Спорт
Кин ги критикува Бразилците: Како да гледам „Танц со ѕвездите“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/12/roy-keane-brazil.jpg)
Рој Кин, легендарниот капитен на Манчестер јунајтед, кој сега работи како стручен коментатор, им замери на Бразилците за прославата на головите, против Јужна Кореја.
Бразил, синоќа, на стадионот „974“ ја совлада Јужна Кореја со 4:1. Во четвртфиналето Бразил ќе игра против Хрватска.
Јужноамериканци со одлична игра ја потврдија улогата на прв фаворит за трофејот. Победата ја обезбедија во првите 13 минути кога ги постигнаа првите два гола.
Бразилците ги прославија своите голови со танц, им се придружи дури и селекторот Тите, тоа не му се допадна на Рој Кин.
„Не можам да верувам што гледам. Никогаш не сум видел толку многу танцување. Се чувствувам како да го гледам ‘Танц со ѕвездите’ (телевизиско шоу каде професионални танчери настапуваат во тандем со славна личност). Знам дека танцувањето е дел од нивната култура, но мислам дека тоа е непочитување на ривалот. Тие водат со 4:0 и тоа го прават секој пат“, изјави Кин на полувремето од натпреварот, што го коментираше за британската телевизија ИТВ.
Селекторот Тите на прес-конференцијата ја коментираше изјавата на Кин.
„Ќе морам да бидам внимателен бидејќи секогаш ќе има негативни коментари кои ќе речат дека тоа е непочитување. За нас тоа е демонстрација на среќа“, изјави бразилскиот стратег, кој танцуваше со своите играчи по голот на Ришарлисон за 3:0.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
(Видео) Арнаутовиќ понижен од Инзаги, а му донесе победа на Интер
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/12811578.jpg)
Интер на „Џузепе Меаца“ ја победи Фиорентина со 2-1 (1-1) во натпреварот од 24. коло во Серија А и се доближи на бод до лидерот Наполи на табелата во италијанскиот шампионат. Интер и се реваншира на Фиорентина за тежкиот пораз пред четири дена во Фиренца (3:0).
Нероаѕурите поведоа со автоголот на 27-годишниот хрватски дефанзивец Марин Понграчиќ во 28. минута.
Матео Дармијан малку пред крајот на полувремето играше со рака во шеснаесетникот. ВАР го потврди пеналот за гостите, а најстрогата казна во гол ја претвори Роландо Мандрагора во 44. минута.
Второто полувреме го донесе и конечниот резултат на натпреварот. Марко Арнаутовиќ погоди со глава во 52.минута.
Арнаутовиќ сепак ут и засрамен го напушти теренот.
За секој играч еден вид понижување е кога тренерот ќе го внесе во игра, а потоа ќе го извади кон крајот на натпреварот, а токму тоа му се случи на Арнаутовиќ.
Симоне Инзаги го извади Арнаутовиќ од игра во 77. минута, поради што темпераментниот напаѓач реагираше бурно и одби да се ракува со тренерот.
Интер во наредното коло гпстига на Јувентус во „Дерби д’Италија“, додека Фиорентина истиот ден ќе го пречека Комо.
Спорт
Плимут го исфрли Ливерпул, сега ќе игра против Манчестер сити
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/1739217302-Plimut.jpg)
Фудбалската асоцијација на Англија ги одреди двојките за петтото коло, осминафиналето во ФА Купот.
Во минатата рунда, во ФА Купот се случи најголемата сензација, во неделата Плимут го исфрли Ливерпул. Последнопласираниот тим во Чемпионшип, повторно немаше среќа со ждрепката, во петтата рунда ќе игра на гости против Манчестер сити.
Двојки за петтата рунда:
Престон Норт Енд – Барнли
Астон Вила – Кардиф сити
Кристал Палас – Милвол
Манчестер јунајтед – Фулам
Њукасл – Брајтон
Бурнмут – Вулверхемптон
Манчестер сити – Плимут
Ексетер или Нотингем Форест – Ипсвич
Натпреварите од петтото коло ќе се одиграат на 1 и 2 март.
Спорт
Феенорд го отпушти тренерот два дена пред дуелот со Милан во ЛШ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Untitled-1-21.jpg)
Два дена по убедливата победа против Спарта Ротердам (3:0) и два дена пред дуелот со Милан во Лигата на шампионите, Феенорд му врачи отказ на тренерот Брајан Приске.
По 21 одигран натпревар, Феенорд е петти во поредокот со 39 бодови, 12 победи, четири нерешени и шест порази. Третопласираниот Утрехт има три бода и натпревар помалку од Феенорд.
Во соопштението на клубот се наведува дека одлуката за прекин на соработката помеѓу Брајан Приске и клубот стапува на сила веднаш, а заедно со тренерот клубот го напуштаат и неговите помошници Лукас Бабалола Андерсон и Бјорн Хамберг. Како што е наведено, клубот се надева дека до утре ќе назначи в.д. тренер.
Иако отказот дојде по победата против Спарта, досегашните резултати не беа задоволителни. Феенорд испадна од Купот од ПСВ, а оваа победа над гостите од Ротердам беше прва во последните пет натпревари во кои освои само еден бод во лигата
Во среда, Феенорд го пречекува Милан првиот бараж меч за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите.