Свет
Бајден го однесе Макрон на сладолед

Американскиот претседател Џо Бајден сподели фотографија со Емануел Макрон како јадат сладолед за време на државната посета на францускиот претседател.
Фотографијата објавена на твитер-профилот на Бајден доцна синоќа го покажува Бајден како седи до Макрон со чинии сладолед пред нив во „Фиола маре“, италијански ресторан за морска храна во Вашингтон.
Welcoming some friends to town. pic.twitter.com/n3rbqR98xB
— President Biden (@POTUS) December 1, 2022
Сопругите на двајцата лидери, Џил Бајден и Брижит Макрон, седат спроти нив, без сладолед.
Над фотографијата Бајден напиша: „Добредојдовте, пријатели, во градот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Северна Кореја гради бариери на границата со Јужна Кореја

Северна Кореја ја информираше Командата на Обединетите нации (УНК) во Јужна Кореја под команда на Соединетите Американски Држави за своите планови за изградба на бариери во рамките на границата меѓу Северна и Јужна Кореја.
Како што објави Министерството за одбрана на Јужна Кореја, Северна Кореја информираше дека продолжува да гради бариери и огради од бодликава жица на својата страна од демилитаризираната зона, објавува Јонхап.
Од април минатата година, Северна Кореја распореди војници во близина на воената демаркациска линија во демилитаризираната зона за да поставуваат мини, да поставуваат противтенковски бариери и да ги зајакнуваат оградите од бодликава жица, откако лидерот на земјата Ким Џонг Ун ги опиша меѓукорејските врски кон крајот на 2023 година како односи меѓу „две држави кои се непријателски расположени една кон друга“.
РЕ-Дигитал
Tрамп тврди дека има купувач за „Тик-ток“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека пронашол купувач за апликацијата „Тик-ток“ во таа земја.
Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп рече дека пронашол група многу богати луѓе како потенцијален купувач за „Тик-ток“, чиј идентитет ќе го открие за околу две недели, пренесува „Ројтерс“.
На 18 јуни, Трамп по трет пат ја одложи забраната за апликацијата „Тик-ток“ во Соединетите Американски Држави, додека чека нејзиниот сопственик, кинеската компанија „Бајт денс“ да ја продаде социјалната мрежа.
Свет
Иран: Коментарите на Трамп за Хамнеи се навредливи и недостојни

Министерството за надворешни работи на Иран ги осуди коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп упатени до врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, и народот на Иран, оценувајќи ги како навредливи и недостојни, објавија иранските медиуми.
Се вели дека коментарите на Трамп „длабоко ги повредуваат чувствата на стотици милиони муслимани во регионот и низ целиот свет“, објави Иран Интернешнл.
Министерството процени дека коментарите на Трамп само ќе ja зголемат одвратноста и омразата „кон кратковидата политика на Америка и дополнително ќе ги дискредитираат нејзините тврдења за барање дијалог“.
Трамп во петокот изјави дека Хамнеи дал глупава изјава кога се заканил дека повторно ќе ги нападне американските сили во регионот откако Иран нападна американска база во Катар како одговор на бомбардирањето на нуклеарните постројки на Иран.