Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Стани Таче, не се криј зад Цаци, наместо стендап-комичар, биди маж и прифати избори
Македонија, наместо премиер, доби стендап-комичар и дезертер, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Неговите гафови и шеги, кои никој не ги разбира, говорат, како што додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, за ниското ниво на капацитет на Ковачевски да се справи и да ги решава проблемите на граѓаните.
„Заслугите на овој стендап-комичар се Македонија на врвот по мизерија и инфлација, на дното по борба против криминалот и корупцијата. Велат Ковачевски не се потпишал само на хартијата што не му била ставена на бирото и затоа тој е најдобриот бугарски ас во македонската политика.
Димитар Ковачевски е на мака кој повеќе да го слуша, лидерот во сенка Заев во Струмица или Али Ахмети од Зајас. Неговото беспоговорно следење државата ја втурна во амбис и проблеми“, се наведува во реакцијата од опозициската партија.
„Затоа, стани Таче, не се криј зад Цаци, наместо стендап-комичар, биди маж и прифати избори зашто секој ден е сè полошо со СДС“, пишуваат на социјалните мрежи од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

