Економија
Шпаркасе банка, најдобар избор на банка за твојата плата

„Префрли плата и добиј бонус“ е новата кампања што ја лансираше Шпаркасе Банка во соработка со Visa, а која има за цел понуда на премиум услуга и додадена вредност за сите нови клиенти што ќе се одлучат да ја примаат својата плата преку Банката. Па, така, од декември, па сè до крајот на март, секој нов клиент што ќе се одлучи да ја прима својата плата на трансакциска сметка во Шпаркасе Банка, добива значајни бенефити, сигурен и стабилен финансиски партнер, како и широка палета кредитни и депозитни производи и платежни услуги со атрактивни услови на користење.
Секој нов примател на плата во Шпаркасе Банка добива бонус во висина од 2.000 денари на својата сметка и 6 месеци нема надоместок за користење S пакет (трансакциска сметка со мобилно банкарство и прва на пазарот ЕКО Visa дебитна картичка од рециклирачка пластика). За да ги дознаете сите поволности што Банката ги нуди за секој нов примател на плата, посетете го нашиот веб-сајт на следниот ЛИНК
Шпаркасе Банка ги советува клиентите при изборот на банка, да земат предвид банка што континуирано инвестира во иновативни услуги и ги следи дигиталните трендови во банкарството. Па, така, Шпаркасе Банка продолжува да ги унапредува банкарските производи и услуги, со цел да им пружи на клиентите врвно корисничко искуство, а воедно се стреми и кон едукација на клиентите за ползување на дигиталните канали што се безбедни и лесни за користење и извршување на сите банкарски услуги. Новите подобрени услови и погодности клиентот ќе ги почувствува не само при користењето на дигиталните канали, туку и кај процесот на кредитирање, депозитната понуда, дозволеното пречекорување, онлајн воспоставување деловен однос со банката и многу други иновации во најава.
Групацијата Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа и опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија, Групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 35 експозитури.
Токму затоа, префрлете ја и вие својата плата во Шпаркасе Банка и искористете ја оваа уникатна понуда со многу придобивки!
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Скенирањето сметки на апликацијата „МојДДВ“ е со прекини, УЈП извести за технички проблеми

Управата за јавни приходи извести дека мобилната апликација „МојДДВ“ во моментов работи со прекини. Тимот на УЈП интензивно работи на отстранување на проблемот, со цел апликацијата да биде целосно функционална.
„Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање. Тоа значи дека сите сметки, кои се во рамки на овој рок, ќе можат да бидат скенирани веднаш штом апликацијата повторно биде ставена во функција. Ги молиме сите корисници за трпеливост и разбирање. Тимот на Управата за јавни приходи е целосно ангажиран и работи на надминување на техничките пречки“, соопшти Управата за јавни приходи.
Од таму не откриваат за какви технички проблеми се работи, ниту пак кога очекуваат да бидат надминати.
Економија
Мицкоски најави нова инвестиција во Штип

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавата на директорот на Технолошко-индустриските развојни зони за 4 нови странски инвестиции, изјави:
„Во текот на вчерашниот ден, во разговор со директорот, имаме добра вест, нова инвестиција, потврдена во индустриската зона во Штип. Фабрика којашто ќе вработи до 150 луѓе. Фабрика којашто ќе инвестира некаде околу 35 милиони евра. Којашто во својот пик за три години од денес ќе извезува 300 милиони евра коишто ќе влезат во Бруто домашниот производ и ќе произведува батерии и тоа е добро. И тоа е добро, а за сите овие други, да имаме и потврди и полека ќе ги објавуваме. Ова е веќе договорено со инвеститорот и заради тоа го кажав, инаку фабриката е од земја од Европска Унија, да немаме дилема.“
Економија
Дизелот поевтинува за 2,5 денари

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поевтини за 2,5 денари, додека цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 28.6.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 77,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 79,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 70,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 72,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 40,188 (денари/килограм)
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,499 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат.