека во градот Газа забележани се израелски војници.
Според нив израелските војници биле забележани во населбата Сабра, во близина на зграда во која порано се наоѓало училиште.
Израелските војници наводно се заблежани во градот Газа откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одобри план за преземање на градот, во кој живеат околу еден милион луѓе.
Израелската армија не ги коментираше палестинските наводи, истакнувајќи оти не ги открива позициите на своите војници.
Претходно Израел соопшти дека планира да евакуира околу еден милион жители од градот пред офанзивата, која се очекува да почне најрано во септември.
Свет
Зеленски вели дека постои вистинска можност да заврши војната во Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави дека следните денови ќе бидат готови безбедносните гаранции за неговата земја.
Тој, по телефонскиот разговор со премиерот на Холандија, Дик Шуф, на платформата Икс објави дека „во моментот тимови на Украина, САД и европските партнери работат на решение“.
Според Зеленски постои „вистинска можност да се заврши оваа војна“, додавајќи дека Украина е „подготвена за конструктивни чекори што можат да доведат до вистинскиот мир“.
– Русија од своја страна не покажува намера за мир и продолжува да ги гранатира нашите градови. Сите сигнали што доаѓаат од Москва овие денови ги толкуваме на ист начин. Ни треба притисок за промена на нивниот став, како и состанок на највисоко ниво за да се разговара за сите прашања, посочи Зеленски.
Свет
Северна Кореја тестираше нови ракети

Северна Кореја вчера истрела два нови противвоздушни проектили за уништување на различни воздушни цели, меѓу кои дронови и крстосувачки ракети. Тестирањето на новото оружје го надгледуваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Како што јави Корејската централна новинска агенција (КЦНА) новото оружје има „супериорна борбена способност“ и користи „единствена технологија“.
Тестирањето на ново оружје се одвива во време на зголемени тензии со Јужна Кореја. Официјален Сеул вчера соопшти дека на 19 август јужнокорејски војници отвориле предупредувачки оган кон припадници на севернокорејската армија, кои накратко навлегле во Демилитаризираната зона.
Исто така во регионот се одржува заедничка воена вежба помеѓу Јужна Кореја и САД, а за утре е предвидена средба на американскиот претседател Доналд Трамп со новоизбраниот јужнокорејски претседател Ли Џае-мунг.