Спорт
Заврши Мундијалот за Нуно Мендеш

Португалскиот репрезентативец Нуно Мендеш поради повреда го заврши учеството на Мундијалот во Катар. Лекарските прегледи покажаа дека тој нема да биде способен за настап најмалку во наредните две седмици.
Нуно Мендеш се повреди во 42. минута од натпреварот против Уругвај, кога Португалците обезбедија пласман во осминафиналето. Тој во солзи го напушти теренот, а португалските медиуми објавија дека се работи за повреда на бутниот мускул.
Португалија во последното коло од групната фаза утре ќе игра против Јужна Кореја.
Левиот бек на Пари Сен Жермен имаше и проблем со повреда на тетивата пред почетокот на турнирот, поради што не беше вклучен во воведниот меч против Гана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Мекалистер прогласен за играч на месецот во Премиер лигата

Мекалистер постигна два гола и имаше една асистенција во пет натпревари од Премиер лигата во април, со што за прв пат ја освои наградата за играч на месецот во Премиер лигата.
Ливерпул забележа четири победи и еден пораз во тој период, а исто така ја обезбеди и титулата откако изгради непобедлива предност пред Арсенал.
Менаџерот на Вулверхемптон Вондерерс, Витор Переира, е прогласен за менаџер на месец април во Премиер лигата.
Переира за прв пат ја освои наградата за најдобар тренер на месецот во Премиер лигата.
Вулверхемптон минатиот месец забележа пет победи од исто толку натпревари и го обезбеди опстанокот во Премиер лигата.
Спорт
Ѓоковиќ доби вајлд-карта – ќе се бори за 100-тата титула на АТП-турнирот во Женева

Настанот е закажан за неделата пред Ролан Гарос, од 17 до 24 мај.
🚨 BREAKING ! Novak Djokovic accepte une wild-card pour disputer le tournoi ATP 250 de Genève 🇨🇭 la semaine avant Roland-Garros. 🎟️
(@tdgch) pic.twitter.com/izKEVCEz4A
— Univers Tennis 🎾 (@UniversTennis) May 9, 2025
За потсетување, Ѓоковиќ претходно се повлече од Мастерсот во Рим, без многу објаснувања, по неколку неочекувани порази во првите кола на големите турнири.
Минатата година, Новак стигна до полуфиналето во Женева кога беше елиминиран од Томас Махач. Оваа година, Ѓоковиќ ќе се соочи со Тејлор Фриц, Каспер Руд, Григор Димитров, како и со Махач и други како негови конкуренти за титулата.
Србија ќе има уште еден претставник, бидејќи Миомир Кецмановиќ, исто така, ќе биде во главниот состав.
Спорт
Откриен омилениот клуб на новиот папа

Американецот Роберт Френсис Превост од средата на светот му е познат како папата Лав XIV. Тој стана поглавар на Католичката црква, наследувајќи го папата Франциско. Папата е љубител на спортот и има омилен клуб. Тоа е италијанската Рома, една од двете прволигаши во Рим заедно со Лацио. Неговиот пријател, отец Џузепе Пагано, откри повеќе.
„Со него брзо може да се воспостави однос на пријателство и разбирање. Знаевме да патуваме заедно и убаво да се забавуваме. Роберт сака да вози автомобил, би возел со часови бидејќи тоа му е забавно. Има многу хоби, а едно од омилените му е спортот. Тој е голем навивач на Рома. Разговарав со него по натпреварот помеѓу Рома и Фиорентина, на кој победи Рома. Тој се пошегува дека оваа победа е првото чудо на папата Франциско по неговата смрт“, изјави Пагано во интервју за Анса.
Покојниот папа Франциско исто така беше голем фудбалски љубител. Навиваше за аргентинскиот клуб Сан Лоренцо.
Новиот папа Лав XIV сака и тенис.
„Себеси се сметам за аматерски тенисер. Откако го напуштив Перу, имав неколку можности да играм, па со нетрпение очекувам да се вратам на теренот. Иако оваа нова задача досега не ми овозможи многу слободно време за тоа. Уживам и во читањето, долгите прошетки и патувања – сакам да истражувам нови и различни места. Сакам да го поминувам времето опуштајќи се со пријателите и да запознавам различни луѓе“, рече тој.