Македонија
ЛДП: Правдата во Македонија има потреба од повеќе истраги, постапки за да покажат дека никој не е над законот
Амбасадорката на САД Анџела Агелер има искуство со Македонија и веројатно гледа дека правосудниот систем се уште не е променет и покрај бројните забелешки. ЛДП нема да дозволи неказнивост на поединци, политички и економски недопирливи моќници, кои се богателе на грбот на државата и граѓаните. Секоја одговорност мора да има име и презиме, вели претседателката на ЛДП Моника Зајкова.
– Борбата против корупцијата е во фокусот на меѓународната заедница, САД носи засилување, а тоа е најдобриот начин да ги надминеме незадоволството и разочарувањето, особено меѓу младите од селективната правда и нееднаквите можности за сите. Правдата во Македонија има потреба од повеќе објективни и ефикасни постапки кои ќе покажат дека никој не е над законот. Промени мора да има. Борбата против корупцијата треба да ја водат и граѓаните и институциите – истакна Зајкова.
Како што додаваат Зајкова степенот на демократија во секоја држава е еднаков на способноста да овозможи доследно владеење на правото, што е врвна либерална, европска вредност. Криминалот и корупцијата ги поткопуваат државните темели, ги доведуваат во прашање демократијата и владеењето на правото, го загрозуваат квалитетот на секојдневниот живот. Иако знаеме дека борбата со корупцијата не е лесен процес, ЛДП ќе биде најгласниот протагонист во власта за ефикасно справување со корупцијата и стимул во обезбедувањето на стабилност и економски развој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

