Македонија
Грковска во Советот на Европа: Да обезбедиме поголема транспарентност и одговорност кај носителите на одлуки
Зачленувањето во Европската Унија е стратешка цел за Република Северна Македонија и затоа наша клучна определба е да изградиме систем што ќе се темели на вредностите на кои се темели Европската Унија, а тоа се почитување на човековите права, демократија, владеење на правото, како и функционална пазарна економија, порача заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, во своето обраќање на 16. Комитет за демократија управување, на Советот на Европа во Стразбур.
„Зголемување на довербата на граѓаните во институциите, но исто така и реформа на јавната администрација се дел од приоритетите на кои Владата на Република Северна Македонија се фокусира. Владата посветено работи на унапредување на транспранетноста на институциите, за што веќе има и видливи резултати. Сепак, неопходно е, во наредниот период да се фокусираме на транспарентноста во процесот на носење одлуки, имплементацијата на политиките, како и одговорноста на носителите на одлуки, колективна и индивидуална“, оцени Грковска.
Таа се осврна и на процесот на реформа на јавната администрација која треба да биде професионална, одговорна и ефикасна во испорачувањето на услуги до граѓаните. Во таа насока, додаде Грковска, неопходно е доследно имплементирање на принципите за добро владеење, како што се одговорноста, отчетноста, транспарентноста, професионалноста и ефикасноста на јавната администрација.
„Имплементацијата на овие принципи во основа значи целосна реформа на јавната администрација, процес кој не може да се постигне преку ноќ и кој бара стратешки и долгорочен пристап. И што е најважно, неопходно е да се постигне консензус во општеството за потребата од оваа реформа“, додаде Грковска.
Таа, пред Комитетот за демократија и управување, ја претстави иницијативата на која работи нејзиниот Кабинет, а тоа е во Република Северна Македонија, во соработка со Советот на Европа да се формира Центар за добро владеење. Овој Центар би бил сличен на Центарот за експертиза на Советот на Европа, кој им помага на земјите членки на Европската Унија да ги имплементираат принципите на добро владеење на сите владини нивоа и да ги промовираат европските стандарди и добри практики на сите нивоа.
На 16. Комитет за демократија и управување на Советот на Европа, се обратија и претставници од Украина, Малта, Грузија и Ерменија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска е Божик – денот на христовото раѓање
Православните христијани во светот, во Македонија и црквите кои се раководат по Јулијанскиот календар денеска го слават Рождеството Христово – Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква изутрината се одржуваат божикни литургии.
Божик е денот на Христовото раѓање според христијанската традиција. Тоа е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Денеска воедно завршува 40-дневниот пост и овој ден се прославува со богата трпеза со мрсни јадења.
Со Божик е поврзана и поговорката: „Пред Божик зад Божик кај да си, дома да си” што има двојно значење: за време на големиот празник треба да се биде во кругот на семејството и тука да се слушне и да се прослави радосната вест за раѓањето на Спасителот, но не е на одмет да се потсети дека во најстудениот период од годината, сепак најпријатно и најбезбедно е во сопствениот дом.
На Божик се оди во црква и се врши причестување со земање нафора и вино, кои ги симболизираат Исусовото тело и крв. По овој чин луѓето смеат да се омрсат. Се подготвува богата софра, на која скоро задолжително било свинското месо. На денот на Христовото раѓање, по одењето во црква луѓето се веселеле, играле и пееле среде село. Божик, според црковниот календар, се празнува три дена.
Вториот ден е Соборот на Света Богородица, а третиот е Свети Стефан првомаченик.Во некои краеви на овие празници, луѓето што го носат името Божидар, Божо, Бошко и сл. слават именден на Божик, а Стефан, Стојан, Стојче слават на Св.Стефан.
Од Божик почнуваат 12-те таканаречени некрстени или нечисти, погани денови, кои траат сè до пред Водици, денот кога Исус бил крстен. Се верува дека во овие денови се движат зли духови, караконџули, вампири, вештерки и сл. кои ги загрозуваат безбедноста и сигурноста на луѓето. Затоа од Божик до Водици, луѓето со себе носеле најразлични амајлии – апотропејски средства со кои се заштитувале од злите духови, како што се лук, пелин, сол.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.

