Забава
(Видео) Селин Дион боледува од ретка невролошка болест

Познатата пејачка Селин Дион објави дека боледува од ретка невролошка болест – Синдром на вкочанета личност. Таа веќе некое време страда од мускулни контракции, поради што ѝ е отежнато безбедното стоење или движење. Поради ова пејачката откажа бројни турнеи и сега реши да им се обрати на своите фанови ширум светот.
Селин објави видео на својот профил на Инстаграм и откри дека боледува од ретка невролошка болест која погодува еден човек од милион луѓе во светот.
„Поздрав на сите. Извинете што ми требаше толку долго да се вратам кај вас. Многу ми недостигате сите и едвај чекам да разговарам со вас на сцената. Не бев подготвена да кажам што било претходно, но сега сум подготвена. Имам здравствени проблеми долго време и ми беше многу тешко да се соочам со предизвиците и да зборувам за сето она низ кое поминував“, започна пејачката и додаде:
„Неодамна ми беше дијагностицирана ретка невролошка болест наречена „Синдром на вкочанета личност“, која погодува еден човек од милион луѓе. Иако сè уште учиме за оваа ретка болест, сега знаеме што ги предизвикува грчевите што ги имав“ рече таа.
Селин Дион истакна дека откажала осум концерти закажани за летото 2023 година.
Оваа болест се карактеризира со вкочанетост на мускулите во телото и зголемена чувствителност на бучава, допир и емоционален стрес. Тоа предизвикува грчеви во мускулите, како што објасни ПР тимот на пејачката во соопштението.
Селин во последно време страда од мускулни контракции, поради што не може нормално и безбедно да се движи низ сцената. Бидејќи е во рацете на експерти, веруваме дека наскоро ќе се опорави и ќе се врати на она што најмногу го сака – концертите, беше речено.
Најтешката форма на болеста резултира со целосна блокада на движењето и ги оневозможува моторните вештини и говорот. Не постои лек, но има третмани кои можат да ја забават прогресијата на болеста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
AERO Street Food Festival 2025 – паркот „Авионче“ ќе биде центар на уличната гастрономија и на музиката

Од 5 до 8 септември, во паркот „Авионче“, општина Аеродром ќе се одржи првиот AERO Street Food Festival, настан кој ќе ги обедини најдобрите улични гастрономски брендови со урбана музичка програма и забавни активности за сите генерации, а влезот ќе биде бесплатен.
Гастрономската понуда ќе опфати храна од 4 кујни, А-американска, Е-европска, Р-регионална и О-ориентална. Посетителите ќе можат да дегустираат богат избор на специјалитети – од интернационални улични вкусови до автентични традиционални јадења. А покрај тоа ќе имаат можност да уживаат во извонреден избор на пијалоци по екслузивно достапни цени.
Фестивалот ќе се одржува секој ден од 17:30 до 00:30 часот и ќе понуди настапи на реномирани изведувачи: Рингтонс, Southpark, Breakdown band, Goce SAF, Dj Aleksandar Jordanov, DJ Marko, DJ Micov, DJ Shime, DJ Mono, DJ Foodieman, DJ Guardian и DJ Fico.
Понудата ќе биде составена од над 12 познати брендови за храна, меѓу кои: Jojo’s BBQ, Oljo’s, Fat Kitchen, Sorelle Focaccia, Lora’s Sushi, Bistro 64, 15 за 12, Milkey, Destan, Smash Burger, La Pizza, Ноа Гирадико и други.
Покрај музиката и храната, фестивалот ќе понуди и интерактивни предизвици за публиката, вклучувајќи натпревари во најбрзо јадење, квизови, трки и други интерактивни забавни активности со награди. Настанот ќе се реализира со поддршка од Општина Аеродром.
„Нашата цел е да создадеме настан кој ќе ги поврзе луѓето преку храната, музиката и заедничките моменти. AERO Street Food Festival е локална приказна по светски стандарди и ќе биде празник на вкусови, звуци и позитивна енергија“ – изјавија организаторите.
Забава
Пет митa за убавина во кои сè уште веруваме, а треба да престанеме

Во светот на убавината митовите се шират побргу од новите трендови на „Тик-ток“. Време е да ги разбиете и да ѝ дадете на вашата рутина за нега на лицето и телото малку повеќе слобода.
И додека некои од овие митови за убавина што ни се пласираат секој ден и во кои слепо веруваме затоа што звучат логично или дури и научно, вистината е дека многу од овие п„равила“ повеќе нè попречуваат отколку што помагаат.
Првиот и веројатно најупорен мит е дека поскапите производи секогаш значат подобра грижа
Иако луксузните брендови често нудат премиум-пакување и посебен мирис, ефикасноста на производот зависи првенствено од состојките и од нивната концентрација, а не од цената. Понекогаш наједноставниот крем од аптека дејствува еднакво добро, ако не и подобро, од оној што чини неколкупати повеќе.
View this post on Instagram
Друг тврдоглаво прифатен мит е верувањето дека за мрсната кожа не треба да се користи масло
Всушност, квалитетните растителни масла може да помогнат во регулирањето на себумот и во намалувањето на воспалението, а прекумерното сушење на кожата честопати има спротивен ефект – кожата произведува уште повеќе масло за да се заштити.
Третиот мит е дека повеќе чекори во вашата рутина за нега на кожата значат подобра нега
Инспирирани од корејските програми од 10 чекори, многумина почнаа да натрупуваат производи, но дерматолозите сè повеќе предупредуваат дека премногу слоеви може да ја иритираат кожата, особено кога се комбинираат силни активни состојки. Понекогаш минимализмот во негата на кожата носи најдобри резултати.
Четвртиот мит е верувањето дека ако некој производ пече или затегнува, тоа значи дека дејствува
Ова чувство често доаѓа од иритација, а не од длабинско чистење или активирање. Кожата што пече или се чувствува претерано затегната, испраќа сигнал дека нешто не е во ред, а игнорирањето на овие знаци може да доведе до трајно оштетување на бариерата на кожата.
View this post on Instagram
Петтиот, и можеби најпопуларен мит, е дека природното секогаш значи безбедно
Иако многу природни состојки се прекрасни, фактот е дека дури и целосно природните супстанции може да предизвикаат сериозни алергиски реакции или иритација. Арсенот и отровниот бршлен се исто така природни, но ние не ги нанесуваме на лицето. Клучот е во докажаните формулации и во безбедните концентрации, а не во етикетата „100 % природно“.
Разбивањето на овие митови не значи дека треба да се откажеме од пронаоѓањето на она што најдобро функционира за нас. Напротив, кога ќе ги отстраниме слоевите на заблуди, има простор за информиран избор, поедноставни рутини и нега на кожата што се базира на докази, а не на маркетинг. Убавината е во крајна линија повеќе од само производ – таа е за тоа како се чувствуваме во врска со себе.
фото: принтскрин
Забава
Од вечерва кино на отворено во Кисела Вода

И ова лето паркот „Македонија“ кај Домот на култура „Билјана Беличанец“ ќе се претвори во филмска сцена под отворено небо.
Од вечерва, 21 август, до 24 август, Општина Кисела Вода во соработка со „Киноверзум“ ДООЕЛ Свети Николе, „Кинотека на Македонија“ и Францускиот институт во Скопје ќе донесе богата програма за различни возрасти и вкусови – од анимирани и детски содржини, преку франкофонски и македонски остварувања, до наградувани документарни приказни.
Програма:
21.08.2025(четврток)
Вечер на ,,Киноверзум ”
20.00- Игран филм за деца,,Бунтовната принцеза( синхронизиран на македонски јазик)
21.30-Филм посветен на Марија Калас-,,Марија”
22.08.2025(петок)
Франкфонска вечер
20.00 Цртан филм,,Каламити”
21.30 Игран филм,,Повторно родена”
23.08.2025( сабота)
Македонска вечер
20.00- Блок краткометражни играни филмови за големи и мали деца
,,Ракетно моделарство”
,Баскет”
20.45-Македонски филм,,ДО БАЛЧАК”
24.08.2025( недела)
20.00- Анимиран филм за јунаците од светот на Биби „Златната пеперутка“
21.30- Македонски документарен филм „Медена земја“