Економија
Ковачевски – Рено-Басо: Со одговорен пристап Македонија го штити животниот стандард во услови на енергетска криза

Премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од заменик-претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска оствари средба со претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Одил Рено-Басо. На средбата се дискутира за активностите на Европската банка за обнова и развој во Северна Македонија, како и за можноста за поддршката на ЕБРД преку разни инвестициски проекти во земјата во следниот период.
Ковачевски ѝ изрази благодарност на претседателката на Европската банка за обнова и развој, Рено-Басо, поради активната улога на ЕБРД и посветеноста за поддршка на Владата на Република Северна Македонија во подготовката и имплементацијата на приоритетните проекти.
Во фокусот на средбата беше и енергетската криза. Премиерот Ковачевски ја информира претседателката на ЕБРД, Рено-Басо, дека за Владата на Република Северна Македонија клучно е одговорното однесување во услови на енергетска криза и нагласи дека Владата активно работи во насока на заштита на домашната економија и финансиската состојба на граѓаните.
„Внимателно го следиме развојот на настаните и развиваме соодветни сценарија за можните исходи. Буџетот е ликвиден и реагираме соодветно со буџетските средства со цел да ги надминеме кризните ситуации. Исто така, имаме инструменти, кои можеме да ги активираме за да се адаптираме на поголеми потреси на пазарот“, истакна Ковачевски на средбата со претседателката на ЕБРД. Тој ја информира претседателката на ЕБРД за мерките што Владата ги презема со цел да се справи со енергетската криза, како што се ослободување на ДДВ за електричната енергија за домаќинствата, пониски трошоци за производство на електрична енергија од страна на електраните, финансиска поддршка на ранливите категории граѓани, како и директна финансиска поддршка на домашните државни компании, со цел да се обезбеди домашно производство на електрична енергија.
На средбата се разговараше и за поддршката на ЕБРД во наредниот период, како и за ЕУ-интегративниот процес.
Европската банка за обнова и развој е активна во Република Северна Македонија од 1993 година. До денес ЕБРД има одобрено 167 проекти во износ од 2.504 милиони евра, од кои 86 % од средствата се наменети за проекти во јавниот сектор, а преостанатите се проекти во приватниот сектор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени над 340 милиони денари субвенции за обележани говеда

Денеска се исплатени 341.536.000,00 денари кон 4.144 земјоделци, извести Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Исплатата е извршена по основ на дополнителни директни плаќања за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Се реализираше исплатата на подмерка 2.2 Дополнителни директни плаќања од подмерки 2.1, 2.4 и 2.5 за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои се корисници на подмерката 2.1. од Уредбата за 2024 година и сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко како корисници на подмерката 2.4. од Уредбата за 2024 година или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети запишани во Регистар на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло како корисници на подмерката 2.5. од Уредбата за 2024 година, се наведува во соопштението на МЗШВ.
Економија
Одлука на Народната банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот ќе изнесува 1,75 отсто и во третото тримесечје од 2026 година

Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука да се задржи висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките кон клиенти од земјава на 1,75% од активата пондерирана според ризиците и во третото тримесечје од 2026 година.
Ваквата одлука е заснована на повеќе клучни показатели коишто не упатуваат на остварување на позначителни системски ризици. Беше заклучено дека банкарскиот систем според сите показатели е стабилен, со добра солвентност и ликвидност, ниска стапка на нефункционални кредити и солидна профитабилност. Во исто време се забележува одредено повторно забрзување на растот на цените на недвижностите и на станбените кредити, а понагласени се и ризиците од надворешното окружување. При вакви ризици, но при добра подготвеност на банкарскиот сектор за справување со евентуални шокови, се оцени дека стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот од 1,75% засега е соодветна на макрофинансиските услови и на состојбите во банкарскиот сектор, велат од НБ.
Народната банка и натаму внимателно ќе ги следи системските ризици и ќе ја оценува висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот на редовна квартална основа. Макропрудентната политика на Народната банка, како и досега, ќе биде насочена кон зачувување на отпорноста на банкарскиот систем и спречување или намалување на системските ризици, се додава во соопштението на НБ.
Економија
„Распад на енергетскиот систем: управата со измислени саботажи за РЕК ја покрива сопствената неспособност!“, велат од СДСМ

„После 10 дена од испаѓањето на РЕК Осломеј од мрежа, и најавите на неспособното раководство на ЕСМ дека истиот во рок од 48 часа ќе биде вратен на мрежа, сведоци сме дека РЕК Осломеј сеуште не произведува струја, а неспособното раководство прави неуспешни обиди од неуспешните обиди“, велат од СДСМ.
„Денес, сведоци сме дека после нецела година, неспособното раководство на ЕСМ, секојдневно го упропастува енергетскиот систем со несоодветно управување, цела РЕК Битола не е на мрежа, поради пожар во командниот ормар од нередовно чистење и не одржување, и за да го оправдаат своето неспособно раководење, прават сензации со наводни саботажи и заплашување на вработените.
Може слободно да заклучиме дека токму поради неспособноста на раководството на ЕСМ, оставка си даде и претседателот на надзорниот одбор на ЕСМ и директорот на правниот сектор, не сакаат да бидат дел од бродот што тоне.
Ги повикуваме и останатите членови на Управниот Одбор на чело со Лазо Узунчев да бидат совесни и разумни и навремено да си поднесат оставки, да не го упропастуваат ЕСМ, бидејќи за истото ќе одговараат“, соопшти СДСМ.