Македонија
Општина Кисела Вода донираше инвалидски колички за лицата со попреченост
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес го посети Дневниот центар за окупациона терапија за лица со попречености, кој функционира во месната заедница во Црниче, раководен од Центарот за младинскиот активизам “Крик”, поддржан од Општина Кисела Вода. За лицата со попреченост кои тука го минуваат својот ден, тој донираше инвалидски колички, што за нив значат можност за поголема мобилност и полесно извршување на секојдневните активности со што им се обезбедува и поголема вклученост во сите општествени процеси.

Processed with VSCO with preset
„Денешната донација за лицата со попреченост е само уште една потврда за насоката кон кој Општина Кисела Вода се движи, градејќи средина во која сите наши граѓани живеат подобро, со посебен акцент врз лицата со попреченост кои години наназад беа оставени на маргините. Инвалидските колички за овие лица значат можност за поголема мобилност и полесно извршување на секојдневните активности со што им се обезедува и поголема вклученост во сите општествени процеси. И самиот мултифункционален центар раководен од “Крик”, каде ја оствруваме денешната донација, е отворен и функционира со поддршка од Општина Кисела Вода“, нагласи Ѓорѓиевски.

Processed with VSCO with preset
„Со оглед на тоа што Крик” е младинска организација која во својата работа ги вклучува и поддржува лицата со различни видови на попреченост, Општина Кисела Вода директно учествува во унапредувањето на условите за овие лица и нивна целосна инклузија во општеството“, додаде тој.

Processed with VSCO with preset
„Секако, тука се и другите бројни проекти на оваа локална самоуправа кои веќе цела година ги рушат барирерите за лицата со посебни потреби: градењето на пристапни рампи, на сензорни соби, отворањето и финансирањето на клубот за деца со церебрална парализа, донирањето на книги напишани на Брајово писмо за библиотеката на дечињата со оштетен вид од ДУРМДОВ ,,Димитар Влахов”, како и реконструкцијата на објектите и нивната адаптација за да бидат функционални за овие лица, нешто што во целост го постигнавме во ООУ Кузман Јосифовски Питу, кое сега е првото целосно инклузивно основно училиште во Скопје“, изјави Ѓорѓиевски при денешната посета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 23 часот и 10 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на околу 150 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Битола, Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Земјотрес во Охрид
Земјотрес со епицентар во Грција е почувствуван во Охрид и околината, вечерва во 19 и 50 часот.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.7“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, пополнете го прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или јавете се на 112.
Македонија
Андоновски на состаноци во Стејт департментот: Соработката во областа на сајбер безбедноста и дигитализацијата во фокусот
Во рамки на работната посета во Вашингтон, денеска се реализираат работни средби во Стејт департментот на САД. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, утринава оствари работна средба со Russ Headlee, Senior Bureau Official (SBO), прв човек на Бирото за Сајбербезбедност и дигитални политики на Стејт Департментот на САД.
„На средбата беше потврдена заедничката определба за унапредување на билатералната соработка меѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави во областа на дигиталната трансформација и сајбер безбедноста. Разговорите се фокусираа на продлабочување на соработката во клучни области: сајбер безбедноста и дигиталните политики; привлекување на инвестиции од САД во областа на дигитализацијата и сајбер безбедноста; доверливо поврзување на институциите и безбедна инфраструктура; отпорност и доверба“, соопштија од Министерството.
Дополнително, во рамки на дискусијата биле опфатени и прашања поврзани со јакнење на капацитетите помеѓу партнерските влади, размена на експертиза, како и јавно-приватна соработка во доменот на сајбер безбедноста, со цел развој на безбедни и доверливи дигитални јавни услуги и заштита на критичната дигитална инфраструктура.
„Дигиталната трансформација мора да оди рака под рака со сајбер безбедноста и довербата во технологијата. Соработката со Стејт департментот и со Бирото за сајбер безбедност и дигитална политика е значаен чекор за зајакнување на нашите капацитети и за побрза модернизација на јавните услуги“, истакна министерот Андоновски.
Во продолжение на работната агенда, заедно со македонската делегација предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, министерот Андоновски оствари средба и со Daniel J. Lawton, заменик помошник секретар во Стејт департментот.
Според Министерството, оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на соработката, градење институционални капацитети, размена на експертиза и меѓусебна поддршка помеѓу Македонија и САД.
Средбите завршија со договор за наредни чекори, вклучително и утврдување приоритетни области за соработка и редовна комуникација меѓу тимовите, со цел подготовка и реализација на конкретни активности и проекти во претстојниот период.

