Забава
Круната за Чарлс Трети го почна своето патување до големата церемонија

Круната на Св. Едвард е извадена од Лондонската кула за да се адаптира за кралот Чарлс Трети во пресрет на неговото крунисување, соопшти Бакингемската палата во саботата.
Историскиот накит бил преместен за да може да се прилагоди пред церемонијата на крунисување. Преместувањето на бесценетата круна било чувано во тајност додека не било доставено до златарите.
Се смета дека верзиите на круната на Св. Едвард се користат за крунисување на британските и англиските монарси уште од 13 век.
Сегашната круна е направена за Чарлс Втори во 1661 година како замена за средновековната круна која била стопена во 1649 година. Оригиналната датира од 11 век, кога му припаѓала на кралскиот светец Едвард Исповедник, последниот англосаксонски крал на Англија.
Оваа круна се појавува во Кралскиот грб на Обединетото Кралство, логото на Кралската пошта и на значките на вооружените сили.
„Круната на Свети Едвард, историскиот центар на кралскиот накит, е извадена од лондонската кула за да се започне со подготовките за крунисувањето в сабота, на 6 мај 2023 година“, се вели во соопштението од Бакингемската палата.
Крунисувањето ќе се одржи во Вестминстерската опатија, осум месеци по стапувањето на тронот на монархот и смртта на кралицата Елизабета Втора.
Соопштението доаѓа откако британскиот весник „Дејли мирор“ објави дека, поради сè поголемите трошоци за живот во Британија, кралот планира поевтина церемонија во помал обем од церемонијата на крунисување на покојната кралица во 1953 година, која траеше околу три часа.
Дел од Британците се бесни затоа што кралското семејство ќе го организира крунисувањето во време на криза и инфлација.
„Убава круна, но јас седам во мојот стан во капут“, „Не е во ред, луѓето се смрзнуваат, а вие организирате крунисување“, „Не ми се верува што се случува, никогаш не сме биле во поголема криза, луѓето немаат парно, а вие го правите ова, вратете ги парите на народот“, пишуваат дел од Британците.
Некои со нетрпение го очекуваат крунисувањето и веруваат дека новиот крал и кралица ќе внесат малку гламур и радост во тажното секојдневие на Британците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
AERO Street Food Festival 2025 – паркот „Авионче“ ќе биде центар на уличната гастрономија и на музиката

Од 5 до 8 септември, во паркот „Авионче“, општина Аеродром ќе се одржи првиот AERO Street Food Festival, настан кој ќе ги обедини најдобрите улични гастрономски брендови со урбана музичка програма и забавни активности за сите генерации, а влезот ќе биде бесплатен.
Гастрономската понуда ќе опфати храна од 4 кујни, А-американска, Е-европска, Р-регионална и О-ориентална. Посетителите ќе можат да дегустираат богат избор на специјалитети – од интернационални улични вкусови до автентични традиционални јадења. А покрај тоа ќе имаат можност да уживаат во извонреден избор на пијалоци по екслузивно достапни цени.
Фестивалот ќе се одржува секој ден од 17:30 до 00:30 часот и ќе понуди настапи на реномирани изведувачи: Рингтонс, Southpark, Breakdown band, Goce SAF, Dj Aleksandar Jordanov, DJ Marko, DJ Micov, DJ Shime, DJ Mono, DJ Foodieman, DJ Guardian и DJ Fico.
Понудата ќе биде составена од над 12 познати брендови за храна, меѓу кои: Jojo’s BBQ, Oljo’s, Fat Kitchen, Sorelle Focaccia, Lora’s Sushi, Bistro 64, 15 за 12, Milkey, Destan, Smash Burger, La Pizza, Ноа Гирадико и други.
Покрај музиката и храната, фестивалот ќе понуди и интерактивни предизвици за публиката, вклучувајќи натпревари во најбрзо јадење, квизови, трки и други интерактивни забавни активности со награди. Настанот ќе се реализира со поддршка од Општина Аеродром.
„Нашата цел е да создадеме настан кој ќе ги поврзе луѓето преку храната, музиката и заедничките моменти. AERO Street Food Festival е локална приказна по светски стандарди и ќе биде празник на вкусови, звуци и позитивна енергија“ – изјавија организаторите.
Забава
Пет митa за убавина во кои сè уште веруваме, а треба да престанеме

Во светот на убавината митовите се шират побргу од новите трендови на „Тик-ток“. Време е да ги разбиете и да ѝ дадете на вашата рутина за нега на лицето и телото малку повеќе слобода.
И додека некои од овие митови за убавина што ни се пласираат секој ден и во кои слепо веруваме затоа што звучат логично или дури и научно, вистината е дека многу од овие п„равила“ повеќе нè попречуваат отколку што помагаат.
Првиот и веројатно најупорен мит е дека поскапите производи секогаш значат подобра грижа
Иако луксузните брендови често нудат премиум-пакување и посебен мирис, ефикасноста на производот зависи првенствено од состојките и од нивната концентрација, а не од цената. Понекогаш наједноставниот крем од аптека дејствува еднакво добро, ако не и подобро, од оној што чини неколкупати повеќе.
View this post on Instagram
Друг тврдоглаво прифатен мит е верувањето дека за мрсната кожа не треба да се користи масло
Всушност, квалитетните растителни масла може да помогнат во регулирањето на себумот и во намалувањето на воспалението, а прекумерното сушење на кожата честопати има спротивен ефект – кожата произведува уште повеќе масло за да се заштити.
Третиот мит е дека повеќе чекори во вашата рутина за нега на кожата значат подобра нега
Инспирирани од корејските програми од 10 чекори, многумина почнаа да натрупуваат производи, но дерматолозите сè повеќе предупредуваат дека премногу слоеви може да ја иритираат кожата, особено кога се комбинираат силни активни состојки. Понекогаш минимализмот во негата на кожата носи најдобри резултати.
Четвртиот мит е верувањето дека ако некој производ пече или затегнува, тоа значи дека дејствува
Ова чувство често доаѓа од иритација, а не од длабинско чистење или активирање. Кожата што пече или се чувствува претерано затегната, испраќа сигнал дека нешто не е во ред, а игнорирањето на овие знаци може да доведе до трајно оштетување на бариерата на кожата.
View this post on Instagram
Петтиот, и можеби најпопуларен мит, е дека природното секогаш значи безбедно
Иако многу природни состојки се прекрасни, фактот е дека дури и целосно природните супстанции може да предизвикаат сериозни алергиски реакции или иритација. Арсенот и отровниот бршлен се исто така природни, но ние не ги нанесуваме на лицето. Клучот е во докажаните формулации и во безбедните концентрации, а не во етикетата „100 % природно“.
Разбивањето на овие митови не значи дека треба да се откажеме од пронаоѓањето на она што најдобро функционира за нас. Напротив, кога ќе ги отстраниме слоевите на заблуди, има простор за информиран избор, поедноставни рутини и нега на кожата што се базира на докази, а не на маркетинг. Убавината е во крајна линија повеќе од само производ – таа е за тоа како се чувствуваме во врска со себе.
фото: принтскрин
Забава
Од вечерва кино на отворено во Кисела Вода

И ова лето паркот „Македонија“ кај Домот на култура „Билјана Беличанец“ ќе се претвори во филмска сцена под отворено небо.
Од вечерва, 21 август, до 24 август, Општина Кисела Вода во соработка со „Киноверзум“ ДООЕЛ Свети Николе, „Кинотека на Македонија“ и Францускиот институт во Скопје ќе донесе богата програма за различни возрасти и вкусови – од анимирани и детски содржини, преку франкофонски и македонски остварувања, до наградувани документарни приказни.
Програма:
21.08.2025(четврток)
Вечер на ,,Киноверзум ”
20.00- Игран филм за деца,,Бунтовната принцеза( синхронизиран на македонски јазик)
21.30-Филм посветен на Марија Калас-,,Марија”
22.08.2025(петок)
Франкфонска вечер
20.00 Цртан филм,,Каламити”
21.30 Игран филм,,Повторно родена”
23.08.2025( сабота)
Македонска вечер
20.00- Блок краткометражни играни филмови за големи и мали деца
,,Ракетно моделарство”
,Баскет”
20.45-Македонски филм,,ДО БАЛЧАК”
24.08.2025( недела)
20.00- Анимиран филм за јунаците од светот на Биби „Златната пеперутка“
21.30- Македонски документарен филм „Медена земја“