Спорт
Селекторот на Камерун објасни зошто го исфрлил Андре Онана од тимот

Селекторот на Камерун, Ригоберт Сонг, изјави дека може да биде задоволен од ремито (3:3) против Србија и додаде дека има верба во играчите во пресрет на натпреварот од последното коло против Бразил.
„Не дојдовме на Светското првенство за да позираме или само да учествуваме. Веруваме дека Камерун сè уште има што да каже, иако знаеме дека Бразил е голем тим“, изјави тој.
Непосредно пред мечот со Србија, голманот на Интер, Андре Онана, беше исфрлен од тимот, а Сонг потенцира дека секогаш му дава предност на тимот пред поединецот.
„Потребна е одредена дисциплина во групата и кога некој ‘скока’ треба да ја преземе одговорноста по тие дисциплински критериуми и да постапи така што и дава приоритет на групата, а не на поединци“, рече Сонг.
Селекторот на Камерун додаде дека му рекол на Онана да почека, но тој заминал за Милано.
„Ќе имаме шанса да видиме дали ќе може да продолжи. Тоа ќе зависи и од него и тој исто така треба да се врати на правилата, ќе видиме дали тоа е можно“, заклучи Сонг.
Во последното коло на 2. декември, Србија ќе игра со Швајцарија, а Камерун со Бразил од 20 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Кадилак го потврди и Серхио Перез

Кадилак од наредната сезона ќе се натпреварува во шампионатот на Формула 1. Минатата недела тимот го потврди дека еден од возачите ќе биде Валтери Ботас, а денес потврда дојде и за Серхио Перез.
Мексиканецот и Финецот имаат многу искуство зад себе, бидејќи во својата богата кариера возеа и за Ред Бул и за Мерцедес во своите најдобри сезони. Ова ќе биде интересен тим, бидејќи за прв пат ќе имаат можност да се борат за статусот на прв возач, што не беше можно ниту за Перез поради Ферстапен, ниту за Ботас поради Хамилтон.
„Потпишувањето на овие двајца возачи е голем чекор за овој нов тим. Сите ги познаваат, додека тие знаат како да бележат одлични резултати во Формула 1“, соопштија од Кадилак.
Од следната сезона, Формула 1 ќе претрпи големи промени, буквално „најбрзиот циркус“ ќе влезе во нова ера, со нов тим во името на Кадилак, кој ќе настапува во докажан состав.
Серхио Перез не е во караванот на Формула 1 оваа сезона, додека Валтери Ботас е трет возач во тимот на Мерцедес.
Спорт
Гвардиола има план како да му го украде Гуеи на Ливерпул

Пеп Гвардиола наредил, а Манчестер сити ќе се обид ви финишот на преодниот рок да го реализира трансферот на Марк Гуеи. Капитенот на Кристал Палас, чии договор истекува на крајот од сезоната, цело лето се поврзува со Ливерпул.
Гвардиола сака да ги има Гуеи во составот, откако е извесни дека ќе остане без двајца централни дефанзивци. Нејтан Аке има понуда од Евертон, а за Мануел Аканџи Галатасарај истпари понуда.
Токму Аканџи треба да биде клучот за преселбата на Гуеи во Сити. „Граѓаните“ се подготовени да понудат одредена сума на пари и да го испратат Аканџи во Кристал Палас во замена за нивниот капитен и стандарден репрезентативец на Англија.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Мијатовиќ: Винисиус не заслужува да го носи дресот на Реал

Предраг Мијатовиќ, стрелецот на голот во 1995 година со кој Реал по 30 години пауза стана европски првак, жестоко го критикуваше Винисиус Жуниор. Актуелниот потпретседател на фудбалскиот клуб Партизан, рече дека Бразиелцот не заслужува да го носи дресот на Реал.
Реал во неделата, победи во Овиедо со 3:0. Два од трите гола Реал постигна во самиот финиш на мечот. Еден постигна Винисиус, но медиумите во Шпанија по мечот повеќе пишуваа за однесувањето на Бразилецот, отколку за она што го покажа на теренот.
„Некои работи не се менуваат. Сметам дека со однесувањето не заслужува да го носи дресот на Реал Мадрид. Се мотивира така што се расправа со сите. Тој е исклучителен фудбалер, но мора внимателно да процените дали вреди да се биде во клубот“, рече Мијатовиќ.
Фото/ Принтскрин