Спорт
Далас го отпушти Кампацо – Аргентинецот одигра само 52 минути за Маверикс

Далас Маверикс го отповикаа откажувањето на Факундо Кампазо. Аргентинецот, кој минатото лето одби неколку понуди од богатите европски клубови, се пресели во Далас за минимален договор според НБА стандардите.
Факундо Кампацо од почетокот на сезоната одигра само 52 минути за Далас. На негово место Маверикс го ангажираше поранешниот Ол-стар Кемба Вокер.
Кампацо првично ја одбил понудата од Фенербахче, за тригодишен договор вреден 9.000.000 долари.
Во овој момент, кога е без клуб, не е исклучено Аргентинецот да се врати во Европа. Во игра за неговиот потпис повторно е Реал Мадрид, неговиот поранешен клуб, а се шпекулира дека во трка за Кампацо ќе влезе и Олимпија Милано.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Дерби до дерби: Спектакуларна ждрепка за ЛШ

Вечерва во Монако, софтверот ги одреди довјките за главната фаза во Лигата на шампионите, во сезоната 2025/2026.
Сезната во која ПСЖ ќе ја брани титулата европски првак, а ќе започне на 16 и 17 септември носи неколку блокбастери во првата фаза. Ливерпул ќе се соочи со клубовите од Мадрид, Реал и Атлетико. Реал Мадрид ќе игра против Манчестер сити, Ливерпул и Јувентус.
Барселона ќе се соочи со Челзи и ПСЖ, Арсенал ќе доби Интер, Баерн Минхен и Атлетико Мадрид…
Противници на тимот од 1. шешир:
ПСЖ: Баерн, Барселона, Аталанта, Баер Леверкузен, Тотенхем, Спортинг, Њукасл, Атлетик Билбао
Реал Мадрид: Манчестер Сити, Ливерпул, Јувентус, Бенфика, Олимпијакос, Каират, Монако, Марсеј
Манчестер Сити: Реал Мадрид, Борусија Дортмунд, Леверкузен, Виљареал, Наполи, Бодо/Глимт, Галатасарај, Монако
Баерн: Челзи, ПСЖ, Клуб Бриж, Арсенал, Спортинг, ПСВ, Унион СЖ, Пафос
Ливерпул: Реал Мадрид, Интер, Атлетико Мадрид, Галатасарај, Ајнтрахт Франкфурт, Карабаг, ПСВ, Марсеј
Интер: Ливерпул, Борусија Дортмунд, Арсенал, Атлетико Мадрид, Славија Прага, Ајакс, Каират, Унион СЖ
Челзи: Баерн, Барселона, Бенфика, Аталанта, Ајакс, Наполи, Пафос, Карабаг
Борусија Дортмунд: Интер, Манчестер Сити, Виљареал, Јувентус, Бодо/Глимт, Тотенхем, Атлетик Билбао, Копенхаген
Барселона: Челзи, ПСЖ, Франкфурт, Клуб Бриж, Олимпијакос, Славија Прага, Копенхаген, Њукасл
Противници на тимови од 2. шешир:
Арсенал: Баерн, Интер, Атлетико, Клуб Бриж, Олимпијакос, Славија Прага, Каират, Атлетик Билбао
Леверкузен: ПСЖ, Манчестер Сити, Виљареал, Бенфика, ПСВ, Олимпијакос, Њукасл, Копенхаген
Атлетико Мадрид: Интер, Ливерпул, Франкфурт, Арсенал, Бодо/Глимт, Унион СЖ, Галатасарај, ПСВ
Бенфика: Реал Мадрид, Челзи, Јувентус, Наполи, Њукасл, Баер Леверкузен, Ајакс, Карабаг
Аталанта: Челзи, ПСЖ, Клуб Бриж, Ајнтрахт, Унион СЖ, Ајнтрахт Франкфурт, Славија Прага, Марсеј
Виљареал: Манчестер Сити, Борусија Дортмунд, Јувентус, Леверкузен, Ајакс, Тотенхем, Копенхаген, Пафос
Јувентус: Борусија Дортмунд, Реал Мадрид. Бенфика, Виљареал, Спортинг, Бодо/Глимт, Пафос, Монако
Ајнтрахт Франкфурт: Ливерпул, Барселона, Атлетико Мадрид, Аталанта, Тотенхем, Наполи, Галатасарај, Карабаг
Клуб Бриж: Барселона, Баерн, Арсенал, Аталанта, Марсеј, Спортинг, Монако, Каират
Противници на тимови од 3. шешир:
Тотенхем: Борусија Дортмунд, Виљареал, ПСЖ, Ајнтрахт Франкфурт, Славија Прага, Бодо/Глимт, Копенхаген, Монако
ПСВ: Баерн, Ливерпул, Атлетико Мадрид, Наполи, Унион СЖ, Њукасл, Леверкузен
Ајакс: Интер, Челзи, Виљареал, Бенфика, Олимпијакос, Марсеј, Галатасарај, Карабаг
Наполи: Челзи, Манчестер Сити, Ајнтрахт Франкфурт, Бенфика,
Спортинг: ПСЖ, Баерн, Клуб Бриж, Јувентус, Марсеј, Каират, Наполи, Атлетик Билбао
Олимпијакос: Реал Мадрид, Барселона, Леверкузен, Арсенал, ПСВ, Ајакс, Пафос
Славија Прага: Барселона, Интер, Арсенал, Аталанта, Бодо/Глимт, Тотенхем, Атлетик Билбао, Пафос
Бодо/Глимт: Манчестер Сити, Борусија Дортмунд, Јувентус, Атлетико Мадрид, Тотенхем,
Славија Прага, Монако, Галатасарај
Марсеј: Ливерпул, Реал Мадрид, Аталанта, Клуб Бриж, Ајакс, Спортинг, Њукасл, Унион СЖ
Противници на екипи од 4 шешир:
Копенхаген:Дортмунд, Барселона, Леверкузен, Виљареал, Наполи, Тотенхем, Каирата и Карабаг
Монако:Манчестер Сити, Реал Мадрид, Јувентус, Клуб Бриж, Тотенхем, Бодо, Галатасарај, Пафос
Галатасарај: Ливерпул, Манчестер Сити, Атлетико Мадрид, Ајнтрахт Франкфурт, Бодо/Глимт, Ајакс, Унион СЖ, Монако
Унион СЖ: Интер, Баерн, Аталанта, Атлетико Мадрид, Марсеј, ПСВ, Галатасарај, Њукасл
Карабаг: Челзи, Ливерпул, Ајнтрахт Франкфурт, Бенфика, Ајакс, Наполи, Копенхаген, Атлетик Билбао
Атлетик Билбао: ПСЖ, Борусија Дортмунд, Арсенал, Аталанта, Спортинг, Славија Прага, Карабаг, Њукасл
Њукасл: Барселона, ПСЖ, Бенфика, Леверкузен, ПСВ, Марсеј, Атлетик Билбао, Унион СЖ
Пафос: Баерн, Челзи, Виљареал, Јувентус, Славија Прага, Монако, Олимпијакос, Каират
Каират: Реал Мадрид, Интер, Клуб Бриж, Арсенал, Олимпијакос, Спортинг, Пафос, Копенхаген
Foto/ EPA/MOHAMMED BADRA
Спорт
Европскиот првак на колена пред Грузија

Репрезентацијата на Грузија забележа над бранителот на титулата Шпанија 83:69, во првиот натпревар во Ц групата на 42. Европско првенство во кошарка. Натпреварите во ова група се играта во Лимасол, Кипар. Подоцна ќе играат Кипар-Босна и Херцеговина и Италија-Грција.
Шпанија со видно изменет состав допатува на Евробаскетот и уште во првиот меч се покажа дека ќе очекува тежок пат. Грузија, од првата до последната секунда го контролираше натпреварот. Шпанците само еднаш водеа, во финишот на прворо полувреме.
Грузија во првиот период стеква двоцифрена предност а откако Шпанците се вратија во натпреварот, предноста на Грузините се движеше најчесто од четири до осум поени.
Во завршницата кога Гога Ботадзе постигна осум поени во серија, Грузија дојде до плус од 16 поени и го реши победникот.
Мамукелашвили ги предводеше Грузијците со 19 поени, седум скока и шест асистенции, Битадзе имаше 15 поени, Шенгелија 13 за 20 минути на паркетот, Болдвин постигна 12 поени, додека Санадзе сите 11 поени ги постигна во првото полувреме.
На спротивната страна, Хуанчо имаше 13 поени, Алдама 12 (5/15) од поле, а Бризуела уфрли 11.
Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Колку е лош Јунајтед на Рубен Аморим?

Мандатот на Рубен Аморим во Манчестер јунајтед стана синоним за неуспех. „Црвените ѓаволи“ синоќа го допреа дното, испаднаа во второто коло во Лига купот од членот на Четвртата лига, Гримзби, што се смета за историски неуспех.
Рубен Маорим, донесен да го стабилизира тимот, стана најлошиот менаџер во поновата историја на славниот клуб. Катастрофата на Јунајтед под Аморим ја покаѓуваат и бројките.
Катастрофата против Гримзби достигнува епски размери бидејќи летово Јунајтед на засилувања потрошија 200 милиони фунти.
Аморим победил на само 24,7 отсто од натпреварите во Премиер лигата, што е најлош учинок на кој било менаџер на Јунајтед по заминувањето на Сер Алекс Фергусон.
За споредба, често критикуваниот Дејвид Мојес имаше половичен успех, победи на 50 отсто од натпреварите, додека Жозе Мурињо е убедливо најдобар со 58,3 отсто победи.
Јунајтед победи само на седум од 29 лигашки натпревари под водство на Аморим, односно тимот победува на еден од четири натпревари, учинок што му доликува на тим во зоната за испаѓање.
Минатата сезона беа освоени само 42 бода, најмалку во историјата на клубот во Премиер лигата, додека 15-то место на табелата е најлошата позиција откако лигата се игра во овој формат.
Тимот постигна само 44 гола во текот на целата сезона, соборувајќи уште еден негативен рекорд.
Јунајтед ретко постигнувал голови во првата половина од натпреварите, во петте најдобри европски лиги, само Џенова била понеефикасна во првите 45 минути од почетокот на сезоната 2024/25.
Фактот дека Аморим има водено повеќе натпревари во Премиер лигата (29) отколку што има добиено (28) е особено разочарувачки.
Во домашните купови и во Европа, против англиски клубови, Аморим има само една победа од пет натпревари, против Арсенал на пенали во ФА Купот.
Тие беа поразени од Тотенхем (двапати), Фулам и во среда од четвртолигашот Гримсби.
Извор/ Би-би-си