Македонија
Ковачевски на Самитот на земји од Западен Балкан во Тирана
Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со лидерите од Западен Балкан, денеска ќе учествува и ќе говори на Самитот за Западен Балкан – Европска Унија во Тирана, Албанија.
Учесниците на Самитот ќе ги пречека премиерот на Албанија Еди Рама, а присуство е најавено на високите европски претставници Шарл Мишел и Фон Дер Лаjен, како и премиерите на Белгија, Луксембург и други европски земји. На Самитот е предвидено земјите од Западен Балкан со ЕУ да потпишат декларација за зајакнување на соработката во повеќе сегменти со што се обезбедуваат подобри услови и бенефиции за граѓаните од земјите од Западен Балкан.
Премиерот Ковачевски на Самитот во Тирана ќе учествува и на две панел-дискусии на кои фокусот ќе биде европската перспектива на земјите од Западен Балкан, обезбедувањето демократија, мир и слобода, како и тесната соработка помеѓу земјите во заедничкото справување со предизвиците наметнати од економската и енергетската криза.
Во состав на владината делегација предводена од премиерот Ковачевски во Тирана се и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пожар во Адвокатската комора на Македонија: непознато лице насилно влегло и го предизвикало истиот
Адвокатската комора на Република Северна Македонија најостро го осудува насилниот напад кој се случи ноќеска, на 25 ноември 2024 година, околу 3:30 часот по полноќ, кога непознато лице насилно влегло во Комората и предизвикало пожар.
Пожарот, како што соопштија од комората брзо бил изгаснат од противпожарните екипи, но била предизвикана значителна материјална штета. „
„Најважно е што, благодарение на брзата реакција на надлежните, нема човечки жртви. Овој акт на насилство не само што претставува сериозна закана за безбедноста на вработените во институцијата, туку и на граѓаните кои живеат во непосредната близина на деловниот простор на Комората. Нападот врз Адвокатската комора не е само напад врз еден правен субјект, туку е напад врз целокупната адвокатура и правниот систем во Република Северна Македонија. Поради ова ја изразуваме нашата најдлабока осуда за ваквото насилство и нагласуваме дека ваквиот напад е апсолутно неприфатлив. Овој чин на насилство и вандализам е сериозна закана за јавната безбедност и правниот поредок во земјата, и не може да се оправда под никакви околности“, се нагласува во официјалното соопштение.
Ги повикуваат надлежните органи да дејствуваат брзо и ефективно за да се идентификуваат и приведат одговорните за овој напад.
Ваквиот напад, според нив, не смее да остане неказнет, а одговорните мора да се соочат со последиците од своите дејствија и да бидат
најстрого казнети.
Комората, како што е истакнато во информацијата, останува посветена на заштитата на правата на адвокатите, граѓаните, како и на создавање на опкружување во кое сите институции ќе можат да работат без страв и загриженост, а притоа правото и правдата ќе останат неприкосновени.
Македонија
Директорот на Царинска управа: Националниот едношалтерски систем се имплементира со висока вклученост на сите институции
Имплементацијата на Националниот едношалтерски систем ќе овозможи подобрување на условите за водење бизнис и забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ, информира директорот на Царинската управа. Притоа во процесот на имплементација на системот од клучно значење е активна вклученост на највисоко ниво на сите 15 институции коишто се вклучени во процесот на издавање на дозволи, лиценци и сертификати. Целта е, според првиот човек на Царина, компаниите да добијат подобри услуги преку целосна дигитализација и отстранување на бирократските процедури, како и намалување на трошоците и времето на чекање потребно за завршување на извозните и увозните постапки. Ова беа клучните пораки на денешниот состанок на Управувачкиот комитет за Национален едношалтерски систем, што на иницијатива на директорот на Царинска управа Бобан Николовски беше одржан во Царинската управа. На состанокот беа присутни директори и високи претставници на 15 институции, претставници на Светска банка како финансиери на проектот и претставници од конзорциумот.
Националниот едношалтерски систем ќе овозможи компаниите на едно место да ги поднесуваат барањата и документите до повеќе владини агенции коишто се вклучени во прекуграничната трговија. Притоа новиот систем ќе овозможи целосна дигитализација на процесите на издавање дозволи и лиценци и нивно плаќање.
Воедно системот ќе придонесе за поедноставување на процедурите, намалување на времето и трошоците за водење бизнис како и зголемување на транспарентноста. Истовремено преку колективно користење на податоците од страна на институциите, ќе се овозможи унапредување на анализата на ризик и зголемување на безбедноста, велат надлежните во оваа институција.
Македонија
Движењето ЗНАМ за конгресот на СДСМ: Од државотворна, партијата ќе ја раководат луѓе со сомнително минато
Ако овој состав на СДСМ се претставува како новото лице и новата енергија на партијата, тогаш навистина треба да бидат загрижени за
својата иднина, истакнуваат од движењето ЗНАМ за Наша Македонија за 30-ти Конгрес на СДСМ.
„Директорот на фондацијата Заев, Венко Филипче, вршител на должноста Претседател на Акционерското друштво СДСМ, во доминантна сопственост на кланот од Струмица, денеска на конгресот си избра нов акционер од друштвото на Сорос. Тажна е сликата на составот на новиот Централен одбор во кој нема никаков интелектуален капацитет, ниту реализирани личности во општествениот и јавен простор во Македонија. Жално е што од една државотворна партија во која беше интегриран интелектуалниот крем на Македонија, партијата се сведува да ја раководат луѓе со сомнително минато, луѓе без никакви биографии, загубени и отуѓени од основната идеолошка матрица на социјалдемократијата“, велат од оваа партија.
Според нив, како шлаг на тортата ќе биде изборот на секретарите на партијата, со кој ќе се потврди управувачкиот пакет акции на Заеви.