Македонија
Мицкоски: Охрабри се, предложи идеја, ова е време на промени што носат подобра иднина

„Една година, соочувајќи се со предизвици, макотрпно се трудиме да ги оправдаме вашите очекувања и да ги придвижиме и подобриме работите. Да создадеме вредности за сите луѓе. Да ја разбудиме надежта. Да ја обезбедиме иднината за вашите деца“, порача денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој посочи дека „има уште многу да се сработи. Проблемите се таложеле со години и децении. Ние не ги криеме, не ги потценуваме, но и не ги преценуваме. Веруваме дека заеднички, со сплотени сили, може да направиме многу. Затоа ве повикуваме да се вклучите и да придонесете со вашите идеи во реализацијата на промените“.
„Општините каде градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ја имаат одговорноста да управуваат со процесите ќе ги отвориме во наредните два викенда, каде ќе има отворени денови и од 11 до 14 часот граѓаните ќе може да предложат проекти и идеи кои ќе бидат вклучени за следната буџетска година, и воедно да им бидат презентирани плановите и проектите кои веќе се испланирани за следната буџетска година. Ќе може лично да предложите идеја. Но, ќе има можност и онлајн преку веб-страницата budzet.mk да ги предложите вашите идеи“, рече Мицкоски.
Тој напомена дека „внимателно и со почит ќе пристапиме кон секоја ваша идеја, истата ќе биде разгледана од страна на стручни и професионални лица, максимално ќе се посветиме да изнајдеме средства за реализација на идејата во рамките на следно годишниот буџет или пак следно годишните буџети“.
„Затоа охрабри се. Предложи идеја. Ова е време на промени што се случуваат и носат подобра иднина. Ова е твое време. Твое време и твоја идеја. Твоја идеја за твоето место. Твоја идеја за сите нас, за твоите сограѓани. Твоја идеја за промените. Учествувај во промените. Директно, непосредно, самоиницијативно. Креирај ги, обликувај ги, создавај ги!“ е пораката на лидерот на најголемата опозициска партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци: маскиран и со ловечки нож ограбил соселанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 32-годишен скопјанец, на 18 август, маскиран со маица со која си го покрил лицето и капа, преку незаклучена влезна врата влегол во домот на негов соселанец во селото Бучимци. Во рацете држел ловечки нож и кога во една од собите го затекнал сопственикот, му се заканил дека ќе го убие ако не му даде пари.
Оштетениот, исплашен за својот живот, извадил 4.000 денари од комодата, но го замолил разбојникот да му дозволи да задржи барем 1.000 денари, бидејќи му се неопходни.
Осомничениот се согласил и го напуштил местото со 3.000 денари кои противправно ги одзел од сопственикот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведокот/оштетен со заплашување и уценување, како и можност да го повтори делото.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез е околу 20 минути, за излез е околу 40 минути.
На ГП „Богородица“ времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

Вицепремиерот Александар Николоски на покана на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, присуствува на Националниот ден кој се слави во чест на Свети Стефан основачот на унгарската држава и христијанството во Унгарија.
Покрај учеството на прославата на националниот ден, предвидени се повеќе средби со високи претставници на владата на Унгарија, неколку министри и потенцијални инвестиции. На средбите е предвидено да се разговара за динамиката на проектите во Македонија како и за идната засилена економска соработка помеѓу двете држави.
Посетата на вицепремиерот е уште една потврда за одличното пријателство и соработката помеѓу Македонија и Унгарија, се додава во соопштението на Министерството за транспорт.