Забава
Маргот Роби сака романса меѓу Харли Квин и Отровната Ајви на големото платно
Маргот Роби е подготвена да се врати на својата препознатлива улога Харли Квин во филмовите на „Ди-си екстендид јуниверс“ (DCEU), а овој пат сака да ѝ се придружи и љубовницата на Харли, Отровната Ајви.
Во интервју за „Комикбук“, австралиската актерка сподели дека таа веќе долго време се залага романсата помеѓу Харли со Ајви да стане игран филм и се надева дека режисерот на „Одред самоубијци“ Џејмс Ган – кој сега е избран како копретседател и коизвршен директор на „Ди-си студиос“– еден ден ова ќе го пренесе на големото платно.
„Јас се залагам за тоа со години. Не можам да ви кажам колку напорно се залагав за тоа. Тоа би било многу добро“, рече Роби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ретка снимка од Меланија Трамп како зборува словенечки стана вирална
Меланија Трамп повторно стана прва дама на САД. По инаугурацијата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп, ретко видео на кое Меланија зборува словенечки стана вирално на „Тик ток“.
Водителот ја праша дали мисли дека за успехот е потребна среќа, на што Меланија одговорила: „Мислам дека е така, среќата е да се биде на вистинското место во вистинско време“.
Melania Trump speaking Slovenian pic.twitter.com/vmiPrTm05Z
— FLOTUS Report (@MELANIAJTRUMP) January 22, 2025
Во коментарите беше откриено дека ова интервју е од 2000 година, а објавено е во словенечки документарец во 2022 година.
Под видеото се појавија мноштво коментари, особено од луѓе од Балканот.
Забава
(Видео) Како се менуваа технолошките милијардери со текот на годините: од слаб инженер во мускулест џетсетер
Изгледа дека да се биде технолошки милијардер е многу повеќе од само водење компанија – сега треба да изгледате како акционен херој, да учествувате во екстремни спортови или да тренирате како да се подготвувате за борба во кафез. И тогаш ќе завршите на инаугурацијата на американскиот претседател.
Џеф Безос се трансформира од тивок „гик“ во набилдан ќелав човек, а Марк Цукерберг денес изгледа како секој момент дека ќе почне да рапува. Дали се работи за криза на средните години или е само нов тренд кај богатите.
Но, тешко е да не се забележат физичките промени кај Безос, Маск и Цукерберг во текот на годините…
Џеф Безос
Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, ја почна својата кариера во финансии пред да отвори онлајн-книжарница од гаража во 1994 година. „Амазон“ денес е глобален гигант во е-трговија, а Безос е еден од најбогатите луѓе во светот.
View this post on Instagram
Тој се повлече од функцијата извршен директор во 2021 година фокусирајќи се на вселенскиот сектор со „Блу ориџин“. Во меѓувреме, неговиот приватен живот стана тема на таблоидите.
По 25 години брак, Безос се разведе од Мекензи Скот во 2019 година, што резултира со еден од најскапите разводи во историјата. Набргу почна врска со Лорен Санчез, поранешна новинарка, со која ја споделува љубовта кон патувањата, луксузните јахти и вселенските амбиции.
View this post on Instagram
Тема на дискусија стана и неговиот физички изглед – од слаб инженер се трансформира во мускулест џетсетер. Тој често е виден на гламурозни забави и авантуристички патувања далеку од имиџот на поранешниот деловен визионер.
Марк Цукерберг
Марк Цукерберг, основачот на „Фејсбук“ (сега „Мета“), направи револуција во начинот на кој комуницираме. Тој го основа „Фејсбук“ во 2004 година од студентска соба на „Харвард“, а денес „Мета“ води проекти што се движат од виртуелна реалност до вештачка интелигенција. Во слободното време Цукерберг се посвети на џиу-џицу и нуркање со харпун.
View this post on Instagram
Цукерберг 11 години е во брак со Присила Чан, со која има три ќерки. Нивниот живот, иако поприватен од тие на Маск и Безос, често се претставува како балансиран и фокусиран на семејството.
View this post on Instagram
Двојката е коосновач на Фондацијата „Чан – Цукерберг“, која финансира проекти во здравството и образованието.
View this post on Instagram
Сепак, трансформацијата на Марк во спортски тип привлече внимание – од освојување медали на натпревари во џиу-џицу до споделување фотографии од нуркање и тренинзи.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Илон Маск
Илон Маск стои зад „Тесла“ и „Спејс икс“. Тој е познат по своите амбициозни планови за електрични возила, обновливи извори на енергија и колонизација на Марс. Неодамна стана сопственик на социјалната мрежа „Икс“ (поранешен „Твитер“) и е близок соработник на Доналд Трамп.
Личниот живот на Маск е често хаотичен и исто толку драматичен како и неговите деловни одлуки. Тој има 11 деца од три жени, меѓу кои и пејачката Грајмс и поранешната сопруга Џастин Маск. Маск исто така ги користи своите објави на „Твитер/Икс“ за јавно да разговара за сè, од политика до лични расправии, со што приватниот живот му е неразделен од неговиот деловен бренд.
Забава
(Видео) Пресврт во конфликтот Балдони – Лајвли: снимка открива што навистина се случило на снимањето
Расправијата помеѓу Џастин Балдони и Блејк Лајвли може да добие неочекуван пресврт. Дејли мејл доби снимка на која Балдони и кажува на актерката дека „мириса убаво“, што таа го наведе во тужбата како реплика поради која се чувствувала непријатно, но се чини дека тоа било заедничка шега за време на снимањето на интимна сцена за филмот „Завршува со нас“.
На снимката се гледа целата „контроверзна“ сцена за време на снимањето, без музика, а се слуша и разговор. На видеото се гледа и како Блејк охрабрува разговор и му вели на Балдони дека „подобро е ако разговараат за гледачите да се запрашаат за што се работи“.
Балдони во еден момент се пошегувал дека неговата брада ќе и пречи на Лајвли, на што таа одговорила дека мисли дека Балдони ќе мириса на нејзиниот спреј за тело. „Убаво мириса“, прокоментирал Балдони, а двајцата потоа го продолжиле разговорот што наводно го воделе за своите партнери.
На видеото се гледа и како Балдони ја потпира главата на Лајвли, на што таа се насмевнува. Тој навистина го наведна своето лице на нејзиниот врат, но многумина сега тврдат дека снимката открива дека Блејк сфатила дека станува збор за глума. „Добро, рез, имаме доволно“, извикал во еден момент Балдони.
Снимката наводно била проследена од адвокатот на Балдони, Брајан Фридман, како и неговата продукциска куќа Wayfarer. Многумина веруваат дека ова покажува како Блејк Лајвли ги „надувала“ своите наводи за сексуално вознемирување, кои ги упати против Балдони кон крајот на декември.
Сепак, адвокатскиот тим на актерката набрзо проговори за се. „Џастин Балдони и неговиот адвокат можеби се надеваат дека ќе ги спречат доказите против него со ова, но видеото е инкриминирачко. Секој кадар од објавената снимка го потврдува, збор до збор, она што г-ѓа Лајвли го опиша во став 48 од нејзината жалба“, изјави тие за Дејли.
Тие тврдат и дека Балдони импровизирал сè без согласност и дека на снимањето немало координатор за интимност. „Секоја жена што некогаш била допрена несоодветно ќе препознае дека на г-ѓа Лајвли и е непријатно“, истакнаа тие.
Blake Lively is responding to 'It Ends With Us' footage released by Justin Baldoni's lawyer, Bryan Freedman, in an effort to clear his client's name of some of Lively's sexual harassment claims.
In a statement to ET, Lively's legal team calls the video "damning" towards… pic.twitter.com/YL8j9Jnyoe— Richard Irakoze (@dean_irak) January 22, 2025
Обвинувањата на актерката датираат уште пред почетокот на снимањето. Меѓу нејзините тврдења е дека Балдони „вметнал импровизирана непотребна сексуална содржина и/или сцени кои вклучуваат голотија во филмот на многу вознемирувачки начини“ пред снимањето. Дополнително, во тужбата се наведува дека Балдони „импровизирал бакнежи и се распрашувал за сексуалниот живот на Блејк“. За време на интимните сцени кои влегоа во последното сценарио, Балдони, тврди таа, „импровизирал физичка интимност која не била вежбана или дискутирана со Лајвли“.
Justin Baldoni is suing Blake Lively, Ryan Reynolds, their publicist and her PR firm for $400 million, alleging defamation & extortion over the ‘It Ends With Us’ situation. pic.twitter.com/LHQjXQAHEz
— Pop Crave (@PopCrave) January 16, 2025
Балдони потоа ги тужеше Лајвли и Рајан Рејнолдс, тврдејќи дека тие го присвоиле неговиот филм „Завршува со нас“ и се обиделе да го уништат со лажни обвинувања за сексуално вознемирување. Во тужбата од 179 страници, Балдони и неговите ПР експерти ги обвинуваат Лајвли и Рејнолдс за уцена, клевета и нарушување на приватноста. Во тужбата се бара отштета од најмалку 400 милиони долари, пишува Variety.