Свет
Борел: Никој, никогаш, никаде не треба да користи хемиско оружје

По повод Денот на сеќавање на сите жртви од хемиската војна, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жосеп Борел, денеска порача дека никој не смее да користи хемиско оружје, никаде, во секое време и под никакви околности.
Пред 25 години Конвенцијата за хемиско оружје стапи на сила со цел засекогаш да се стави крај и да се елиминира хемиското оружје.
Од 1997 година, над 99 отсто од пријавените залихи на хемиско оружје се проверливо уништени. Сепак, хемиското оружје останува една од најсериозните закани за меѓународниот мир и безбедност.
„И покрај напредокот што го постигнавме, сè уште сме сведоци на ужасните последици од ова грозоморно оружје. Во Сирија предизвика стотици жртви, меѓу кои и деца. Во август 2020 година воениот агенс новичок беше искористен во обид за атентат врз рускиот опозициски политичар Алексеј Навални на територијата на Руската Федерација. Хемиско оружје беше употребено и во Малезија во 2017 година за да се убие полубратот на Ким Џонг-ун, Ким Џонг-нам, и во Велика Британија во 2018 година во обидот за напад врз Сергеј и Јулија Скрипал, што резултираше со смрт на британски државјанин“ – рече Борел, пренесува „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски вели дека постои вистинска можност да заврши војната во Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски синоќа најави дека следните денови ќе бидат готови безбедносните гаранции за неговата земја.
Тој, по телефонскиот разговор со премиерот на Холандија, Дик Шуф, на платформата Икс објави дека „во моментот тимови на Украина, САД и европските партнери работат на решение“.
Според Зеленски постои „вистинска можност да се заврши оваа војна“, додавајќи дека Украина е „подготвена за конструктивни чекори што можат да доведат до вистинскиот мир“.
– Русија од своја страна не покажува намера за мир и продолжува да ги гранатира нашите градови. Сите сигнали што доаѓаат од Москва овие денови ги толкуваме на ист начин. Ни треба притисок за промена на нивниот став, како и состанок на највисоко ниво за да се разговара за сите прашања, посочи Зеленски.
Свет
Северна Кореја тестираше нови ракети

Северна Кореја вчера истрела два нови противвоздушни проектили за уништување на различни воздушни цели, меѓу кои дронови и крстосувачки ракети. Тестирањето на новото оружје го надгледуваше севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Како што јави Корејската централна новинска агенција (КЦНА) новото оружје има „супериорна борбена способност“ и користи „единствена технологија“.
Тестирањето на ново оружје се одвива во време на зголемени тензии со Јужна Кореја. Официјален Сеул вчера соопшти дека на 19 август јужнокорејски војници отвориле предупредувачки оган кон припадници на севернокорејската армија, кои накратко навлегле во Демилитаризираната зона.
Исто така во регионот се одржува заедничка воена вежба помеѓу Јужна Кореја и САД, а за утре е предвидена средба на американскиот претседател Доналд Трамп со новоизбраниот јужнокорејски претседател Ли Џае-мунг.
Свет
Фабрики за оружје во неколку држави отвори Иран

Иранскиот министер за одбрана Азиз Насирзадех тврди дека Иран во неколку држави создал инфраструктура за производство на оружје.
Тој не соопшти во кои земји Иран ќе произведува оружје, но најави дека фабриките најверојатно официјално ќе бидат отворени.
Насирзадех наведе пред војната со Израел еден од приоритети на Иран бил развивање на ракети, но оти сега „би можеле да се сменат приоритетите“.