Спорт
Фјури: Можам со Усик, Џојс или Вајлдер
Британскиот боксер Тајсон Фјури вели дека 2023 година ќе биде најголемата година во неговата кариера. Синоќа во Лондон, Фјури по трет пат го одбрани појасот на ВБЦ во тешка категорија со победата над Дерек Чисора.
Борбата во живо ја следеше Олександр Усик, кој е шампион во верзиите ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО, а со кого 34. годишниот Фјури треба да се бори за титулата неприкосновен шампион.
„Подготвен сум и подготвен да се соочам со Усик, во Саудиска Арабија или овде во Велика Британија. Ајде на нашите навивачи да им дадеме еден, неприкосновен шампион“, изјави Фјури.
„Усик е боксер кој не е лесен за читање, вешт е и добро се движи, во одлична форма е – се радувам на предизвикот. Меѓутоа, ако од која било причина не е можна борба со него, тогаш ќе се борам со Џо Џојс на Вембли. Луѓето ме прашуваа кој од нив е потежок ривал. Мислам дека тоа е Џојс“.
Во хаосот што следеше по борбата на Фјури со Чисора, Џојс и Усик се најдоа во рингот, викаа еден кон друг, беа подготвени за тепачка.
„На ранг листата во тешка категорија се знае кој е број1. Тоа сум јас, а потоа се Усик, Џојс и Дионте Вајлдер – изберете кој било од нив, тоа ќе биде фантастично“, заклучи Фјури.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Ѓоковиќ играше тенис на Кинескиот ѕид
Новак Ѓоковиќ одигра рекреативен меч на Кинескиот ѕид. Ѓоковиќ пристигна во Кина каде од следната недела ќе игра на Мастерсот во Шангај.
Локалните медиуми јавуваат дека Ѓоковиќ бил дел од настапот на Кинескиот ѕид како дел од промоцијата на брендот „Лакост“, чиј заштитно лице е. Во текот на денот Ѓоковиќ им се обрати на навивачите во Кина.
Nole playing tennis on the Great Wall of China 😍pic.twitter.com/Ttf9cF44IN
— ᖴᖇᗩᑎI (@frani2312) September 29, 2024
„По пет години сум во Кина, ми недостигавте. Многу, многу ми е жал што не се видовме на аеродром, ме однесоа на спореден излез, но се надевам дека ќе видам многу од вас или во Пекинг или во Шангај. Многу сум возбуден што сум овде во Кина, пред се поради вас кои ми пруживте неверојатна љубов сите овие години“, изјави Ѓоковиќ.
Мастерсот во Шангај ќе се игра од 2 до 13 октомври.
yibo couldn’t stop smiling when novak djokovic said that his match with him is the most unforgettable and he kept praising him 🥹🥹🫶🏻 pic.twitter.com/7nTmSH7NUA
— rach (@ybaizhan) September 29, 2024
Спорт
(Видео) Тотенхем убедлив против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“
Тотенехем убедливо го победи Манчестер јунајтед со 3:0 во претпоследниот натпревар од шестото коло во Премиер лигата. На „Олд Трафорд“, Тотенхем славеше со головите на Џонсон во првото и Кулушевски и Соланке во второто полувреме. Манчестер јунајтед од 42.минута играше со фудбалер помалку, директен црвен картон поради старт врз Медисон доби капитенот Бруно Фернандеш. Тотенхем по шест кола има десет, а Јунајтед седум бода.
Спорт
Гвардиола во Италија ја најде замената за Родри
Тренерот на Манчестер сити Пеп Гвардиола потврди дека сезоната е завршена за Родри (28). Фантастичниот играч за врска и еден од најдобрите фудбалери во светот ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено на премиерлигашкиот натпревар против Арсенал (2:2) одигран на 22 септември.
„Гардијан“ пишува дека Сити размислува да го доведе Самуеле Ричи (23) од Торино како замена за Родри. Станува збор за Италијанец способен да игра на неколку позиции во средниот ред.
Ричи е меѓу најголемите желби на Сити за зимскиот преоден рок. За да го доведат сопствениците на Манчестер сити ќе треба да платат околу 36 милиони евра, пишува „Гардијан“.