Свет
Американскиот суд ја отфрли тужбата против саудискиот принц за убиството на новинарот Кашоги

Американскиот федерален суд во Вашингтон ја отфрли тужбата против престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, со образложение дека тој ужива имунитет пред американскиот суд како актуелен шеф на странска влада.
Окружниот судија Џон Бејтс рече дека не сака да ја отфрли тужбата, но нема избор со оглед на одлуката на администрацијата на Бајден, пренесува „Ројтерс“.
Адвокатите на американското Министерство за правда во поднесокот до судот во ноември наведоа дека администрацијата на Бајден утврдила дека принцот Мохамед, „како актуелен премиер на странска влада, ужива имунитет на шефот на државата од јурисдикцијата на американските судови“.
Со кралски декрет во септември беше решено престолонаследникот од неговиот татко да ја преземе и функцијата премиер, а администрацијата на Бајден најави дека верува дека тој е заштитен од можно кривично гонење во САД, по тужбата против Мохамед бин Салман и другите поднесена од Џенгиз, заедно со организацијата за човекови права „Демократија за арапскиот свет сега“, која ја основа Кашоги.
Кашоги, новинар и истакнат критичар на престолонаследникот бин Салман, беше убиен во саудискиот конзулат во Истанбул во октомври 2018 година. Ријад потоа објави дека поранешниот новинар на „Вашингтон пост“ бил убиен во „нечесна операција“ од агенти испратени да го убедат да се врати во Саудиска Арабија.
Се верува дека бил распарчен, иако неговите останки никогаш не биле пронајдени. Американските разузнавачи заклучија дека престолонаследникот на Саудиска Арабија го одобрил убиството на новинарот кој критички пишувал за суровите методи на принцот Мохамед да ги замолчи оние што ги сметал за ривали или критичари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Во сообраќајка загина поранешен хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо

Во тешка сообраќајна несреќа, што се случи во Карловац, загинаа 2 лица, меѓу кои и поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо, Никола Покривач, јавуваат хрватските медиуми.
Полицијата во краткото соопштение наведува дека несреќата се случила на обиколницата Турањ и дека во неа учествувале 4 патнички возила.
Три лица се пренесени на лекување во медицинска установа.
Свет
Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници

Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници, а посредник во договорот повторно се Обединетите Арапски Емирати, соопштил извор запознаен со преговорите.
Ќе бидат разменети вкупно 492 војници – 246 од двете страни, како и уште 46 ранети украински војници.
За време на војната Русија и Украина со посредство на ОАЕ веќе разменија вкупно 3.233 воени заробеници
Свет
„Вие сте глупави луѓе“: Трамп за Путин и Зеленски доколку ги отфрлат преговорите за прекин на огнот

Американскиот претседател Доналд Трамп ги потврди зборовите на американскиот државен секретар Марко Рубио во врска со повлекувањето од преговорите доколку руската и украинската страна не постигнат договор наскоро.
Трамп понуди помек пристап, велејќи дека Рубио бил „во право“, но во исто време покажа поголем оптимизам во врска со изгледите за постигнување договор.
На прашањето за временската рамка во која САД би можеле да се повлечат, Трамп одговори:
– Нема конкретен број на денови, но сакаме брзо да го завршиме. Ако, поради некоја причина, една од двете страни го отежни тоа многу, ние само ќе кажеме: „Вие сте глупави, вие сте глупави. Вие сте ужасни луѓе“ и едноставно ќе се откажеме. Но се надевам дека нема да мораме“, продолжи тој.
Трамп не сакаше да каже дали е подготвен целосно да ги напушти преговорите или дали ќе продолжи воено да ја поддржува Украина доколку преговорите не успеат.
На прашањето каков напредок би требало да види за да ги продолжи преговорите, Трамп рече дека „ќе мора да види ентузијазам за заклучок“ од двете страни, предвидувајќи дека ќе знае „наскоро“.
– Мислам дека имаме навистина добри шанси да го постигнеме тоа. „Сега сè завршува“, рече тој.
Претходно американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека ако не е можно да се стави крај на војната во Украина, Соединетите Американски Држави треба да се откажат од своите напори и да продолжат понатаму, според написите во светските медиуми.