Македонија
Петровска од Кремс: Евроинтеграциите се движечка сила за Западниот Балкан
Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска во Кремс учествуваше на министерскиот состанок на Централноевропската одбранбена соработка и земјите од Западен Балкан, на кој стана збор за европската перспектива на земјите од регионот, процес што е исклучително важен, особено во денешната безбедносна реалност на европскиот континент.
„Овие времиња на предизвици претставуваат и една уникатна можност за сите нас да ја засилиме безбедносната соработка и да го интензивираме меѓусебниот дијалог. Ова се времиња во кои мораме да бидеме посветени на брза и ефикасна евроинтеграција на целиот Западен Балкан“, рече министерката.
Регионот, потенцира министерката, припаѓа на Европа и на Европската Унија, а нашите земји, особено Северна Македонија, покажаа дека се посветени на европските принципи и вредности. Пристапниот процес мора да биде кредибилен зашто европската интеграција е најсилната мотивација за развој и е најдобрата идеја го поврзува регионот.
„Северна Македонија докажа дека активно придонесува кон развојот на стабилноста, добрососедските односи и регионалната соработка во Југоисточна Европа особено имајќи ја предвид нашата култура на дијалог и нашата способност за изнаоѓање решенија и за тешки билатерални прашања. Одлуките што ги донесовме беа тешки, но тие дадоа надеж за целиот регион и поставија пример за тоа како може да се најдат решенија и за најсензитивните прашања на Балканот“, рече Петровска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МЖСПП: Швајцарија ќе ја поддржи Северна Македонија во управување, користење и заштита на подземните води
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и директорот на Управата за хидрометеоролошки работи Игор Лазаровски со швајцарската амбасадорка Вероник Улман потпишаа Меморандум за разбирање преку кој се договори взаемна соработка на проектот „Програмата за управување, користење и заштита на подземните води на Република Северна Македонија“.
Оваа Програма се воспоставува за долгорочна трансформација на управувањето на водните ресурси, преку градење на капацитетите на сите вклучени страни, обезбедување на неопходен механизам за соработка и подобрување на законодавството и рамката за планирање.
Водните ресурси, а особено подземните води во Република Северна Македонија се стратешки природен ресурс, но нивниот потенцијал не е доволно истражен, користен, следен, евидентиран, заштитен или управуван. Неоходно е зајакнување на капацитетите на одговорните институции доуредување на правната и доусогласување со правото на ЕУ. Дополнително, ниската свест за статусот на површинските и подземните води се рефлектира со низок јавен притисок и слаба мобилизација на јавноста и граѓанското општество за прашањата за управување со водните ресурси.
Програмата до крајот на 2027ма година очекува: да ги зајакне капацитетите на клучните институции и засегнати страни за интегрирано и одржливо управување со водните ресурси, да ја усогласи и консолидира правната рамка, да го изработи нацрт-планот за управување со речниот слив на Вардар и да спроведе пилот проекти со земјоделците, јавните комунални претпријатија, приватниот сектор и општините.
Главен корисник и носител на програмата е Министерството за животна средина и просторно планирање (вклучено во сите три компоненти), а во програмата (во две компоненти) вклучено е и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Управата за хидрометеоролошки работи.
Програмата е финансиски поддржана од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка во вкупен износ од 4.600.000 швајцарски франци до 2027ма година, а Владата на Република Северна Македонија обезбедува домашно учество преку двете министерства и тоа од Министерството за животна средина и просторно планирање 300.000 швајцарски франци (во три години) и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство 200.000 франци (во две години).
Програмата се спроведува од страна на Конзорциумот Skat Consulting Ltd (Швајцарија) и PointPro Consulting (Северна Македонија), и е конципирана во 2 фази и тоа: фаза 1, од јануари 2024 – декември 2027 година и се планира да продолжи со фаза 2, од 2028-2031 година.
Владата на Швајцарската конфедерација е застапувана од Сојузното министерство за надворешни работи, кое дејствува преку Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).
Меморандумот за разбирање содржи детален опис и динамички план на активностите и задачите и ќе биде основа за спроведување на “Програмата за управување, користење и заштита на подземните води на Република Северна Македонија“.
Македонија
Втор земјотрес во Македонија денеска
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава во 9 часот и 18 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Штип – Радовиш на 70 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.7.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Штип и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Средба на министерот Тошковски со норвешкиот амбасадор, Н.Е. Кристин Мелсом
Министерот за внатрешни работи Пачне Тошковски вчера оствари билатерална средба со амбасадорот на Кралството Норвешка, Н.Е. Кристин Мелсом.
На средбата беше изразено задоволството од соработката помеѓу двете полиции која се остварува преку сите меѓународни и регионални канали на полициска соработка и истата се одвива на високо професионално ниво.
Министерот Тошковски изрази благодарност за поддршката на Владата на Норвешка во реализација на проекти наменети за подигнување на капацитетот на министерството во борбата со криминалот и корупцијата како реализираниот проект за зголемување на капацитетот во истрагите на местото на настанот.
Двете страни изразија желба и подготвеност соработката да се интензивира на стратешко и оперативно ниво како партнери посветени на регионалната и глобалната безбедност и борба со сите видови криминал.