Свет
(Видео) Момче падна во бунар во Индија, спасувачката акција трае речиси 2 дена
Акцијата за спасување на осумгодишното момче кое пред речиси два дена падна во тесен бунар во Индија се уште трае. Тамошните медиуми јавуваат дека момчето Танмај Саху е во бунарот веќе 38 часа.
Несреќата се случила во централната држава Мадја Прадеш додека момчето си играло со пријателите. Официјалните лица велат дека тој е заглавен на длабочина од околу 17 метри, а спасувачите се во трка со времето за да му го спасат животот и да му испратат кислород.
#watch An 8-year-old boy named Tanmay Sahu fell into a borewell in Mandvi village of #MP; SDRF, Home guard, & Police teams are at the spot#MadhyaPradesh #Betul #Borewell #Kid #Borewell #Rescue pic.twitter.com/zQolwCYttb
— Harish Deshmukh (@DeshmukhHarish9) December 7, 2022
Бунарот во целост е длабок околу 120 метри.
Окружниот судија Шјамендра Јаисвал изјави за новинската агенција АНИ дека можеби ќе бидат потребни „уште неколку часа“ за да се спаси детето.
„Трае подолго од очекуваното бидејќи има камења внатре“, рече Јаисвал. Поради недостиг на вода, земјоделците во Индија поставуваат бушотини, длабоки бунари ископани во земјата за да извлечат вода, за наводнување. Меѓутоа, откако овие бунари ќе пресушат, тие се напуштени и откриени, што претставува сериозна опасност за минувачите, особено за децата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ИДФ: Петмина израелски војници загинаа, седум се ранети во „пријателски оган“
Петмина израелски војници беа убиени, а седум други беа ранети, од кои тројца потешко, вчера во Џабалија во северниот дел на Газа, кога израелски тенк испука гранати врз нив, по погрешни проценки дека се работи за непријателски сили, соопшти израелската армија.
Според прелиминарната истрага на ИДФ, тенк кој дејствувал заедно со падобранци во кампот Џабалија истрелал две гранати врз зграда во која биле сместени војници во 19 часот по локално време, пишува Тајмс оф Израел.
Тенковите сили пристигнаа во областа во раните утрински часови во средата, а неколку часа подоцна, падобранци пристигнаа во областа и зазедоа позиции во зградата.
Свет
Словачкиот премиер Роберт Фицо повеќе не е во животна опасност, изјави вицепремиерот
Словачкиот премиер Роберт Фицо повеќе не е во животна опасност откако вчера беше застрелан повеќекратно во обид за атентат, изјави вицепремиерот.
Томаш Тараба за Би-Би-Си изјави дека операцијата на Фицо поминала „добро“ и дека на крајот се очекува да преживее.
Претходно министерот за одбрана изјави дека Фицо „се бори за живот“ откако беше тешко повреден во нападот во градот Хандлова.
Осомничениот е уапсен на местото на престрелката.
Министерот за внатрешни работи, Матус Сутај Естока, го опиша како политички мотивиран обид за атентат.
По пукањето, Фицо итно бил пренесен во болница и поминал неколку часа на операција „борејќи се за својот живот“, рече министерот за одбрана Роберт Калинак, кој зборуваше на прес-конференција пред болницата во која Фицо се лекуваше.
Оттогаш нема официјално ажурирање за состојбата на премиерот, но неговиот заменик изјави за Би-Би-Си дека г-дин Фицо „во моментов не е во животна опасност“.
„Колку што знам, операцијата помина добро и претпоставувам дека на крајот ќе преживее“, изјави Тараба.
Тараба додаде дека премиерот бил застрелан „од непосредна близина“ и дека „еден куршум поминал низ стомакот, а другиот го погодил зглобот“.
Свет
Атентат на Роберт Фицо: Министерот за полиција бара свикување на Советот за безбедност на Словачка
Словачкиот министер за внатрешни работи Матус Шутај Ешток денеска ќе побара од вицепремиерот Томаш Тараба да го свика Советот за безбедност на Словачка, по атентатот на премиерот Роберт Фицо.
Министерот за внатрешни работи информираше дека ќе ја зајакне заштитата на политичарите и одредени медиуми, пренесува словачки та3.
Министерот ова го изјави на прес-конференција во болницата каде Фицо беше опериран по вчерашниот атентат во градот Хандлови, во кој беше тешко повреден кога 71-годишниот напаѓач го удри со неколку истрели од непосредна близина.