Спорт
Вардар побара дербито со Пелистер да се игра в недела и Комити да дојдат во Битола
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар побара од раководството на Пелистер да дозволи присуство на навивачката група Комити во Битола, а дербито да се одигра ден подоцна од закажаниот термин, односно в недела
„Недела ден за дерби! Големото македонско фудбалско дерби е пред нас. Првенствено, веруваме дека управата на Ф.К. Пелистер ќе се согласи и ќе дозволи присуство на нашата навивачка група “Комити Запад”. Фудбалот без навивачи на трибините губи многу, затоа веруваме дека одлуката по однос на ова прашање ќе биде позитивна. Дека сме сериозни и искрени во намерата да го вратиме сјајот на големото дерби, потврдува и тоа што уште од сега јавно соопштуваме дека ќе дозволиме присуство на навивачката група “Чкембари Битола” на натпреварот кој овие два тима ќе го одиграат во Скопје.
Воедно, упатуваме важен апел до управата на Ф.К. Пелистер, а тоа е да дерби натпреварот помеѓу Ф.К. Пелистер и Ф.К. Вардар, кој е закажан за оваа сабота (3.12.2022) се одигра ден подоцна, односно во недела (4.12.2022). Навивачите на двата тима тоа го заслужуваат. Ајде заедно да помогнеме да се врати стариот сјај на големото македонско фудбалско дерби.
Како клуб, стоиме на располагање за соработка и помош доколку е потребна, во однос на било кој аспект.
Недела ден за фудбал – навивачите заслужуваат!“, велат од ФК Вардар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Еурофарм Пелистер ја одбрани титулата
Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја одбранија титулата во домашното првенство. Пелистер во последното коло влезе со бод предност пред Вардар 1961. Пелистер го совладаа Алкалоид со 32:28, а во исто време Вардар славеше над Бутел со 31:25.
Против Алкалоид, Пелистер уште на полувреме дојде до предност која му обезбеди мирно второт полувреме. Пелистер на полувреме водеше 18:13, во вториот дел Алкалоид успеа да „скине“ само еден гол од таа негатива.
Спорт
(Видео) Родители се тепаа во Детската лига, ФФМ забрани публика
По денешниот инцидент на завршниот турнир во Детската лига, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) одлучи понатамошните натпревари од Детската лига да се одиграат без присуство на публика.
На еден од терените на ФММ во Ново Лисиче, на натпреварот меѓу Сарај и Фит Кид, генерација 2012 година, се случи тепачка меѓу родители. Родителите се тепаа на теренот, додека децата гледаат.
Видео: Youtube, Огнен Дојчиновски
ФФМ го осуди насилството, изрази разочараност и забрани присуство на публика.
Во продолжение соопштиението на ФФМ:
“Тренерите на тимовите учесници во натпреварувањето се известени да го почитуваат кодексот за фер-игра и однесување. Секое спротивно однесување ќе подлежи на дисциплински сакнции.
Фудбалската федерација на Македонија изразува длабока разочараност од инцидентот што се случи на детскиот фудбалски натпревар од финалниот турнир на тренинг центарот “Петар Милошевски”.
Она што требаше да биде настан на кој се слави спортскиот дух, тимската работа и радоста на играта беше нарушено со неприфатливото однесување на дел од присутните родители.
Како организација посветена на промовирање на позитивна и фер-плеј средина за нашите најмлади фудбалери, најостро го осудуваме однесувањето на присутните родители кои го предизвикаа и учестуваа во инцидентот. Таквото однесување е спротивно на вредностите што ги поддржуваме и примерот што се стремиме да им го дадеме на нашите деца.
Од клучно значење е сите да се стремиме кон основната цел на детскиот спорт: поттикнување развој, забава и почит меѓу учесниците.
Фудбалската федерација на Македонија како организатор на Детска лига сериозно размислуваше за драстична одлука и суспендирање на понатамошните натпревари, но таа одлука би значело само штета за сметка на радоста на децата и нивната желба за игра.
ФФМ сепак донесе одлука понатамошните натпревари да се одиграат без присуство на публика.
Исто така, тренерите на тимовите учесници во натпреварувањето се известени да го почитуваат кодексот за фер-игра и однесување. Секое спротивно однесување ќе подлежи на дисциплински сакнции.
Ги повикуваме сите родители и гледачи во иднина да размислуваат за влијанието што нивните постапки го имаат врз децата и секогаш да се однесуваат на начин кој поддржува и поттикнува позитивен развој.
Наш приоритет е да обезбедиме секое дете да ужива во играњето фудбал во безбедна и позитивна средина“.
Спорт
Спринтот во Муџело за Бањаја, нервозниот Мартин не ја заврши трката
Мотоциклистот на Дукати, Франческо Баеаја, победи на спринтот на Големата награда на Италија во Муџело. Бањаја победи со време за 19:30.251 минута.
За актуелниот шампион ова е прва спринт победа по трката за ГН на Австрија минатата година.
Второто место го зазеде возачот на Гресини Дукати, Марк Маркез, со заостанување од 1,469 секунди, додека Педро Акоста Гас Гас КТМ ја мина целта на третото место. Неверојатниот дебитант беше 4,147 секунди побавен од победникот.
Четвртото место му припадна на Франко Морбидели од Прамак Дукати, зад него беа Маверик Вињалес на Априлија и Бред Биндер на КТМ.
Бањаја имаше исклучителен старт и многу брзо направи голема разлика во однос на конкурентите.
Маркез и Мартин не можеа да се пофалат со ваков импресивен старт, па по првиот свиок ги заземаа позициите четири и пет, зад бранителот на титулата, Енеа Бастианини и Бред Биндер.
Спринтот го одбележа Хорхе Мартин од Прамак Дукати. Тој најпрво го елиминираше Енеа Бастианини од трката, имаше контакт со него кога се обиде да го престигне, а потоа самиот направи грешка и заврши надвор од патеката.
Мартин и натаму е лидер во генералниот поредок со 155 бодови. Бањаја е втор со 27 помалку, додека Марк Маркез заостанува дополнителни пет бода.
Трката за ГН на Италија е закажана за в недела во 14 часот