Спорт
Јапонците ја „урнаа“ Шпанија за прво место, Германија испадна и покрај победата над Костарика!

Јапонија е првопласирана во групата Е на Светското првенство во Катар и ќе се судри со Хрватска во осминафиналето по фантастичната 2:1 победа над Шпанија, која пак се „провлекува“ какао второпласирана за дуел со Мароко, откако Германците едвај ја совладаа Костарика (4:2), но тоа не беше доволно за да се осудени на ново испаѓање во групната фаза, второ едноподруго на Мундијалите.
На стартот на мечевите од групата Е изгледаше дека ситуацијата е јасна – Германија и Шпанија стигнаа до рано водство, ситуација во која двата европски гиганти беа сигурни во осминафиналето. Алваро Мората постигна гол трет натпревар едноподруго на Мундијалот за водство на „фуријата“, додека Серж Гнабри стрелаше за водство на тимот на Ханси Флик.
Меѓутоа во второто полувреме, јапонските „самураи“ приредија фантастичен камбек – Рицу Доан прво постигна прекрасен гол во 48. минута, за Аоки Танака по една контроверзна ситуација во 51. минута го комплетираше пресвртот.
Овој резултат ја водеше Шпанија како второпласирана во нокаут фазата, но тогаш Костарика исто така направи пресврт, поведувајќи со 2:1 против Германија, резултат кој ќе значеше испаѓање и на Шпанија, пред замената Каи Хаверц да осигура барем „маншафт“ да се простат со чесна победа, а Никлас Филкруг во последните минути да ги постави конечните 4:2.
ГРУПА Е
Германија – Костарика 4:2
Шпанија – Јапонија 1:2
Графика: Sofascore за Топспорт.мк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Европскиот првак на колена пред Грузија

Репрезентацијата на Грузија забележа над бранителот на титулата Шпанија 83:69, во првиот натпревар во Ц групата на 42. Европско првенство во кошарка. Натпреварите во ова група се играта во Лимасол, Кипар. Подоцна ќе играат Кипар-Босна и Херцеговина и Италија-Грција.
Шпанија со видно изменет состав допатува на Евробаскетот и уште во првиот меч се покажа дека ќе очекува тежок пат. Грузија, од првата до последната секунда го контролираше натпреварот. Шпанците само еднаш водеа, во финишот на прворо полувреме.
Грузија во првиот период стеква двоцифрена предност а откако Шпанците се вратија во натпреварот, предноста на Грузините се движеше најчесто од четири до осум поени.
Во завршницата кога Гога Ботадзе постигна осум поени во серија, Грузија дојде до плус од 16 поени и го реши победникот.
Мамукелашвили ги предводеше Грузијците со 19 поени, седум скока и шест асистенции, Битадзе имаше 15 поени, Шенгелија 13 за 20 минути на паркетот, Болдвин постигна 12 поени, додека Санадзе сите 11 поени ги постигна во првото полувреме.
На спротивната страна, Хуанчо имаше 13 поени, Алдама 12 (5/15) од поле, а Бризуела уфрли 11.
Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Колку е лош Јунајтед на Рубен Аморим?

Мандатот на Рубен Аморим во Манчестер јунајтед стана синоним за неуспех. „Црвените ѓаволи“ синоќа го допреа дното, испаднаа во второто коло во Лига купот од членот на Четвртата лига, Гримзби, што се смета за историски неуспех.
Рубен Маорим, донесен да го стабилизира тимот, стана најлошиот менаџер во поновата историја на славниот клуб. Катастрофата на Јунајтед под Аморим ја покаѓуваат и бројките.
Катастрофата против Гримзби достигнува епски размери бидејќи летово Јунајтед на засилувања потрошија 200 милиони фунти.
Аморим победил на само 24,7 отсто од натпреварите во Премиер лигата, што е најлош учинок на кој било менаџер на Јунајтед по заминувањето на Сер Алекс Фергусон.
За споредба, често критикуваниот Дејвид Мојес имаше половичен успех, победи на 50 отсто од натпреварите, додека Жозе Мурињо е убедливо најдобар со 58,3 отсто победи.
Јунајтед победи само на седум од 29 лигашки натпревари под водство на Аморим, односно тимот победува на еден од четири натпревари, учинок што му доликува на тим во зоната за испаѓање.
Минатата сезона беа освоени само 42 бода, најмалку во историјата на клубот во Премиер лигата, додека 15-то место на табелата е најлошата позиција откако лигата се игра во овој формат.
Тимот постигна само 44 гола во текот на целата сезона, соборувајќи уште еден негативен рекорд.
Јунајтед ретко постигнувал голови во првата половина од натпреварите, во петте најдобри европски лиги, само Џенова била понеефикасна во првите 45 минути од почетокот на сезоната 2024/25.
Фактот дека Аморим има водено повеќе натпревари во Премиер лигата (29) отколку што има добиено (28) е особено разочарувачки.
Во домашните купови и во Европа, против англиски клубови, Аморим има само една победа од пет натпревари, против Арсенал на пенали во ФА Купот.
Тие беа поразени од Тотенхем (двапати), Фулам и во среда од четвртолигашот Гримсби.
Извор/ Би-би-си
Спорт
Милан експресно го договори трансферот на Нкунку

Челзи и Милан експресно го договрија трансферот на напаѓачот Кристофер Нкунку.
Клубовите го договорија трансферот за помалку од 24 часа. Двете страни се согласија за обештетување од околу 35 милиони евра.
Што се однесува до Нкунку, тој ќе потпише петгодишен договор со „росонерите“. Потенцијалниот француски репрезентативец е седмото засилување на Милан, но преодниот рок сè уште не е завршен. Тие би сакале да доведат уште еден напаѓа и стопер на „Сан Сиро“. Главни кандидати во моментов се Душан Влаховиќ и Артим Довбик, односно Мануел Аканџи.
Нкунку дојде во Челзи како големо засилување во 2023 година од РБ Лајпциг за 60 милиони евра. За две сезони, тој одигра 62 натпревари и постигна 18 голови.