Македонија
Кирил Лазаров: Македонија и Бугарија имаат сериозен проблем, а тоа е корупцијата и само таа не смее да нè обединува
Најголемиот проблем за бизнисот освен дневна политика е корупцијата, истакна претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора на денешниот бизнис-форум во организација на Македонија и Бугарија.
Кирил Лазаров беше и модератор на првата панел-дискусија во која зедоа збор Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора на Северна Македонија, г. Пламен Павлов, претседател на Бугарско-македонската стопанска комора, г. Дрилон Исени, извршен директор на Стопанската комора на северозападна Македонија, Хајрула Мисими, директор на Агенцијата за претприемништво на Северна Македонија и д-р Бојко Таков, извршен директор на бугарската агенција за промоција на мали и средни претпријатија
Дел од говорот на Кирил Лазаров, долгогодишен стопанственик и сопственик на „Никоб групацијата“
Дали имаме сила и знаење ние бизнисмените од двете држави да ја согледаме реалноста и да ја прифатиме новата економско-енергетски светски поредок? Дали можеме од едно да направиме две, дали од еден пазар да направиме два, дали сакаме од еден профит да направиме два. Наша задача е да умножуваме, а не да делиме. Изминатиов период и годините што изминаа беа исполнети со големи проблеми заради тоа што поминувавме од криза во криза, почнувајќи од кризата со короната, па имавме криза со економијата и енергијата, а денеска живееме и со криза која настанува како рефлексија на она што се случува со големата војна во Европа.
Пазарите на кои ние како држави сме премногу зависни од енергија, од нови пазари, несвојствени миграции од исток кон запад се исклучително тешки предизвици и за најголемите економии. Запрени се традиционалните извори на енергија, прекинати се синџирите за снабдување, намалена е побарувачката, а на светот во периодот што следува во најава е и голема криза со храната.
Сето ова упатува и на заемна и итна соработка. Паметно инвестирање преку рационализирање, интелигентно и бескомпромисно штедење, но и прецизно насочување на капиталот и инвестициите ќе бидат потезите кои ќе бидат пресудни и тука и насекаде.
![]()
Видовме дека имаме потенцијал да создадеме и креираме трговска размена од една милијарда и во светло на тоа и тука и во светот се теми како регионалната соработка, цели за одржливост, регионални предизвици и можности, трансформација во дигитални економии, олеснување на условите за водење бизнис, како и справување со енергетска криза и пристапот на земјите од регионот кон кризата или поточно од денешна перспектива пристапот на двете земји кон кризата и креирање нови можности.
Имаме огромно поле за соработка, дали тоа би било во туризмот, културата, образованието, во енергијата и ИТ-индустријата е прашање на приоритети.
Потребно е забрзано да работиме во целосно заокружување на Коридорот 8, гасните поврзувања, новите гранични премини, новите експресни патишта и железничките поврзувања. Тврдам дека тогаш ќе имаме конкурентни економии и силен економски раст кој ќе биде блокатор младите да се престанат да иселуваат од двете држави
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

