Спорт
Неколку играчи не сакале Павар да биде во тимот, Љорис и Жиру ги смириле тензиите
Франција, бранителот на светската титула, од првата позиција во групата Д се пласира во осмина-финалето. Французите в недела од 16 часот за противник ќе ја имаат Полска.
И покрај изборениот пласман во осмина-финалето, француските медиуми тврдат дека атмосферата во националниот тим е далеку од идеална.
Според „Л’Екип“ и многубројни други француски медиуми, дошло до раздор меѓу играчите поради лошите игри на Бенжамин Павар. Усман Дембеле и уште неколку други играчи наводно барале од селекторот Павар да го пресели на клупата поради лошата игра на првиот меч против Австралија.
Во одбрана на Павар застанале најискусните, капитенот Иго Љорис и напаѓачот Оливие Жиру.
„Разговарав со Павар по натпреварот. Тој е играч што работи неверојатно напорно и секогаш е мотивиран. Воопшто не сум загрижен за неговиот настап бидејќи знам дека ќе биде најдобар кога е најпотребно“, изјави клупскиот колега на Павар од Баерн, Кингсли Коман.
„Точно е дека тој и јас имавме многу жестока дискусија. Ги средивме работите. Тоа се нормални ситуации во фудбалот на ова ниво. Што му кажав? Му реков дека е ужасен и тој е свесен за тоа“, откри францускиот селектор Дидие Дешан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Бразилецот Да Силва ќе го засили РК Вардар
Бразилскиот среден бек Жоао Педро да Силва од јануари ќе го засили Вардар. Искусниот организатор на игра ќе потпише договор до јуни 2028 година, со што „црвено-црните“ добиваат искусен играч во бековската линија за следните две ипол сезони.
„Да Силва (1994) е препознатлив е по брзата реакција во играта, игра „два на два“ со линијата и веруваме дека со таков профил на играч Вардар го ќе добие на поголема разновидност во нападот.
Доаѓањето на Жоао Педро да Силва се вклопува во амбициите на клубот за силна пролетна полусезона во Лига Европа и во домашното првенство, како и во стратегијата да се гради костур на тимот на подолг рок“, објави клуб от на социјалните мрежи.
Деталите од договорот ќе бидат официјализирани со неговото пристигнување во Скопје во јануари.
Вардар во февруари и март ќе игра мечеви од главната фаза на Лига Европа, а исто такa пролетва ќе бидат и мечевите од разигрувањето за титулата во домашното првенство.
Izvor/ facebook.com/rkvardar
Спорт
Бруно го најави своето заминување од „Олд Трафорд“
Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандес, по спектакуларниот натпревар со Борнмут (4:4), реши да ја „отвори душата“, пред новинарите и да го навести заминувањето од клубот. .
Португалецот беше играч на натпреварот по којзнае кој пат, но тоа не беше доволно за Јунајтед да победи.
„Клубот сакаше да си заминам ова лето и така се чувствував. И им го кажав тоа на директорите, но не мислам дека имаа храброст да ја донесат таа одлука. Решив да останам од семејни причини, но и затоа што ми е грижа за клубот. Разговорите со тренерот ме убедија дека треба да останам. Но, од страна на клубот, чувствував дека тие мислат „ако си замине, тоа нема да биде толку лошо за нас“. И тоа многу ме повреди, но и ме растажи, бидејќи сум играч кој не заслужува критики. Секогаш сум достапен, играм добро или лошо, но секогаш давам се од себе на теренот. А ја гледате целата ситуација, играчи кои не ја ценат доволно големината на клубот и не ги бранат неговите бои колку што треба“, рече Бруно Фернандес.
Не заврши тука, бидејќи тој одговори и шпекулациите за трансфер во Ал Хилал, кој понуди огромни пари за неговиот потпис.
„Претседателот на Ал Хилал ми се јави лично. Рубен Невеш ми испрати пораки дека сака директно да разговара со мене. Тие сакаа да играм на Светското првенство за клубови за Ал Хилал. Тоа беше „љубов“ што започна од периодот кога Жорж Жезус беше на клупата, во 2023 година. Тоа беше првиот пат кога ме повика“, откри Бруно и продолжи:
„Не можам да се жалам, платен сум многу добро, но разликата е очигледно огромна. Сепак, тоа никогаш не ми било важно. Ако еден ден морам да играм во Саудиска Арабија, тогаш ќе играм таму. Мојот начин на живот ќе се промени, моите деца ќе имаат сончеви денови, по шест години во Манчестер со дожд и студ. Ќе играм во лига која расте со познати играчи. Можев веќе да заминам, како многу играчи и да кажам „Сакам да заминам, не сакам да тренирам, сакам да имам 20 или 30 милиони евра“, за да добијам уште повеќе пари. Но, никогаш не го направив тоа. Не чувствував дека сум во позиција да го направам тоа. Секогаш чувствував емпатија и наклонетост кон клуб“, рече Бруно.
Капитенот на Јунајтед сигурно ќе биде главна тема на медиумите по неговото признание и очигледнаото навестување за напуштање на клубот следното лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брендан Роџерс најде работа во Саудиска Арабија
Брендан Роџерс, утре, ќе биде претставен како нов тренер на Кадисија во Саудиска Арабија.
Вчера имаше најави дека Брендан Роџерс е во преговори со саудискиот клуб, а официјална потврда дојде од клубот еден ден подоцна.
Клубот со Роџерс потпишал договор на две и пол години, а тој официјално ќе биде претставен како нов шеф на стручниот штаб во среда. Роџерс ќе го замени Мигел Гонзалез на клупата, кој беше отпуштен во недела.
„Ова е навистина историски момент за клубот. Тренер од калибарот и искуството на Брендан ги одразува нашите амбиции и долгорочната визија што ја има Ал Кадисија како еден од водечките клубови“, рече Џејмс Бизгроу, поранешниот извршен директор на Ренџерс, а сега на саудискиот клуб.
Кадисија е на петтото место на табелата со 17 бода, десет помалку од лидерот Ал Наср, но е и во центарот на вниманието бидејќи се споменува како клуб кој би бил подготвен да го сруши рекордот за трансферот на Мохамед Салах.
Foto/ depositphotos

