Спорт
Разврска во групите Е и Ф: Германија и Шпанија гледаат кон осмина-финалето, Хрватска на мегдан со Белгија
Вечерва на СП во Катар ќе бидат формирани две нови осминафинални двојки. На програмата се натпреварите од последното коло во групите Е и Ф.
Натпреварите во Е групата ќе се играат од 20 часот. Шпанија за противник ја има Јапонија, а Костарика ќе се пресмета со Германија.
Шпанците се во најдобра позиција, бод им е потребен за да бидат сигурни осминафиналисти. За останатите селекции има неколку комбинации. Сепак најреално е Шпанија да ја победи Јапонија, а Германија да слави против Костарика, што значи дека европските репрезентации би играле во нокаут фазата.
Табела: Шпанија 4, Јапонија 3, Костарија 3, Германија 1.
Натпреварите во Ф-групата ќе започнат во 16 часот. На програмата покрај европското дерби Хрватска-Белгија ќе биде и дуелот Мароко-Канада. Со исклучок на Канада останатите три репрезентации имаат реални шанси за пласман во осминафиналето.
Хрватска и Мароко со четири бода се во подобра позиција од Белгија која има три бода. Канада во оваа група е последна без освоен бод.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Ејбрахам и дебитантите на Милан ја елиминираа Рома
Фудбалерите на Милан ја совладаа Рома со 3:1 и се пласираа во полуфиналето на Купот на Италија.
На Рома и пресуди поранешниот фудбалер, Тами Ејбрахам, која постигна два гола во првото полувреме.
Англискиот напаѓач погоди во 16. и 42. минута, а две асистенции запиша капитенот Тео Ернандез.
Надеж на „волчицата“ и даде Арттем Довбик со гол во 54. минута, но во 72. минута, дебитантите во дресот на Милан ставија точка на натпреварот.
Сантијаго Хименез му асистираше на Жоао Феликс, кој го постигна третиот гол за Милан.
Противник на Милан во финалето ќе му боде победникот од дулот Лацио – Интер.
Спорт
(Видео) Дебитантот Гарсија во 93.минута го однесе Реал во полуфиналето на Купот
Реал Мадрид победи со 3:2 кај Леганес во четвртфиналето во Купот кралот. Реал имаше 0:2, на крајот во 93.минута с голот на дебтантот Гонзало Гарсија, напаѓач на Б тимот на Реал избори пласман во полуфиналето.
Гостите поведоа преку капитенот Лука Модриќ, кој погоди во 18. минута на асистенција на Родриго. Ова беше трет гол за Модриќ сезонава, а има и пет асистенции. Седум минути подоцна Ендриг ја зголеми предноста на Реал.
Леганес сепак успеа да се врати во мечот. Двоен стрелец беше напаѓачот Хуан Круз. Најпрвин во 39. минута погоди од пенал, а потоа во 59. минута по убав потег го израмни резултатот.
Гонзало Гарсија, напаѓачот на Б тимот му донесе победа на Реал Мадрид во драматичен натпревар. Гарсија со глава на асистенција на Брахим Дијаз во 93. минута го однесе Реал во полуфиналето.
Во вторникот, место во полуфиналето си обезбеди Атлетико Мадрид, со убедливата победа (5:0) над Хетафе.
Утре четвртфиналните натпревари ќе ги одиграат Валенсија и Барселона, односно Осасуна и Реал Сосиедад.
Спорт
(Видео) Њукасл повторно го победи Арсенал – „Страчките“ ќе се борат за пехарот во Лига купот
Њукасл со вкупен резулта 4:0 го елиминира Арсенал и се пласира во финалето во Лига купот на Англија. По победата во Лондон 2.0, пред еден месец, „страчките“ со идентичен резулта славеа и на домашен терен. „Страчките“ прв пат по 1955 година ќе се борат за трофеј во англискиот фудбал.
И во реваншот Њукасл одигра одличен натпревар. Црно-белите беа агресивни на стратот, а Исак уште еднаш покажа дека е во фантастична форма.
Не постигна гол, но несомнено беше во центарот на вниманието. Најпрво Швеѓанецот во четвртата минута и побегна на одбраната на Арсенал и со прецизен удар од 16 метри го совлада Раја. Судиите потоа долго време ги гледаа снимките од ВАР и цртаа линии кои покажаа дека Исак бил во офсајд.
Сепак, Њукасл поведе во 19. минута, кога Исак повторно лесно ја избегна одбраната на „топчиите“, овојпат шутираше дијагонално од левата страна, ја погоди стативата, топката се одби до Марфи, кој ја испрати одбиената топка во мрежата.
Гостите се бореа, имаа една добра шанса за израмнување, но Тросар не ја искористи во 24. минута Дубравка го одбрани ударот и ја испрати топката во корнер.
Натпреварот дефинитивно беше решен на стартот од вториот дел. Гордон најпрвин имаше шанса по лошата реакција во одбраната на Арсенал, во 49.минута, но не беше прецизен.
Слична ситуација се повтори и три минути подоцна, голема грешка направи голманот Раја, а 23-годишниот напаѓач го казни неговиот кикс.
Њукасл во финалето ќе игра против победникот од второто полуфинале во кое играат Тотенхем и Ливерпул. Во првиот меч во Лондон, Спарс победија со 1:0, реваншот е закажан на „Енфилд“ во четврток од 21 часот.